Освен цените и луѓето би додал уште топлинита,гостопримливоста и комуникативноста. Сето тоа се доволни причини зашто го сакаме Штип.
искрено знаат да направат и у мистик нешто добро не викам не јас слушам српско и македонско али ипак одам у ице до 2-3 потоа у мистик а у ангелите најискрено неможеш баш да се опуштеш
Уште нема никаква информација за плоштадот, Ајс и Енџелс, знам само дека во Мистик ќе доаѓа Анабела.....
Денес случајно разбрав од неофицијални информации дека на плоштадот у Штип за Нова година ќе настапува Наум Петрески...
Завчера седам во Даблин. Порачувам за јадење...510 денари сметка доаѓа. Конобарот ни култура ни ништо. Ко на улица да е со другарите. А во Сквер полно крца.
Даблин е жива катастрофа... Септември месец некаде седев таму последен пат и имаше рој од лебарки... Невермор после таа гледка. А цените се многу покачени да.... Конобарите исто така, роботи... не оди веќе таму Сквер е класика, со прст не е мрднато да се среди а народ полно. Кога и да отидам стандард ми донесуваат чаша со кармин, или вазелин, зависи која шо си има ставено тој ден... И така... Арт кафе е добро.. Си бил таму?
Во Арт Кафе не сум бил. Во Даблин веќе никад. Немаше кај да јадеме во понеделникот. Дал Фуфо не работеше, Бамби исто така. Јас секоја недела сум таму. Сега малце одмор па после Нова Година пак.
Мене пак Даблин ми останува едно од омилените места за вечери и такви работи. Самата атмосфера е релаксирачка.
Мене пак лош впешаток ми остави Даблин. Првпат влегувам, тој келнерот ко развеан. Понашање никакво. Ми се испонаша нешто ќе го фрлев во реката. Нешто мед побарав за чајот и тогаш ми се испонаша во стилот, ако купиш од продавница ќе ти донесам...(тој со подолгата коса, сигурно го знаете вие од Штип што сте) А и морам да напоменам дека онаа жената во Бамби многу и збори устата. Збори све и свашта, и што треба и што не треба.
Даблин беше преубаво место. Атмосферата да, сеуште е пријатна, особено овој период кога се ближат празници, и кога е декорирано... Елката на пример, јас ја обожавам. Даблин ми беше омилено место за чајче овој период... Ама после лебарките..... Инаку келнерот е циркуз...Коле се вика знам за кој зборуваш...Колку гафови има со него...Таков е дрзок, арогантен... А за кој Бамби зборуваш, тој на плоштадот ли или тој кај Безистенот? Не сум јадела таму ехее кој знае од кога.
Мене ми се допаѓа Piazza Liberta убава ми е атмосферата таму, некако поинтимно. Нема многу луѓе, гужви. Нешто слично на Даблин е, барем за мене
Marick14 келнерот си е таков, еднаш со еден другар се размуабетивме и ни остана јадењето, и овој дојде коа ни се развика, “Е шо не ли ви се свиѓа јадењето, зашо ви стое целото?“ Либерта не ми се допаѓа...ни храната ни атмосферата... Е сега ми се пријаде сендвич со пилешко од Хамби... :geek:
Нека го избркаат келнерот. Нека вработат некое девојче. А не ставиле стари орли таму да им работат. А Хамби каде се наоѓаше?
Доволно само да ја слушнете песната све ке ви каже што сакам http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 9Jx3dZHZ8c