Здраво, во ГТЦ имаше продавница за чевли големи броеви (42, 43 за повисоки девојчиња). Дали знаете како се вика продавницата?
Здраво, што мислите за штиклите од Манго, Зара..? Пробав неколку пара и многу ми се удобни, но секако не се најевтина варијанта. Ме интересира дали вреди и дали се издржливи бидејќи стварно се чувствувам многу лесно во нив.
Мене штиклите од Манго ми се покажале супер, имам неколку пара со различна висина на штикла. И највисоките се удобни и лесни за одење. Не носам штикли секојдневно, ама на овие што ги имам маста им е извадена од носење и немаат гајле, ко нови се.
од зара имам едни 6цм и 10цм стабилни се и за повеќе часа ако ги носиш ,удобни се баш како за штикли од 10цм , така да супер се .
Фала ви на одговорите, планирам да купам за свадба, што значи цел ден да бидам во нив. Страв ми беше да не ми се скршат/скинат при одење или играње, па да треба да барам друго чаре. Ама чим така најверојатно ќе си ги земам.
Мене од Страдивариус ми се покажаа како одлични и преудобни. Сандали и салонки имам, а ги имам носено и неколку часа на свадби, журки, супер се покажаа.
Штиклите од Манго ми се покажале како супер удобни, за разлика од Зара се покажаа како скроз неудобни како пластика на нозе едвај издржав на салонките дома со рани си дојдов. На изглед топ, а вака скроз неудобни. Се зависи од ногата, кај секој индивидуално.
јас носам и од Зара и од Манго и сум задоволна, за удобност сите штикли ми се со тенка штикла и 10 цм така да не ни очекувам удобност ама барем на изглед ми се топ
Да пробаш од Futti ама барај со два каиши, мене ми се многу удобни на стапалото само каишот ме нервира пошто имам од тие со еден и планирам да си земам со два.
Баш прееска ги видов в аптека, ама немав време да пробам. Имаше и со два каиша, и јас ме ги можам моделиве со еден.
Имаше Леон негде во Буњаковец, кај универзална, пред некое време, не знам дали уште ги има. Да пробаш најдобро ќе биде.