1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читателскиот вкус на македонските читатели

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 29 септември 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Што мислите за вкус на нашите читатели? Дали мислите дека се читаат само некои полесни книги за кои не треба размислување надвор од кутијата?
    Дали мислите дека се преведуваат само такви книги кои повеќе би се продавале и би биле поприфатени?
    Не сеќавам да сум сретнала книга со главни геј ликови, или за помладите читатели книги со тинејџери кои се откриваат себеси во тој контекст. Или книги со некои потешки психолошки проблеми или ментални болести.
    Замижуваат ли читателите пред овие книги или издавачките куќи не сакаат да ризикуваат и не преведуваат такви?
    Какво е вашето мислење?
     
    На do-re-mi, *Ench@nted*, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Некогаш мислам дека нашиов народ не е кадарен за да му се понуди нешто навистина вредно. Како да не знае да процени што е добро, што не, па се чита тоа што се форсира од страна на одредени ликови, па и на самите издавачи.
    Не мислам дека сите читатели се такви, но сепак станува збор за доволно голема бројка која фигурира низ читателските сфери и се декларира како љубител на книгата, а тоа сакале да признаеме или не, има влијание врз просечниот читател. Особено за тие кои тек почнуваат да го градат својот вкус.

    Невкусот си го прави своето, ама од друга страна пак, наместо издавачите да покренат иницијатива за да ја подобрат понудата и да ги насочат читателите кон нешто што ќе ги поттикне не само да излезат од сопственото меурче, туку и да подразмислат, да изменат ставови или да добијат некои нови гледишта, тие уште толку повеќе го форсираат шундот, па така само повеќе си тапкаме во место.
    Се вложува во книги по кои би посегнала што поширока маса на луѓе, со цел издавачот да си ги врати вложените средства, а тоа често се одразува на читателскиот вкус затоа што не секој сака да чита електронски книги, па ете си читаат луѓето тоа што се нуди.

    Ми текна на две книги преведени кај нас, во кои сум сретнала геј ликови на пример. Станува збор за „Брит-Мари беше тука“ од Фредрик Бакман, издание на Антолог. Другата е „Планината Броукбек“ од Ани Пру, издание на Феникс. И двете прекрасни книги. Исто така, навистина е штета што одлични книги како „Еленор Олифант е океј“ добиваат коментари од типот - леле колку досадна книга и поминуваат речиси незабележано, а Нора Робертс на пример (прва ми падна на памет) и екипата од нејзин калибар се возвишуваат чиниш напишале којзнае какво дело невидено досега.
    Мислам дека постои можност да се охрабрат и самите издавачи, но како и за сè останато, ќе треба време и секако - многу зборување и посочување дела кои вреди да бидат прочитани.
     
    На *Ench@nted*, Dream-Girl, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нашиот народ повеќе преферира шунд работи без разлика дали станува збор за книги или за музика. Сите млади трчаа да ги читаат книгите на Лајла Грејс и на оној со куклето и за нив не им беше скапо да ги купат, а се друго било прескапо и досадно. Како народ не знаеме да процениме што е квалитетно, со чест на мал процент на исклучоци...
     
    На Ivanna25, Tanjamm, Moon.Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека се преведуваат книги со одредена тематика повеќе од други, но апсолутно повеќе се преведуваат книги (и дефинитивно автори) што повеќе се продаваат, што се, на некој начин, тренд меѓу читателската фела.
    Една од сестрите на Лусинда Рајли е геј, а сметам дека е доста читана. (Таа ми падна прва на памет)
    Но, кога сме веќе на темава, би сакала да прочитам некоја книга што ја опфаќа анксиозноста подлабоко.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Народот воопшто нема вкус. Се чита и величи се што е тотално лошо.
     
    На Ivanna25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivanna25

    Ivanna25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    На Балканот само тоа што нема вредност се промовира.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    @ivana
    Сосема случајно, барајќи нешто друго наидов на јутјуб на интервју со една од најпознатите балкански млади писателски, така ја претставија, а прв пат слушам за неа. Што да видам? Муабети како пред селска кооперација како на пример "сјебала сам оно, сјебаа сам оно". Девојката 75% од интервјуто коментираше трети лица, прераскажување ситуации наместо да говори за себе. Е тоа е балкански "крем" и тоа народот ќе го чита.