Па викам дане треба да се иде да се вади, јас во сите нервози со раната таму мн немав време да ги прашам, слушнав од цимерката нешто збореа пред испис. Викам ај да видам искуство. Ти се смири црвенилото одкако падна?
I mene vo plodnost mi rekoja sami deka ce padnat ama jas si otidnav tuka na hirurgija cisto onaka da mi ja vidat ranata i mi go trgnaa konceto. Samo na ednata strana imav na krajot
Да, баш ова беше пред контролата на 6 недели. Го прашав докторот што ме оперираше, рече нормално е црвенилото. Само кај конецот што беше на таа страна имав црвенило.
Мене страв ми е од ставањето на анестезијата да се скупчам пак така во фетус положба и помислата дека не функционираат нозете некое време. Другото ми беше лесно. Се надевам и овој пат ќе е така
Мене ми падна околу 4-5 недела. Можда ќе го извадат ако одиш, ама немаш потреба реално, ќе си падне сам и онака
После царски рез до кога се препораките да не се крева тешко, работи низ дома физичка работа, и дали има и друго нешто што не е дозволено и до кога?
Јас првиот пат се водев по тоа да не кревам потешко од бебето. Како што растеше така зголемував килажа за кревање. Од хирурзи препорака е еден до два месеци да не се крева тешко. За работа низ дома све си работев од прв ден.
Здраво, од кога смее бричење кај раната? Еден месец и неколку дена сум и утре сум на преглед незнам дали смеам да се средам
Прв пат царски па малку сум исплашена. Во петокот попладне се породив, денес скоро 5ти ден, нормално ли е ранава да ме боли при станување, седнување, не можам домашни обврски да вршам, да се наведнувам, ај за тешко знам дека не смеам да кревам и остали работи, ама болкава ќе помине ли некат?! Таму првите 3 дена ми даваа за болка последниве 2 не, можам ли нешто да пијам? Се движам ама мн бавно, не сум навикната вака, тешко ми е, па и си викам дали е се во ред Во болница повеќе доктори ја гледаа ранава, рекоа ок е, вадење конци за една недела.
Леле какви обврски, седи мирна. Едвај до тоалет одев. Ме болеше до 40 дена, и после на некои движења, напрегања. Ден денес после 10 месеци кога се преморам ме боле. Јас мислам дека пиев Рапидол С, ненормално ме болеше и вратот и раната. 2-3 пати се напив. Јас се средив за тој преглед на 40 дена. Се депилирам со години, ми беше страв тогаш влечење со восок и се избричив, се покајав 100 пати. После ненормално болеше со восок пак.
Не брзај. Ќе помине ти гарантирам. Особено по вадење на конците со сигурност ќе помине. Ако доиш кетонал и ибупрофен можеш да пиеш за болката. Има едни парафен се многу добри за болка и се дозволени во доење. И не се форсирај, НЕ мора и НЕ треба баш ти да работиш моментално со ништо друго освен со бебето.
Баш пишав и пред некоја недела не знам кој имаше прашано, дозволете си доволно време да се опоравите, тие 40 дена не се само за бебето, можеби повеќе се за мајката искрено. Дома ништо нема да се случи па и цел месец ако не е избришана прашина. Ако имаш некој да ти помогне малку за зачисти мајка, баба, тетка, свекрва, користи помош максимално. Но пред се одмарај колку што можеш. Да, треба да се движиш ама не да чистиш и усисаваш и што и да е ако не се осеќаш добро. Секој има различен праг на болка и му треба повеќе или помалку време за да оздрави. Мене првите 3 пати маж ми ме бањаше, толку бев здрвена, од шоља не можев да станам што се вика. Дури по 2 недели почнав да се осеќам подобро ама освен за себе и бебуш друго не правев. За болки мислам парацетамол смее само, барме малку ќе ја намали болката.
На домашни обврски на почетокот не ни помислував. Само бебе си гледав. Нормално е да боли, мене најмногу на станување ме болеше. Не можев убаво раце да кренам косата да си ја измијам и газ да избришам (извинете што сум вака директна ). За болки бруфен и кетонал. На почетокот како подгрбавена бев додека одев. Движи се, ама не да работиш.
Нема што да извиниме, реалност е тоа. Исто скроз исто, ја некат и стоејќи мочам не знам дали смеам ранава да ја превиткувам имам као малку стомак и ми се преклапа Исто подгрбавена леле, викам аман што се деси, не се препознавам..ја така жива темпераментна сега шок. Исто за спиење на страна не можам да се завртам ме боли... Фала, ме подсмиривте малку
Така е во право си скроз. Цимерката со царски од трет ден доење, станување, бањање се праеше у соба, ама убаво кажа секој има различен праг на болка и треба да се слуша сам себе а не да оди против себе. Јас успевам да се мијам коса, туширам ама мочам стоејќи, некако ми е страв да не ми се преклопува ранава со стомакот, често Помош имам од мајка ми, каде ќе постигнам и дома и со другото дете нема шанси, убаво си размислив Него болкава ме исплаши викам ќе помине ли...нормално ли е