Од царски после колку време добивте Јас точно еден месец крварев ми прекина десет дена немав ништо и точно на 40 дена почнав да крварам свежо црвена крв незнам дали е можно толку бргу да имам добиено понеделник секако ке посетам гинеколог Со првиот царски добив после 5 месеци
Мене пред 16год ме шиеше доктор па резот мине како NIKE ✓ најверојатно причината е истото што Јованти го објасни погоре со затегнатиот конец , а кај мене правеа и дренажа ,гноеше на едната страна ,тоа болеше бетер од првото станување .... @Yowannty не сум сеуште породена, сеуште така потајно се надевам дека можеби, ете можеби некако ќе избегнам царски. Нема кај нас тоа што раскажуваш за Германија ... ама ако бидам царски,ќе си барам јас упорно ,може ќе ми угодат
Дали има некоја мајка што се породила со царски се е супер, утре е последен ден пред да си одиме а јас си правам блокада за идењето во вц Блокирам и не можам да си отидам нормално, па ми рекоа би отишла без проблем со чепче ( се надевам ќе успее). Дали некоја имала слична мака Од целиот процес тоа ми искочи како најголем стрес
Стави чепче слободно не се плаши. Мене ми беше страв од напонот да не ме боли раната. Ми дадоа нешто како лаксатив во болница а дома пиев lactulose сируп.
Дада и мене ми е тоа блокирам психички од страв од напонот за раната, дури гасовите ги враќам од страв ( иаку има многу после царски). Ми рекоа чепче или плус некаков друг лаксатив да не сум се секирала не сум единствена Се надевам лаксативот помага кај сите За дома е полесно после хаха
Здраво, само што дознав дека сум бремена, трет царски ќе ми биде. Дали може искуства како сте поминале, колку е ризично? Последен царски пред една и пол година. Првиот беше пред 6 години.
Породена со трет царски пред точно две недели. Од толку многу што се плашев, многу добро поминав. Многу брзо и лесно се опоравив. Нема споредба со претходните царски. Подврзав и јајници, по препорака и од докторот.
Јас имав три царски. Разлика меѓу прв и втор 5 години. Разлика меѓу втор и трет, година и 9 месеци. Останав бремена со дозвола на докторот. Веќе во 9ти имав повеќе контроли, ја следеше и раната од претходниот царски. Затоа што почна да истенчува, ме породи во 37. Се помина супер. Јас имав многу доверба во мојот доктор.
Ви благодарам на одговорите @juice_ i @CareTee јас планирам ремедика повторно. Се надевам све ќе биде во ред.
Можеби имам пишано претходно, неможам да си го најдам мислењето, а ме интересира втор царски ќе ми биде во период од неполни 6 години, првиот пораѓај ми беше во ремедика и супер ми е зашиено не се ни гледа а ми кажаа дека конците нивни биле добри еластични апсорбирачки и стварно не се познава операцијата каде што сум правена. Сега здравје на ГАК ќе се пораѓам прашањето ми е тие што сте таму породени царски некоја членка да ми одговори дали на истото место ќе ме отворат како претходно и дали е ок начинот на кој те шијат дали внимаваат да не те осакатат или се зависи кај кој доктор си и дали конците ги вадат или сами паѓаат?
Нема конци за вадење, сами се апсорбираат. За шиењето за жал како ќе ти се погоди, мене Ќаев ме оперираше и предобро ми е сошиена и надворешниот рез и внатрешните, матичнава дури ми кажа ретко добро сошиена царски рана. И јас здравје втор пораѓај ќе сум на гак, па се надевам дека повторно ќе биде Ќаев тој што ќе ме породи. Зашто царски ќе сум пак.
И мене некад знае да ме боли..исто 2 год. Мислам дека не може местото да биде како никад да не е сечено..
Две недели од царскиот, раната супер заздравува, но приметив на допир од вчерс местото под раната го осеќам многу тврдо. Не беше вака. Дали е процесот на заздравување таков што на допир е тврда раната, всушност под нејзе и дали ке омекне тоа?