Долго време се мислев дали да ја отворам темава....а ако е глупа или има уште една ваква клуч..... Јас најчесто јадам салати и овошје!....а вие што јадете најчесто??
Па сега е времето на салати така да сега јадам и салати и овошје и нешто нездраво Јадам од се по малку.
Се’. Дури и претерувам во сештојадачницата. Треба да бидам поумерена со месо и грицки, ама пустото толку ми се сладат, уф уф! Ме вади тоа што јадам многу зеленчук, пијам многу вода и избегнувам благо. Освен во ПМС.
Месо. Позната сум на долго и широко низ фамилијава дека јас без месо не можам да живеам. Дури се чудам, си мислам хипотетички ситуации, да ми понуди некој милиони богатство, куќи, чуда и врагови по острови, не би се лишала од месо, и не би станала вегетаријанец ни под точка разно. Месни и сувомесни производи, освен џигер и чварки (не сум пробала,нит ќе пробам). И салати јадам редовно, секој ден. Си сакам чипсови многу, обожавам солено, и би требало да намалам со нив, ама целосно не можам да се откажам.
Ух, тешко прашање Од се сакам да си пробам, ама денот не можам да го поминам без пар овошје (минимум). Знам ручек да прескокнам, ама овошје-во никој случај. За салати исто така сум мањак, само што знам да прескокнам ден два.
Пржени јајца. Порано буквално секој ден со кашкавалче ама последнава недела не јадев и сека кога му ја седнав. Мммммм! Најголем дар од бога
Ѓеврек,секое утро, веќе пола година и повеќе. Пуканки, неможам да им одолеам Ориз и пилешко често јадење кај нас дома
хаха,ме изнасмеа...не дека многу го сакам овошјето,а и зеленчукот ама ако јадам тестенини (што ги обожавам) нема крај на моето јадење,и пак ке се здебелам
Kога не сум на диета највеќе јадам благи работи, чоколадииии сладоледиии мх мх... Mакарони со еден тонннн сирење, јуфќи, тарана ајвар и леб со многу сирење, готвена храна ко полнети пиперки највеќе, тиквички, летни манџи турли тави,