Све си мислам некогаш дека шпанските серии ипак беа многу подобри од турските серии. Ми фалат некогаш шланските, а поготово серијата млади бунтовници највише. Сега гледам после 1001 нок се спремаат да ја дадат касандра, барем тамо ги даваат постарите серии.
Hola amiga! Que tal? Порано бев зависник од шпански серии, едноставно ги обожавав, посебно скриени страсти и анали. Долго време немам гледано, сега ги преокупираа телевизиите само со турски. Јас не бев ни родена ко се емитувала Касандра, но имам слушано имала голема популарност во тоа време, па ако ја даваат можеби би ја гледала. Баш ми се гледа некоја шпанска серија
Ако не ја памти Касандра, мала е за тебе. Колку беше таа популарна серија, немаше човек во државава што не ја гледаше и не навиваше за Касандра и нејзиниот Ранду. Шпанскиот јазик тогаш беше втор службен во државава, сите го зборуваа. Толку беше популарна што се зачудиле таму продуцентите како може во една мала држава за која не знаеле ниту дека постои да се најголем хит. И секако, дојдоа во главниот град кај нас да ги посетат своите фанови. Тоа беше преседан над преседаните. Толку народ во МК се собра само на дочекот кошаркарите, и да ја видат Касандра. Еве галерија со фотки: http://exclusive.mk/articles/12005/ Суште дома некаде го чувам албумот со сликички. Некој за трампа, има ли? Потоа се емитуваше Росалинда, исто беше мега популарна, ама не го повтори успехот на Касандра. Не се сеќавам добро на дејствието, blurry ми е во меморијата останата. Ептен мал бев. Би ја репризирал денес, иако сигурно нема да го има истиот ефект. На која програма ќе се емитува? Таман да разбијам турски клан дома.
Haj amiga como estas? У касандра беше најубавата и најпопуларна шпанска серија, јас ја обожавав. Мислам со душа чекав да почне. Гледав на страната тв пакет дека следна е касандра да ја емитуваат после 1001 нок, е сега колку ке ја дадат ке видиме. А баш сакам да ја дадам пак би ја гледала, мада јас си ја гледам на нет пак. Ете двете сме биле значи зависни од шпанскиве серии amigita Се секавам на анали и скриени страсти, и тие беа одлични, дали се секаваш исто на есмералда, росалинда, или палома? И оној со ружната лети што беше на пинк..ако си го гледала. А заеш ми фалат би ги укинала сите турски само да има шпански пак.
Јас почнав со шпанските серии од Росалинда. Ја знаев и Касандра, ама не ја гледав. Знам дека одеше целата таа фама до таму што тетка ми ја снимаше Касандра на видео касета. Инаку на тема шпански серии и јас имам чувство дека се многу подобри од овие турските. Во суштина и двете се исти (сапуници), ама од гледањето шпански серии нашите генерации многу добро го совладаа шпанскиот. Сега со синхронизацијата е мех. Имам изгледано две-три турски серии, ама тоа беше на сам почеток кога почнаа да ги даваат. Уствари ги гледав оти моите ги гледаа (Кога лисјата паѓаат и бурни времиња и вљубениот ерген тек тук за атер за другарките ) Еве кои шпански сапуници ги обожавав Spoiler: Росалинда Spoiler: Руби Spoiler: Грдата Лети Spoiler: Клон - шпанска верзија И уште две серии од моето детство (нешпански) вредни за споменување. Spoiler: Клон оригиналот И една хрватска Spoiler: Забранета љубов Малку се занесов, ама ме удри носталгија со вашите постови. Ако има некаде низ интернет каде може да се гледа некоја од овие серии пишете. Ииии имаше една италијанска докторска, ама не можам да се сетам како се викаше .
Нејзиниот Луис Давид мислиш. Инаку на јутуб мислам ги имаше епизодите, само не памтам дали беа со субтитли.
Јас почнав со Касандра, па Руби, па Злобничка, Затвореничка со Габриела Спаниќ, Клон оригиналот ја изгледав цела, Росалинда со Талија мислам многу ми се свиѓаше нејзиното име Талија па еднаш си се прекстив у Талија. Млади Бунтовници од овие се собирав и чував. Сите цд-ња ги имав. Ништо не пропуштав морав се да имам Руби леле врв серија. Толку интригантна серија дали некогаш ќе се сними не знам. И толку веќе не гледав, шпанските Млади Бунтовници не ги гледав баш целосно ама таа Анаи ме освои и ден денес ја следам и песни и слушам. Фаворит ми е Спаси ме ( Salvame ) и на старите телефони таа ми беше на рингтон.
Кога се емитуваше Касандра бев ептен мала и како низ магла се сеќавам дека ја гледаа мајка ми и баба ми. Потоа Млади Бунтовници гледавме како деца и се каравме кој кој лик е. Ама најголем впечаток ми остави Ангели што се емитуваше малку подоцна, првата сезона. Музиката беше врв, и сега да ја пуштам ќе ме тера да заплачам. Камо на алфа да ја емитуваат и оваа, кога веќе решиле да ни будат носталгија. Од турските серии ги сакам тие на почетокот само што беа, две веќе ги емитуваат и редовно ги следам. Ми фалат и Имотот на дамата и Султан Сулејман.