Филмов само што го изгледав и сеуште сум под импресии. Предобар филм со предобра приказна. Филмот е современа акциона приказна за Црвенкапа. Спојлер Има едно мало село кое порано било малтретирано од врколак, за на крај да склучат договор на секоја полна месечина да му оставаат по едно домашно животно за тој да ги поштеди нив. И така селото живеело без страв се додека по 20 години врколакот не нападне повторно. Неговата прва жртва овој пат е Луси сестрата на главната женска улога Валери(Аманда Сејферд) која е заљубена во Питер(Шилон Фернандез). Во вториот напад на врколакот Валери дознава дека може да зборува со него и тука почнува заплетот. Според мене ова е еден многу добар филм и имам само позитивни критики за него. Кој го има гледано филмов? негови импресии за него? Јас едноставно го препорачувам!
Го гледав одамна и баш ми се допадна. Не знам само зошто има толку мала оценка на имдб 5.2. Заслужува барем 8.
Филмов го гледав вчера, денес планирам пак да го гледам. Дефинитивно влегува во топ 5 на моите омилени филмови. Просто ме воодушеви.
Штом е со мојата Аманда - мора да е добар! Го гледав уште кога излезе, со душа го чекав и навистина ме остави без зборови. Ми се допадна и актерот, не ми текнува како се викаше, ама убав пар ми беа со Аманда. Крајот малце ме разочара, очекував друг расплет, навистина. Добар филм е во секој случај, не е од тој тип на филмови на кои сме навикнати, чии краеви со среќни завршетоци се ептен очигледни. Oвој беше малку непредвидлив и заплеткан до самиот крај.
Одличен филм. Баш една модерна и интересна приказна за Црвенкапа. Аманда прекрасна како и секад ! 8/10
Само што го догледав филмов,кожа ми се наежи.Крајот не го очекував таков солзи ми потекоа Доста добар филм те држи во неисчекување.Вреди да се изгледа цел со трпение кое за жал јас го немам
Филмов е ЕДНОСТАВНООО ПРЕКРАСЕНННННН.......На сите што не сте го гледале ви го прапорачувам мора да се погледне..и воопшто не е страшен,а навистина и јас не знам зошто на IMDB му дале отценка 5.9..
Филмов ми е сон, прекрасен. Најдобра и најоригинална адаптација на детска сказна. Кој би рекол дека Црвенкапа криела ваков потенцијал.