Супер. Како и претходните два пати. Цел тим имаш на пораѓај, постојано комуницираат со тебе што следи. Те прашуваат како си, после операција си на имтензивна нега, апсолутно им верувам и ми е драго што ниеден пат не ми ја изневериле довербата. После интензивна на гушкање со бебе и сѐ забораваш што било
Najnapred cestitki za bebeto, da vi e zivo i zdravo. Mozes da ni gi objasnis cekorite od priem vo bolnica, sto kako ti pravat i dali e bolno ( ti pravea li i pregled so raka), koj doktor te poragase i dali posle toa te bolese i ranata, fala ti
И мене ме интересира искуство дали помагаат при започнуање на доење. Дали според вас е значајно кој др ке го изведе царскиот рез(бидејки има многу со позитивни искуства, а и од др страна многу нргативни)
Ако царскиот ви е договорен, најчесто се договарате со докторот да дојдете ден претходно, а операцијата се закажува нареден ден најчесто од сабајле. Пред операција разговарате со анестезиолог и ви ги објаснува сите можности, потпишувате документација согласности и сл, правите детални крвни анализи (дел се од пакетот) во лабораторија на систина. На денот на прием ви ставаат канила. На денот на операција ве припремаат за родилна сала. Уште еднаш согласности документи, ви даваат што да облечете, сапун со кој да се истуширате задолжително пред операција, сестра ве проверува доле дали сте детално издепилирани (во спротивно они би ве средувале да нема влакненца, исто и стомакот го гледаат да нема), клизма и после чекате да ве повикаат во сала. Проверка со рака на закажан царски сум немала ама немав ни контракции. За првото дека отидов со контракции и отворена 2 прста ме проверуваа цело време. Јас бев со спинална сите 3. Во сала има двајца анестезиолози. Едниот ја става а другиот асистира дека треба да се во специфична позиција (како целосно згрбавени). За време на операцијата чувствувате скоро сѐ, но не чувствувате болка. Има сестра покрај вас која ви збори, анестезиологот, педијатарот е исто во сала. Последниот царски Палчевски ме породуваше и постојано кажуваше што следи, што искрено е супер. Зстоа што пред вас има како зелено огромно платно ништо не гледате. Откако ќе заврши ве носат на интензивна, тука можете и тел да побарате да се јавите по дома дека сѐ е во ред. После ве носат во соба и тука ви го носат и бебчето По завршувањето на анестезијата, болката на местото на резот е присутна, но се контролира со лекови против болки (преку инфузија). Дури наредниот ден доаѓаат сестри да ви помогнат да станете, до тогаш цело време сте во кревет. Станувањето знае да биде зезнато, но понатаму колку повеќе се движите станувате, толку побрзо и полесно ќе поминува болката. На креветот има копче кое е за да дојде сестра за што и да треба, а за неонатологија и што и да е поврзано со бебето има телефон.. доаѓаат веднаш. Во тек на цел престој постојано сте згрижени, сите се пре пре љубезни, што и да кажете побарате ви е удостоено, грижата за вас за бебето е нешто што не направило во ниедна секунда да се двоумам дали да идам на трет царски или не. И никогаш не би ја заменила систина. Стварно цените рипаат постојано, ама и услугата им е подобра. Имаат човек за сѐ, буквално една жена доаѓа да донесе чиста спавача да дополни улошки гаќи што и да треба, друга за џогирање под, трета за чистење вц… постојани визити проверка на бебе, проверка на вас на раната, психолог да ве праша како сте, менаџер на оддел да праша дали има некаков проблем и дали нешто ви недостига (не претерувам). јас имам три успешни доенечки приказни, сестрите постојано доаѓаат помагаат, покажуваат. Мој совет е да барате бебето да биде почесто кај вас и постојано на града. И да немате млеко од одма, имате колострум а на малото желудниче за бебето тоа е доволно. Постојаното ставање на града ќе ви помогне побрзо да ви надојде млекото, дека со царски знае и до 5 дена да не дојде. За крај, со третиов царски во систина имав огромен апартман во кој бев сама, имавме вечера со партнерот организирано, фризер (ова го има по дифолт) и имав 30% попуст на цела сума. Може звучи смешно сѐ ова, ама вакви глупости и внимание посебно пост партум знаат да направат разлика.. посебно кога си со хормони хаос, измешани чувства, болка од операција, негата и грижата што ја добиваш таму е онака essential.. докторот е битен да, мора да му верувате на докторот да имате чувство на сигурност..
Дали помагаат за доењето? Јас ке се породувам во систина со царски првпат па ме интересира дали помагаат во тој дел? И дали одма откако ке те префрлат во соба ти го носат бебето?
Да, помагаат цело време, покажуваат како, форсираат, ставаат на града.. на мое барање и навечер ме будеа за доење за побрзо да ми надојде млеко. Ако немаш млеко, прво го носат да проба да цица па после даваат дохрана ако треба.. Да, одма штом те однесат во соба го носат и бебето.
Здраво породена сум пред 5 месеци со царски рез.Од вчера имам болки во кичмата денес и под раната јаки болки?Дали е нормално или не?
Дали има некоја со втор царски во Систина што се породила, кога ви го закажаа? Со првото се породив 38+5, па сега се прашувам отприлика кога би бил терминот
Мене вториот царски ми беше точно на термин на датум, вториот во 38недела (затоа што плодовата вода како да ми беше намалена и одма ми го закажаа). Претпоставувам следат цело време ситуација, контракции итн. Најважно бебето да е целосно развиено, ако нема никаква друга потенцијална компликација..