Мене првиот ми беше 40 минути. Муабет со анестезиолозите и некако брзо прелета. Сега се спремам за втор ама таа пуста спинална сон не ми дава, ептен ми е страв што е во грб а немам контрола ни да ѕирнам
И јас ќе бидам со втор царски периодов, многу се плашам овојпат ама премногу!!! Не од анестезијата колку од помислата што ќе ме сечат па болките страшни што следуваат и се тешам како сите жени на светов така и јас. Некоја анксиозност ме фаќа нешто да не ми се случи лошо, а не сум таква личност којзнае што ми е станато психата ми е во хаос
Дали помислата дека царски ќе бидеме маката и болката што следува, бебето нема да можам да си го гледам како што треба незнам може нема да е така ама во мометов така ми е. Првиот пат не ми беше дојдено до бебето се пореметив хормонално па среќа брзо си дојдов на себе. Навистина незнам како ќе биде овојпат конфузна сум Господ со нас напомош
Ќе биде сигурно добро, само што сега анксиозноста си го прави своето. Нема да е романтичен филм сигурно хахаха, ама ќе пројде.
болките се огромни ама желбата за бебето е поголема, јас станував сама се влечев по ходник со болки само за да им кажам да ми го донесат бебето да си биде кај мене во соба и во тој момент само тоа ти е важно така да не се грижи ќе можеш да си го гледаш бебето уште следниот ден кога ќе ти го донесат, подносливо е се
И јас се спремам за царски. Трет ќе ми биде. Со првото поминав многу тешко бидејќи беше хитен царски,а со второто поминав преубаво. Мислам околу 40 мин траеше вториот,ама опоравувањето многу лесно беше. Сега се спремам психички бидејќи ми е малку језиво да си буден а да знаеш дека ти ги сечат стомакот. Со првото бев со целосна анестезија и многу тешко опоравување останав 7дена во болница и не сакам да се присеќам на тоа искуство.
Вториот царски со песна го поминав . Ме уби анксиозноста додека стигнам во болница , додека ме наместија во салата. Со целосна анестезија бев и вториот, да ви кажам право не се ни сеќавам на болката од првото станување, ваљда отрпнав више . Ама после тоа сама си станував, се влечев по собата ама битно се движев . Немав којзнае какви болки, ми даваа бруфен од 600мг, топ ми беше. Ако не планираат на вас да ви дават од тоа, најдете начин и набавете си ги предвреме, и после пораѓајот пијте ги на секои 6 часа, ништо нема да осетите . Си отидов дома на 3тиот ден по моја иницијатива. Се на се, една недела ми траеше, после тоа си се движев ко порано, ни болки ни ништо.
Толку многу ли се страшни болките Зарем не даваат нешто за болка Јас се исплашив само што ве читам, имам јаки менструални болки со валање по земја, сум имала болки во бубрег од камен ама овоа не знам како е. Првиот порагај ми беше со епидурална природно ама сега епидурална богами тешко, примам клексан
зависи како толерираш..мене адреналин ме мавна што помина и ниту еднаш не побарав ништо за болка, ми беше како напнато местото само на станување. При одмор не чувствував ништо.
на гак даваат кафетин или парацетамол, боли многу, боли ако се искиваш, боли ако се искашлаш, боли кога стануваш.. но мене лично ме болеше и од инекциите што ги ставаат за контракции на матката, по трипати на ден ги примав и ми правеа ужасни болки
Штом не пиша дека ниедна не викала од болка како на природен порагај тогаш издржливо е Јас кога се порагав до мојата соба имаше една со породилни болки а и моите беа почнати, јас почнав да се тресам не од моите болки него од мајката што ја слушав како вика. Добив паничен напад и почнав да се тресам , викам ова готово до тука е Вака или така мора да излезат нека не чува Господ сите