1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи??

Дискусија во 'Канта' започната од Deviant, 7 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Deviant

    Deviant Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Значи вака...има еден дечко што ми се допаѓа..во ист клас сме и многу добро се сложуваме. Се знаеме веќе 2 години и сме многу блиски (единствено машко со кое воопшто сум се сложувала волку добро). Си помагаме еден на друг, се зезаме, има моменти и да се потскараме но веднаш се смируваме. Не поминува ден а да не се допишуваме или SMS да си пратиме. На chat сме 24/7. Од оваа година се доближивме малку повеќе..тој започна да ме вика срце и постојано да ми праќа " ". Доста се грижи за мене и го интересираат работите за мене. Постојано ме закача и секогаш прави споредби со мене..што значи ова?? Дали има шанса и тој барем нешто да чувствува или само мене ми се причинува?

    п.с.

    Постојано е тука за мене, ги знае сите мои проблеми и секогаш ме советува и теши кога ми е тешко...остануваме на chat до 5 саат сабајле и не се противи на тоа (тој предложува да остануваме толку касно)..За некој ден ќе одиме во кино заедно..незнам како да се однесувам..да му покажам дека нешто чувствувам или да почекам уште малку..?

    Помош??! :Ѕ



    п.п.с
    Никогаш не сум била во врска така да немам искуство со вакви појави..затоа и барам помош :)
     
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Па вие исто како да све во врска само да ја официјализирате и бакнете :lol: совет веднаш дејствувај и кажи му што ти лежи на срце дека имаш чуства за него а и сигурен сум дека и тој има чуства за тебе пошто секогаш е тука кога ти е најтешко ги споделуваш со него маките ти дава совети се грижи за тебе еве пиша дека за некој ден ќе одите во кино па можите нешто да искомбинирате ;) и + се знаjете 2 години тоа е долг период + се сложувате се почитувате = голема љубов......поедноставно од ова не можам да ти објаснам, ајде само кажи му што чуствуваш за него и поразговарајте сериозно за врска, се најдобро ;)
     
    На Deviant му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Deviant

    Deviant Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2

    Ми се допаѓа твојот совет..многу!! Само се плашам да не излезе контра ефект..страв ме е да не го уништам пријателството..а ќе ми биде многу непријатно да направам такво нешто затоа што ако тој не мисли така ќе се чувствувам многу виновна и ќе ми биде тешко да го гледам воопшто...а тоа е неизбежно зошто сме во ист клас+седи позади мене :/
     
  4. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Гарант го чувствува истото за тебе ама не е свесен или се плаши исто да не те изгуби...Се чувствува кога другарството не е повеќе другарство туку прераснало во нешто повеќе,ако ја чувствуваш неговата енергија и емоција кон тебе кажи му,сеедно ќе пукне кога тогаш.Јас имав ваква ситуација-најдобриот другар ме сакаше,24\7 бевме заедно,се грижевме еден за друг,плачевме и се смеевме заедно,споделувавме се а никогаш не ми призна што чувствува и се оттргна од мене,пукна едноставно.Неможеше да ми каже а уште помалку да биде во моја близина и логичен тек на настаните,не сме повеќе другари.Муабетот ми е,секако ќе пукне,сега или за некое време,само со разликата дека ако му кажеш нема да ти биде криво-можеби испушташ преубава шанса да ја спознаеш љубовта.Само храбро.
     
    На Deviant му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Како што пишала Ella.313 тоа што вие двајцата го имате е повеќе од пријателство тоа е веќе љубов а не се плаши дека ќе го изгубиш сигурен сум дека и тој истото го чуствува кога е веќе секогаш покрај тебе и се грижи само за тебе, само што ние машките знаеме да бидеме тврдоглави и да не признаваме што чуствуваме затоа ти преземи го првиот чекор кажи му мораш да направиш ризик бидејќи без преземање на големи ризици нема и слатки награди :)
     
    На Ella.313 и Deviant им се допаѓа ова.
  6. Deviant

    Deviant Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2

    Баш и поради тоа ми е страв Marijan007, не го познавам машкиот разум доволно за да заклучам каква намера има или нема..па ти како личност од машкиот пол..би можел ли да ми образложиш..дали таква комуникација и блискост на машко со женско укажува на нешто друго освен пријателство...кога машките ја покажуваат својата заинтересираност?
     
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Deviant, машките својата заинтересираност спрема некоја девојка ја искажуваат со тоа што секогаш се покрај тебе и во добро и во зло, до тебе се и во радост и во тага, се радуваат на твоите успеси, ти даваат искрен совет за твоите проблеми, умеат да те насмеат,остануваат како што кажа 24/7 со тебе online (исто и на телефон) поедноставно кажано секогаш се тука кога и да ти затреба тој ти е едноставно твој личен ангел чувар :D , а и + започнал тој прв да те нарекува срце тоа е уште поголем индикатор дека тој е заинтересиран за тебе просто те обожава не може да замисли да не биде со тебе и да не те види, само што како што пишав ние машките негогаш сме навистина тешки да признаеме дека со целото срце ја сакаме личноста со која што сме навистина блиски се поради таа глупава машка гордост па затоа завршуваме траги-комедично :!: но во овај твој случај силно ќе потенцирам дека шансите за да те одбија или пак вашето пријателство да заврши се навистина минимални скоро и како да не постојат затоа ти даваме совет да ризикуваш да кажеш што чуствуваш не го држи тоа во себе кажи го јасно и гласно пред него нема да зажалиш, се надевам дека ти помогнав до некаде ;)
     
    На Ella.313 и Deviant им се допаѓа ова.
  8. Deviant

    Deviant Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2

    Во петокот бевме во кино и се беше така романтично се гушкавме се галевме..но вчера..тој ми призна дека ме сака на начин кој значи повеќе од пријателство..му признав и јас..дека всушност иако ми е како најдобар пријател и го сакам така, некогаш кога размислував се фаќав во ситуација дека не се чувствувам исто како кон другите другари..дека е нешто по возвишено..и се договоривме да се движиме по спонтан пат..цела вечер ја поминавме заедно со праќање SMS. Ми нагласуваше колку му значам и дека толку многу ме сака што никогаш не би можел свесно да ме повреди.
    Ви благодарам за советите, навистина ми помогнаа и ми дадоа храброст.
    Сега почнувам нова страна заедно со личност која многу ми значи.
    Благодарам уште еднаш!! :)
     
    На DELFIN-15 и Filiposka им се допаѓа ова.
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Навистина ми е мило за вас :clap: :clap: двајцата сега уживајте во заедничките убави моменти се најубаво и со среќа ;) :D
     
    На Deviant му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DELFIN-15

    DELFIN-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Се разнежив додека читав... ме потсети на мојата прва девојка...
    Мило ми е што сега сте заедно, многу среќа во иднина! :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.