Ме интересира преку кој пат одите за Црна Гора? Косово, Албанија па по магистрала или преку Подгорица? Се вративме пред некој ден од Словенија, одевме преку Хрватска и Црна Гора по магистрала, Албанија и Косово. Умирачка е патот. Па, прашувам за следен пат кога (и ако) евентуално би оделе натаму, дали има понормален пат?
Ние одиме преку Косово и Албанија, супер е патот до пред Леже(Албанија), тука во тоа градче може да се заглави еден до два саати, и во Скадар се заглавува ама не како во Леже. Инаку 80% од патот Скопје - ЦГ е супер.
Еднаш одевме со кола и никад више. Премногу пат е. Овој пат со авион ќе одиме. Кога излеговме од црна гора и влеговме во хрватска, 2 саата се возевме и неможевме да наидеме на бензинска. Ужас.
Да, евро користат. Ние одевме со кола, бидејќи со кола одевме на плажи, на шетање и пазарење. Освен ако не ми е плажата под балкон, одам со кола зошто температурите беа премногу високи за пешки, а и скоро сегде се угорници од плажа до смештај. Тиват аеродромот растураше со летови btw
Натаму одевме преку Белград. Цело време автопат, мерак. Назад божем ај до Дубровник, па преку Црна Гора. У М Р Е В М Е Ај патот, ама и хрватскиве граничари се боже сачувај. Цел саат чекавме, а шест коли немаше пред нас. Грците за овие се спиди
Ма ќе одиме со авион. Обожавам јас пешачење . Ќе си пешачиме од еден крај на друг. Ма и такси ќе викниме ако треба, ама со кола не одам од германија до црна гора. Нема шанси. Иначе да, ќе бараме и ние карти за до Тиват. Пола саат било до Будва, така прочитав.
Ние одма поминавме оти ноќно време стигнавме во хрватска, а пред да стигнеме до границата, еден црногорец полицаец не застана во темницата, јас спиев во колата позади и бев без каиш. 50е ме казни Па како ме виде во темницата незнам
Да, блиску е. Многу странци користеа рент а кар тоа приметивме, веројатно е поисплатливо. Само и тогаш планирај трошоци за паркинг. Кола не се остава непрописно, особено во Котор, одма ставаат канџи и казните се големи. Паркингот е од 2е за час па нагоре. Дневна карта отприлика е 20-25е во делот Котор и Пераст, 15е за пола ден. Има и некои автобуски линии, ама не сум информирана баш за нив. Ако одиш во Будва ти препорачувам да одиш бар еднаш на Плави хоризонти плажата. Со жичарница да се качите на Ловќен. Почетна станица е пред Котор, а крајна е Кук (кој е на пола пат до Ловќен). Горе има убав ресторан, железница со мали колички и прекрасна глетка кон цела Бока Которска.
Дирекна линија Скопје-Тиват нема. Има преку Белград,(Скопје-Белград-Тиват) со тоа што од Белград за Тиват во денот има по 7-8 лета сезонски.
Патот низ Косово и Албанија е супер и не се осеќа. Се чекаше на границата со Црна Гора и патот е полош натаму. Една опција е преку Улцињ, а сега има нов пат до Бар кој сеуште не е довршен, нема линии и сл. ама е празен, мазен асфалт и можеш да одиш по него за пократко. Се вклучуваш после Добра Вода ама од патот до вклучувањето на магистралата е еден стрмен цик-цак пат што е малку незгоден тесен за разминување и со добри удолнини (среќа па е 5-10 минути). Патот пред котор е направен и нема застој. Секоја раскрсница им е регулирана со кружни текови. Мои пријатели без застанување го поминале за 5.5 ч. Ние патувавме 8 ч. со чекање на граница Албанија-Црна гора од 45-50 мин. и паузи по пат.
Фала ти, ќе видиме баш. Добро и ова шо ми кажа за рент а кар, баш и за тоа ќе се расчачкам сега да видам Во Германија сум, од тука ќе фатиме авион.
Значи го пуштиле патот од граница до Бар. Пред месец ипол беше скроз затворен моравме низ Улцињ да возиме. Има сезонски летови од Берлин, Дизелдорф и Франкфурт.
Пуштен е за пуштен, не знам до кај оди зошто ние негде се симнавме лево од него и излеговме после еден мост после Добра Вода. Патот е необележан со линии, по страните уште беше ископан, се довршува. Ноќе веројатно е многу темно по него. Немаше сообраќај зошто изгледа не сите знаат дека може и од таму. Скративме многу на време. Само симнувањето беше малку како сафари, низ некои шумички, како по козји пат
Тој е. Мислам дека за истиот пат збориме. А магистралата од Будва до Тиват скроз е пуштена? Знам дека ради самитов го убрзаа пуштањето ама пак да не го поправаат За месец дена треба да се враќам па да знам што ме чека
Да, пуштена е. И таму нешто довршуваат од страната на патот, некој канали копаа, го финишираа.. Ама супер е, нема нигде застој. Гужвите се кај раскрсницата со Сутоморе и околу Бар.
Не ги знам јас баш деловите таму, ама на влезот во тој дел, Будва ли е целото или друго име има незнам, значи на влезот имаше прееемногу гужва. Ние чекавме со саати. Премногу споро идеше. Незнам како ќе биде со тргнувањето, мм викаше дека таму околу 25ти јули ќе се ослободи, а мене ми доаѓа мрнструација околу 30-1, ми трае една недела, а на 14ти август имаме битен термин кој не смееме да го пропуштиме. После 14ти незнам дали ќе биде слободен. Додуша, може менсот и покасно ќе дојде, ама не се знае. Еве денеска осеќам болки, значи ќе дојде.
Пред Будва на одење кон Котор немаше гужва, слободно се движевме по тој дел кај Рафајловичи и Бечичи. На враќање имаше од Котор кон Будва, на тоа удолницата стоевме во колона некои 15 мин и тука секогаш имало. После немаше гужва се до Сутоморе.
Многу ја сакам Црна Гора. Целата ми е преубава. Будва, Тиват, Котор, Херцег Нови, Острог, сите места си имаат некој свој шарм. Иако морам да признаам дека генерално во Грција морето ми е поубаво и потопло, сепак и Јадранот си има некоја своја убавина. Емотивно сум врзана за Црна Гора. Лично Будва ми е најомилена, најмногу ради Свети Стефан и стариот град, обожавам такви градби. Уште поубава ми е ван сезона, на раат да си седнам и да си испијам кафе покрај море, без многу гужви. Херцег Нови исто, во септември на плажите скоро и да немаше никој. Рај. Во Улцињ и Сутоморе јас лично не би идела. Патот преку Белград ми е најдобар.