1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна Гора

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од brunete, 26 јуни 2011.

  1. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Кој ќе иде оваа година во Црна Гора и во кој град? :)
     
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Оваа година повторно одам за Црна Гора, како и секоја година.
    Цело приморје го имам изшетано со исклучок на некои помали градови, местa. Две години по ред одиме во Сутоморе и оваа година не ја менуваме дестинацијата, Сутоморе again.
     
    На jovanoska98sk и brunete им се допаѓа ова.
  3. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Ноќниот живот убав е ? Јас не сум била у сутоморе викаат дека е убаво :) Јас у Будва иам идено и таму е екстра али мн гужва има,неможеш да прошеташ по улиците :worried:
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сутомоте ти исто како Будва, ама помало.
    Во Сутоморе имаш претежно македонци. Од нашава земја идат таму на одмор бидејки има многу поволности, цените се исти како и кај нас, дури има и пониски, можеш да си приуштиш да јадеш речиси секој ден во ресторан, а навечер да излегуваш во дискотека.

    Ноќниот живот е врв, преовладува младината. Има доста дискотеки на отворено, според различен вкус си бираш. Во дискотеките не е скапо, значи речиси како кај нас, може и поефтино, навистина.

    Мене Сутоморе ми е ептен по вкус, само единствена маана е плажата, затоа што е со камчиња, не е песок.
     
    На jovanoska98sk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас две години по ред одам во Сутоморе и сум презадоволна. на плажа не одиме таму, палиме кола и одиме во Чајн. Таму е пре пре убаво. Имам шетано цело приморје, но нигде не ми е како во Сутоморе. Ноќниот живот е неверојатно убав, ко по филмовите, Кога тргнеш да се шеташ, еден до еден кафич, а малку понастрана има една преубава дискотека каде гостуваат сите познати пејачи, и скоро секоја вечер има по некој. Има и една голема дискотека на затворено, ја даваат многу пати на ТВ, и таму е преубаво. Можам да зборувам за ова местенце до сабалје, толку убав впечаток ми остави што сакам пак да одиме таму, никако не ми станува монотоно. Има премногу македонци кои најчесто одат таму. Мало место е, можеш да се снајдеш и сама да тргнеш. Будва некако не ми го остави овој впечаток, некако по глупо ми беше а имам 5-6 пати одено таму на шетање. Имам во Петровац и Бар идено со воз од сутоморе, и на Свети Стефан, таму е исто многу убаво.
     
    На jovanoska98sk и Lux им се допаѓа ова.
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Мене Бар не ми е по кејф затоа што не гостуваат секоја вечер познати пеачи како во Сутоморе, а и + Бар е пристаниште и водата не е чиста.

    За Петровац не можам опширно да кажам бидејки не сум била, ама знам дека ептен е мирно местото и обично одат семејства со деца или пензионери, така да таму млади - не.

    Будва е скапа, барем за наши финансии, а дискотеките се екстремно фул, привлекуваат со стрптизетите и некоја на врата што кине карти, а е топлес.

    А никаде, со исклучок на Улцин нема песок плажата. А во Улцин и за џабе да ме пратиш на одмор не би одела, од многу многу причини.
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Планираме да одиме за Будва, имаме одено пред 3 години со мажот ми.
     
  8. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Ова година планираме да одиме во Сутоморе само незнам дали да одиме преку агенција или сопствена режија,пишете како се цените за сместување,а и храната дали е скапа..пишете нешто повеќе за Сутоморе..
     
  9. lucky-girl

    lucky-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    8 лета ми се поминати во црна гора. еднаш херцег нови,два пати будва и пет пати сутоморе :lol: :rofl: и воопшто не жалам.херцег нови е попензионерски град без голем нокен живот само за одмор и релаксација. будва е голем град,со премногу туристи,никаде не можеш да се свртиш сам и да одмориш-малку презаморно и за најмладите. Додека пак моето Сутоморе :lol: е мало гратче со премногу апартмани во прв ред,со прекрасен поглед од секоја страна,со претопла клима,секоја година убаво време,супер места за забава,огромен избор на плажи,големо шеталиште на кејот со премногу диска,кафиќи и ресторани.кој ке оди таму,нема да зажали.од се срце го препорачувам и многу ми е мило што последниве години и македонци можат да се слушнат низ градот.
     
    На jovanoska98sk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сум била во Црна Гора минатото лето 2010 бев на одмор во Будва,а и кумство терав во Даниловград.Имам одено Буљарица,Петровец на море,Бар,бев на еднодневна прошетка и во Цетиње од секде носам убави доживувања сите по нешто си имаа свое обележје и значење.Горе доле сегде си имам убаво поминато.Оваа година одам на 30декември Новата година ке ја славам во Жабљак планинско место ,а повеке ништо незнам.Отварав на интернет ама неможев да најдам нешто повеке ме интересира имали одено некој од вас каво е местото колку е далеку имали што да се види?
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Бев летово во Суто Море и имам неколку + и - на листата.
    +
    Евтино е, климата и водата се супер, посебно водата, кристално чиста и не премногу ладна.

    -
    Градчето е малечко, а се прави премногу гужва, имаат многу мал простор во делот кај плажите каде што сам можеш да си поставиш чадор и крпа.
    Другото се наплаќа за чадор и лежалка, а мене тоа ми оди на живци. Дефинитивно им треба поголеми плажи со слободен влез.
    Претежно се млади, како што реков се прави премногу гужва за мој вкус и дефинитивно најголем минус оди на музиката.
    Премногу турбо-фолк, гостуваат само оние од Пинк, секоја вечер е 99% таа песна.
    Јас бев ужасната од тој делириум предизвикан од кичести песни и невкусни облеки.

    Преку Албанија патот е пократок, но пак има 10-12 часа возење, што е исто премногу.
    Дали би отишла повторно?
    Се надевам не, и наредната година ќе имам повеќе пари да одвојам за одмор, иако поминавме убаво.

    Бевме во Котор, тоа е веќе како друг свет, градот има историја, прекрасна архитектура, има што да се види, посмирено, посредено, ама и многу поскапо.
    Во Будва сум била како помала, само малку поголемо од Суто Море и маааалку за нијанса поскапо, демек пофенси, мене ми се ко поголемо и помало братче двеве места.

    Во Тиват е пусто и нема нешто особено што да се види, ама плажата е сон.
    Целата песочна, милина и водата за нијанса поладна.

    Не работат нешто посебно на планот наречен развивање на туризмот според мене, слично како и јас нас, ама сепак се во предност - си имаат едно од најубавите мориња во светот.
    Тоа работи за нив. ;)
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Некако годинава Будва ме привлекува имам одено одамна, но на екскуризија и сакам ова лето. Како идат цените за смештај, јадење, дали одеве организирано или во приватна режија пошто негледам многу понуду по агенцииве, скоро и нема.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Цел живот сум во Црна Гора! хахаха :D
    Не, сериозно. Од кој паметам за мене со моиве сме таму и прекрасно е навистина. Сме биле во многу градови но преобладуваат одморите во Сутоморе, бидејќи градот иако е мал навистина е симпатично и има живост во него. Цените се достапни, ноќниот живот исто како во Будва, плажата кај и да си сместен ти е блиску чинам и многу Македонци последниве године брееј :rofl: Инаку Будва е исто топ, со исклучок на преееголемата гужва после 9 часот,се друго е врв! Котор е прекрасен повеќе историски град со прекрасни градби и посериозни ресторани во стариот дел. Бар е практично пристаниште и никогаш не сум се бањала таму,само минуваме за до Сутоморе и толку. Додека Пак Херцег Нови е за мене фантазија! И да се прошеташ,и да се одмориш, да седнеш мирно да пиеш кафе или на денска журка на плажа,само ноќниот живот е малку помирен мислам. Водата е фантазија како никаде во Црна Гора,ама проблем е нема песочни плажи само бетони во водата КАРПИ :D После тоа лето поминато таму дома дојдов со резанки по раце и нозе ама со боја екстра на тоа бетонот запечени хахах
    Се на се, како Јадран нема никаде. Наше море де! :P
     
    На jovanoska98sk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. narakvica

    narakvica Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    1
    Леле многу убава земја ! А особено градот Будва ! прекрасен град ! мора да идите да го посетите
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Слушнав дека во Црна гора имало редовни проблеми со водата (за пиење), или ја немало или не била добра, и дека поради тоа требало да се купува флаширана, која пак била многу скапа.
    Дали е ова точно? Ме интересира конкретно за Будва.

    Исто така, ако може некој да ми каже за цените во Будва би било супер (храна, сладолед, пијачки.. НЕ за смештај) :)

    Фала ептен! :)
     
  16. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    За водата можам да ти кажам дека тоа што си го слушнала не е точно. Ние си купувавме оти така сакавме и оти беше евтина исто како кај нас од супермаркеот Воли, но понекогаш и од чешма си ладевме во фриждер.А имаше едни срби во истата вила беа сместени и нон-стоп пие од чешма, дури кажуваа дека трета година идат во Црна Гора и секој пат пиеле од чешма. За цените за другите продукти и не етака скапо како што сите кажуваат. Во секој случај Црна Гора е каде каде поевтина од Грција.
     
    На LyckliG му/ѝ се допаѓа ова.
  17. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Дечки кој бил во Будва нека ми каже како од прилика стојат цените на прозиводите за јадење такви ствари и дали е точно тоа дека на плажа мора да се плаќа за лежалка дека пешкири не може да се постелува односно на Словенечка плажа и како стојат цените на плажава исто :)
     
  18. Vodolija88

    Vodolija88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Храната по маркетите е за нијанса поскапа од кај нас, а и имаш големи сендвичи и вкусни за 2-3 евра зависи. Не мораш да плаќаш лежалки, има простор и за пешкири.

    Инаку јас не би ти препорачала да одиш на Словенска плажа иако е мн. блиску, мене лично ми е многу одвратна и валкана водата. Преку стариот дел од градот се оди и се стигнува до една преубава плажа се вика Могрен, само што има малку гужва, не е мн. голема ама затоа водата е пречиста.
    Можете да одите и до Бечичи на плажа има околу 20-30 мин пешачење.

    И доколку одиш во Будва би ти препорчала да одиш на некоја од екскурзиите што ги нудат тамошните агенции. Се на се убава е Будва :) и има каде да се шета, јас лани бев, ама ако не успеам да отидам оваа година во Хрватска, изборот повторно ќе биде Будва бидејќи е доста финансиски попристапна
     
  19. An4y16

    An4y16 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    навистина е убаво но патот ќе те исцрпи... цел ден возење и одвај чекаш да стигнеш за да можиш да се одмориш од патот. Инаку мене Црна Гора не ми остави некаков впечаток иако сум била двапати и сум поминувала покрај Будва кога сме одела Хрватска. Инаку бев во Суто Море со друштво. Морам да признам големи критичари сме. Бевме сместени во станчиња, ресторанот 5 минути оддалечен. Зградата од плажата беше многу оддалечена, мислам дека ослабивме барем 5 килца на тој одмор. Заедно цела група одевме од 7 часот на плажа и морам да кажам и во тој час беше гужва. лежалка се наплаќа и има многу мал дел слободна плажа... над плажата еден куп кафичи кои навечер стануваат дискотеки во кои секој ден има по некој познат пеач/ка и музиката е до доцна навечер. Единствена дискотека што вреди е Малибу но е многу оддалечена од градот и е преполна со “мафијаши“ но забавата е топ. во кафичите инаку е стварно поскапо од тука 3 евра за еден сок... но има и прекрасни пици и палачинки за само 1 евро. морето е фантастично но ако немаш друштво кое е спремно за забава не би си поминала убаво.
     
  20. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како одат лежалките во сутоморе, и дали има слободна зона,како е со храната скапа ефтина....