Јас се породив 01.03 на гак со спинална. Во сала ме зедоа околу 10:50 а малата се роди 11:10 и веќе во 12ч бев свесна и на интензивна(пин мислам на спаваќата пишуваше). Имам мн мала рана и мн брзо се опоравив од царскиот
Леле заборавив @SophiaBella Рече дека подобра анестезија е спиналната, имала побрзо опоравување. Вика зашо да те праиме целосна ( ако нема индикација), да прима и бебето анестезија, да дишеш на апарати и сл. Несакани ефекти во смисла на главоболки, повраќање ги има, меѓутоа зависи од организмот. Исто рече дека они како анестезиолози во приватни болници мора да ги почитуваат и желбите на пациентот, ако јас пресечам со целосна, ќе биде целосна.
Не мора да значи дека ке ги имаш тие последици од општата односно целосната. Јас имам примано и целосна и спинална и двете топ пројдов. Искрено малце се каам што бев спинална поради сосема други причини, ама дека влијае на плодот целосната-влијае.
@SophiaBella рече дека кај секоја не се јавува. Гинекологот мој правел 2 операции со спинална. Вика со едната немав гајле, со другата имав главоболки.
Досега тие шо споделиле со мене искуства биле позитивни, ни главоболки ни ништо, а и шо имам читано претежно се е ок со спинална, ретки се тие со нус појави. Останва да се молам да поминам лесно, друго нема шо да се прави
Јас сум со целосна анестезија, и сега здравје повторно сакам со целосна, не спинална. Ќе треба врски пак да фаќам за анестезијата а воопшто не ми се прави ќеф со врски.
Јас после еден месец кога бев на контрола докторот ми рече може да одмараш уште еден месец и можеш да почнеш со вежбање , така да некаде после два месеца , ама исто ми рече и без форсирање.
После колку време од царскиот го подигате бебето во раце додека сте на нозе ? Ми рекоа да не кревам тешко само незнам до кога.Секогаш мора да има некој да ми го подаде син ми и само седејќи го држам.
Мм правеше операција со спинална во Ремедика, главоболки и др последици немаше. Ама го фатило страв на сред операција, па го зашеметиле малку со маската вика слушав јас пак се, ама на 7мо небо бев и срцето веќе мирно чукаше
И јас бев со спинална и немав ни болки ни ништо. @V.odolija јас само што со дојдовме од болница почнав да си ја земам во раце. Првиот пат седев, а после ја носев и одев.
Организмот е природно спремен на тежината на бебето. Мајката со мене што лежеше во соба роди 4и нешто кг бебе и уште кога и го донесоа беше у раце со него. Јас исто откако ми го донесоа ми беше во раце. Дома кога дојдовме еве и до ден денес, секој ден јас го бањам синко, јас мењам пелени и само со мене заспива во раце. Да напоменам 3330беше роден а јас од болница озлегов со 56кг и резот ми беше од крај до крај, зашто јас ситна а стомак огромен и бебе покрупно. Сама ќе си осетиш што можеш, а што не. Јас сама чистев, кревав корпа со алишта за перење па и пружање. Биквално све правев освен коритото со вода што мм го креваше. Сега имам корито кое у када си се става и многу е полесно. Сепак самиот доктор зависно од раната ќе ти каже. Но, секој доктор ќе ти каже да си го креваш слободно детето.
Добар ден женски јас сум 35,7недела носам девојче по втор пат ,инаку со првото дете се породив со царски рез тоа беше 2014 година и сеа незнам како ќе се порагам никој не ми вели ништо а мене раната ме боли бебушка е поголема з една недела и нешто .А кога бев на скрининг во 24 недела на Гак кога прашав дали и оваа ќе го родам царски ми рекоа најверојатно Да а сега незнам што ќе биде раната ме боли и ми е страв од вагинален пораѓај да не ми пукне раната зашто и бебето е големо и плус дијБетичар сум пијам сиофор 500 мг на ден ,матичната ми рече најубаво да си одам на царски рез ,а кој треба да го потврди тоа незнам може ли совет.
Со оглед дека си претходно со царски, поголем плод и си дијабетичар ( што е претпозиција директ царски ) природно ретко кој би се нафатил. Од Еднокринологот кој те води за дијабетисот ќе разговарате и ќе побараш да ти пише извештај со мослење и да потврди дека си дијабетичар и мораш царски. Од гинекологот кпј ти ја води бременоста исто така извештај со мислење. Све ова ќе си го однесеш кај докторот кој че те пораѓа за да се договорите и да закажете. Но, тоа мораш неделава да го завршиш со оглед дека влагаш во 36+ недела. И таман и со анестезиологот да се договориш и видиш. Јас поради моја историја морав царски несмеев природно. Гинекологот кој ми го правеше Ивф, Еднокринологот и Трансфузиологот ми пишаа потврда/извештај со мослење и си ги однесов кај докторката која требаше да ме пораѓа уште во 32ра недела. За да моме да го превземе случајот и она да ми ја следи бременоста пред крај. Со некзе у со анестезиологот се договоривме околу каква анестезија ќе е во мојов случај и кој ден од бременоста. Све си помина супер кај мене, бев со целосна. Послесно опоравување не ни сонував да имам и на секој му посакувам. Мој совет деновиве завршија таа документација и разговарај со анестезиологот каква анестезија ти препорачува во однос на твојата здраствена историја. И со лесно и немај гајле све че заврши супер. Раната те боли тоа е нормално, бебе расте и притиска. Ништо лошо неможе да се деси не мксли на лошо. Со лесно пораѓајот и да си родиш живо, здраво бебуле и ти брзо да се опоравиш.
Со оглед дека од утре влагам у 37 недела ќе се обидам да ги средам овие работи зШто гинекологот ми е терсене едвај ја истерав бременоста со нејзе ко што треба ????? Знак прашалник Дали ќе сака да ми напише извештај
Мое искуство Одма чим ми дозволија, почнав да пијам сок од јаболко, буквално по една голтка на 5 минути пиев. Катетерот се полнше уредно, а таа до мене ич не пиеше, катетерот едвај нешто имаше и само кукаше офкаше на крај со инекции за главоболки заврши. сдк, слушајте го анестезиологот. вели да пиеш - пиј. вториот ден и кока кола, и движење на нога и глава на воздух. лошо е ако тргнете со став- леле од таа анестезија главоболки има и тоа го очекувате! мислете само на позитивно, на убавината на чинот на раѓањето, на бебето...и пијте мнооогу течности полека и по малку ама нон стоп. со лесно мешиња!!