Кај докторката што планирам да ме пораѓа уште немам отидено пошто е многу рано. Сакав да се информирам првично што како е за закажан и како се бира терминот. Фала ви
Прва бременост ми е, 30та недела сум. Со царски ќе бидам заради тоа што имам пукната ретина на окото претходно и поради диоптерот (миопија). Не ми е јасно како оди процесот на прегледи и закажување. Од друг град сум, планирам на Гак да се породам.. Од која недела да почнам да одам? Кој да го побарам? Дали докторот што ќе ме прегледува ќе биде тој што ќе ме пораѓа? Може глупи се прашањата но секое совет/искуство би ми било добредојдено..
Јас исто на гак ќе се пораѓам, доктор одлучува кој ден е најдобро за бебето, ако е ок бременоста 39та недела пораѓаат
ќе одлучиш кај кој доктор сакаш и ќе почнеш да одиш кај него на прегледи, имаат список кој ден им е за амбуланта за да знаеш кај кој да закажеш и да одиш тој ден. од 36та недела обично ти вели да одиш секоја недела на преглед и ти закажува царски кога тој ќе одлучи. бидејќи ти е рано договори се со матичната со време да ти најде термин за тој доктор кај што сакаш пошо не секогаш се наоѓа термин со време, после еден преглед нема да ти требаат упати преку мој термин може едноставно само преоритетен упат а ти ќе си се договараш со докторот кога да одиш. и исто така да знаеш дека докторот ќе ти бара извештај од офталмолог во кој јасно пишува дека офталмологот со тие дијагнози ти дава препорака за царски рез па извади си со време
Фала ти многу за исцрпниот одговор. Знае ли некој кои се добри доктори за царски на ГАК или сите се добри?
јас бев кај др игор самарџиски, многу добар доктор и сум задоволна од се, единствено многу долго ме остави за закажување царски.. бебето го мереа се помало и го оставаше што подолго за да порасне повеќе иако се роди 2,5 кг.. ме породи 39 недела и 4 дена
Зависи не е кај сите исто Мене првиот царски ми траеше 30 минути а вториот 45 минути (кај истиот доктор)
30 до 40 минути максимум ако се работи за нормална процедура без компликации. Бебето го вадат по 5 минути од почнување, останатото време е да те средат тебе потоа.
Мајки дали Станувањето по втор царски е исто тешко како првиот? Не поминав толку лошо ама болеше многу... Мада другиот ден станував ако болеше неможев без малата
Мислам дека е скроз индивидуално. Генерално вака што имам читано наводно полесно, но не мора ништо да значи. Мене ми беше исто болно, првиот пат се шокирав од болката бидејќи никогаш немав осетено толкава болка. Вториот пат исто ме болеше премногу, но некако знаев колку боли и не ми беше толкав шок. Колку и да боли, мора да се стане, и навистина со секое следно се помалку боли. Друга работа што памтам е кога ќе решиш да станеш, не се сецнувај да се премислуваш. Ако си тргнала веќе исправи се. Некои користат перниче во пределот кај резот, со благо притискање демек помага малку помалку да боли. Немам пробано дали е вистина така, ако некој знае нека сподели.
Шостори брзо Мојот еден час беше Можда и малку повеќе. Не дека баш до минути се сеќавам де ама секако не беше помалку од еден час сигурно.