1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сака да постигне?

Дискусија во 'Разделби' започната од Anabela09, 3 септември 2012.

  1. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Се започна кога го направив мојот профил на фејсбук. Ме додаде за пријател и откако го прифатив почнавме да се допишуваме. Немаше ден да не ми пиши... било што, па барем и насмевка. Иако јас изгледав прилично незаинтересирана и повлечена. Никогаш немав шема ниту дечко. Колку повеќе минуваше времето толку повеќе ми беше кеф да седам пред компјутерот само за да се допишуваме. Секогаш пишуваше, јас станав зависна од нашите разговори. Поминаа седум месеци јас сеуште се немав согласено да се видиме, никогаш не се откажа да ме бара да се запознаеме. Ми беше многу страм и страв дека сум ниска и нема да му се допаднам. Но и несакав да бидам како другите кои после еден ден веднаш излегуваат и се муваат. Тоа што бев мирна го привлече и јас конечно се запознав. Од денот кога се запознав па се до пред три месеци бевме во врска. Мојата прва врска, шема, бакнеж... навистина го сакав повеќе од се на светот. Имав проблеми од дома, моите се многу конзервативни и неможеа да се помират со фактот дека сепак јас сакам некој. Имав 16,5 години кога се фативме а 17,5 кога се прекина толку неочекувано. Ме сакаше премногу и беше горд на мене. Но после нашата годишнина се се смени. Ми кажа дека не е среќен повеќе. Тоа многу ме растажи. Почуствував дека нешто не е вред. Несакаше повеќе да го гледам во очи. Ми кажа дека јас не сум виновна. Дека е до него... дека сака да биде сам некое време. Дека сака да одмори од врската затоа што бара многу време и внимание. Дека сака да одмори од женски. Останав збунета и го пуштив да си замине, да одмори но да не ме бара се додека не дознае што сака и не ги среди мислите. Неговите пријатели беа луѓе кои вртеа по 3 женски во исто време. Секогаш мислам дека нивното зборување дека треба да го живее животот го смени 360 степени. Ми кажа дека ме сака... ми кажа дека никогаш нема да ме повреди... но не си го одржа ветувањето што ми го даде. По 1 месец откако прекинавме слушнав дека се гледа со некое чупе и дека се допишува со многу други. Ми пишуваше на фб но не како предходно. Како да ме исмејува дека не сум како другите. Го злоупотребува фактот дека тој остана мој прв дечко и бакнеж. Незнам зошто сеуште ми пишува. На една моја другарка и кажал дека не сум мн битна и дека не жали дека ме изгуби.
    Но сеуште ми пишува... Зошто? Што сака да постигне? Премногу ме повредува секоја нова работа што ја дознавам а сепак молчам затоа што сеуште го сакам. Тој не беше таков. Не е веќе оној истиот. Збунета сум како можеше толку брзо да се смени. Сакам да го заборавам затоа што со сите постапки ми докажа дека не ме сака. Нема желба да ме врати... а се што остана кај мене се само спомените за еден друг и поинаков човек кој премногу и сеуште го сакам... стариот човек кој ме сакаше повеќе од се на светот.
     
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    252
    Бидејќи ти е прв и затоа незнаеш, чудно ти е како ти го направил тоа. Со моето искуство можам да ти кажам дека машките се такви... едноставно премини преку тоа стапи со некој друг во контакт знам дека е тешко.... и проблемите доправа доваѓаат енос ќе сфатиш каков е живото.
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ех девојче, имаш типично прво раскинување. Типов ти е тежок кретен според напишаново и сака да си поигрува некои ефтини игри. Зошто ти пишува не знам, ама знам дека сигурно не е дека сака да се смири и такви мити филмови, значи, да немаш лажна надеж во тој поглед. Плус и таму имал некоја друга, значи сигурно не му е намерата да те врати, ако сакал тоа убаво ќе ти дадел до знаење а не да те исмејува. Едноставно, како и секој втор кретен, си мисли дека ако ти пишува ти пак ќе се загрееш за него па ќе може да се фали на другарите дека уште трчаш по него.
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Вие сигурно сте поискусни. Јас знам дека е кретен и нема да му се вратам ако некогаш свати дека ств ме изгубил (што чисто сумнам). Незнам како можи сеуште да ме гледа во очи кога ќе се поздравиме. Зарем нема совест. Барем малку вина да чуствува да ме остави скроз и да не ме измачува психички. Со ништо не го го заслужив тоа. Нека си замине веќе засекогаш ако барем малку ме смета за човечко суштество. Навистина се плашам дека сите ќе ми го направат истото, многу ми е тешко.
     
  5. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Девојче па батали го не мисли на него веќе ,,знам лесно е да се каже ама ваков кретен кој без некое објаснување пологично сака да се одмори од врската не заслужува ниту една единствена секунда да мислиш на него.Немој да се потценуваш себеси па како може и осанатите да ти го направат истото па валда останаа и поштени момчиња да чекорат по земјава.Пробај да го заборавиш излагај најди си ново момче,па овој живот е прекраток да се жали по изгубеното.
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ambasadorka

    ambasadorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    Вистински кретен е типов дефинитивно. Воопшто да не жалиш за него, свати го ова како едно добро искуство за понатаму во животот, и да не му веруваш на секој маж. Почни да го игнорираш, кога ти пишува не враќај, или пак избриши го од контакт навистина лесно е каже, но безвреден е. Вакви мажи има на секој чекор мала си сеуште, но со тек на време ќе сватиш.
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EmmaBass

    EmmaBass Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Тоа што ти пишува значи дека тој си мисли дека може да те добие кога сака и дека те смета за златна резерва... ако нема со која ќе дојде кај тебе....навистина треба да престанеш да се допишуваш со него и да му покажеш дека не ти значи... можеби е тешко но сепак не те заслужува...а тоа што си ниска и слично е само твој комплекс... верувај знам како е и јас сум но тоа воопшто не те прави поразлична од другите :) сепак помалите работи се послатки ^_^
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Типичен кретен !
    Секоја девојка на различен начин го има осетено истото, верувај ;)
    Затоа, јас не се ни заљубувам повеќе :P :D
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    И јас веќе не... можеби понатака. :u: Фала што ми го дадовте вашето мислење. И јас се согласувам со вас иако ми е многу тешко. Животот продолжува сепак. :)
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Анабела,дечково нема свое јас.
    И тој не знае што сака,очигледно е под туѓо влијание :!: .
    Не грижи се,ќе има секакви машки,и добри и лоши,но секогаш не им дозволувај да си играат со твојот живот и со твоите чувства.
    Кога најмалку ќе очекуваш,ќе се појави момче кое ќе ти се допадне и ќе ти измами насмевка на лицето ;)
    Има девојки со поголеми проблеми,кои се оставени од првиот дечко со кој имале и сексуални односи :( ,ова твоево е само минлива фаза,прва љубов-секогаш боли и вечно се памти!
    Не му обраќај внимание на минатото,продолжи понатаму,животот е убав,не мисли на бившиот ,се ќе биде во свое време.
    Излегувај со другарките,шопинг,кафе,журки,ќе ти помине болката и нема да мислиш :emo:
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Единствен излез е да прекинеш секаков контакт со дечково.Не заслужуваш таков третман ти...Ке помине време ке престане да те боли.Има и други машки кои сигурно едвај чекаат да добијат шанса со тебе.Те излажал,ти рекол дека сакал да одмори од врската па фатил друга...ма не вреди ни да го пљукнеш не пак да зборуваш за него.
    Ти пишува бидејки мислам дека сака да те држи како резерва,да тепа време со тебе а се надевам дека грешам.
    Како што ти кажаа претходно мисли дека може да те има кога ке посака.Биди паметна заеби го ти. ;)
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.872
    Пол:
    Женски
    Дечково не е кретен, тој само расте и е во тинајџерски години, кога не му е само до една женска и сака да лудува и да го прави она што го прават неговите другари.Има луѓе што на негови години не се спремни за обврски и серозна врска, јас со дечко ми пример сум од 16 год и уште сме заедно, ама гледам брат ми има сега 18 и сака да се мава натаму наваму со различни девојки иако и тој имаше подолга врска што пред некој месец ја прекина тоа не значи дека е кретен.Така да може неговото однесување е лошо ама тој не размислува за тоа на тој начин, сеуште не е доволно зрел и сака да се покаже пред другите, дека не му е гајле, тоа не значи дека е така.
    Ние сме женски и знам како се чувствуваш ти, сите сме поминале низ тоа, ама верувај дека за некоја година ќе сфатиш дека ова не било љубов, туку чисто затрескување.Јас не велам дека не го сакаш, дека не ти е тешко, туку дека ќе сфатиш дека оа вистинското не се има на 16год со тримесчна врска, тоа се создава многу подоцна.
    Ова ти го кажува од искуство, зошто и јас пред оваа врска имав друга година дена и знам колку бев повредена и растревожена околу прекинот, ама знаеш што за некој месец бев веќе како нова и со сегашниот ми дечко, со кој сфатив што е тоа да сакаш и да бидеш сакан.
    Прв дечко и прв прекин, сите сме го имале и сите го преживеавме, верувај и ти нема да бидеш исклучок.Само, прави се дека веќе не ти е гајле за него, излегувај, шетај, најди нов симпатија и ќе видш за некое време стварно нема веќе да ти е гајле.Уживај имаш само 16 :)
     
  13. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски


    Гледај лепотице моја, висината, тежината, очите, косата, ушите ... Тоа нема толку големо влијание на љубовта, надворешниот изглед за момент го привлекува но потоа е се до карактерот. Немој да се разочараш, навредиш или слично ама јас мислам дека ако тој доволно те сакал ке преминел преку сите тие работи, а најпрвин преку самиот себе за да биде со тебе. Можеби не сте еден за друг. Немој да се разочаруваш и да копнееш по него ... Имаш 17 год сега си во најубавиот период од животот, излегувај забавувај се и повторно вљуби се ... Но овој пат гледај да е во некој кој те заслужува, некој кој е вреден за твојот бакнеж, за твојата прегратка, некој кој умира за твојата намсевка ... но не заборавај само ти таков можњш да го направиш ;)
     
  14. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Излези и прошетај. Не се затварај дома и за кратко време ќе се смееш на ова. Зарем времето ќе го губиш мислејќи на него, кога животот има толку многу убавини. Може лесно е да се каже, ама не е ни тешко да се направи. Имај само самодоверба, другото само со себе ќе си дојде.
     
  15. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    И 20 години ли се тинејџерски години.... Инаку јас за еден месец ќе полнам 18 години... нашата врска прекина пред три месеци. Многу чудно е тоа што сваќаат дека не се за сериозна врска дури по 1 година од врската. Јас бев спремна и затоа прифатив, бев со него затоа што ме сакаше. Сега веќе не ме сака а тоа е до карактерот. Сум била премногу заљубена и заслепена од нешто нереално. Има машки на негови години што постапуваат позрело. Мислам дека сепак се работи до степен на развиеност на неговата интелегенција. ;)
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.872
    Пол:
    Женски
    Можеби, јас не сфатив колку години е тој.По ова што кажуваш си го враќам зборот, се однесува како 15 годишен тинајџер кој не знае како се однесува со девојка.На 20 веќе треба да биде доволно зрел.Мислам дека ни тој не знае што сака да постигне, отргни се од него и пробај да го заборавиш, сигурно ќе најдеш подобар.:)
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Штом другарите му се такви, можеби и тие имале некакво влијание на него.. Како и да е, батали го, избриши го да не ти пишува само да не си даваш лажна надеж бидејќи очигледно е дека не сака ништо... Продолжи си понатаму со животот, млада си и сега во најубавите години си кога не ти ни треба дечко за да бидеш среќна. Сфати го ова како едно искуство повеќе во животот и продолжи понатака ;)
     
  18. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    И јас можеби не напишав појасно ;) Без разлика... Пробувам да го заборавам ама ств имаше многу негативно влијание врз мене и мојот став. Еве сега ми се пшта едно машко кое е неколку месеци помало од мене и многу е заљубен во мене. Ама некако неможам да имам ништо со него. Можеби е тоа што е помал... и може да ми се случи истата приказн... Чуствувавам дека се ми тргнало на лошо :tmi: Мислам дека подобро ке ми биде да одмарам некое време.
     
  19. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Анабела ,
    Не дека сум едно 10-ина години постара од тебе па тоа да ме прави попаметна па да ти давам совети, се гледа дека си паметно девојче. Види сега, со тоа што сеуште ти пишува- ти пишува само затоа што знае дека ти вистински го сакаш, па тоа што сака да постигне е токму тоа- да му се најдеш за некогаш кога ќе биди осамен, фактички го злоупотребува фактот што го сакаш и ти си му златен џокер....
    Второ, ти пишува оти е сигурен дека секој пат кога нешто ќе ти пиши ти обавезно ќе го прочиташ, како што е сигурен и во тоа дека секој пат кога ќе те сретни било каде ти ке му зборниш макар и едно обично здраво.
    Затоа, мој совет - да си олесниш себе си , и да сака немој да му се смируваш никогаш, тогаш само повеќе ќе бидеш повредена а тој ќе ја постигни својата цел. Сфати дека тој се заинтересирал за некоја друга, (да не звучам грубо) -си му се здосадила ( не дека си досадна-никако штом цела година сте биле во врска), но дека тој си врзал во главата дека заслужува нешто ново, поинакво, подруго....Ако вистински те сакал а му требала мала пауза како само за 1 месец веќе излегувал со друга??? Таа веќе му била најдена пред да побара да направите пауза.... а што е најтрагично ти кажа ли после таа негова пауза дека вие официјално раскинувате ....???....чисто сумњам...
    Јас кога би била на твое место- би го игнорирала, немој лајкови, не му одговарај ако те бара на чат, абе ко да не постои,(ако ти е тешко да одолееш-едноставно избриши го од пријател на фејсбук) Тогаш нема да следиш и побрзо многу побрзо ќе го преболиш... Следниот пат кога ќе го видиш, заврти си ја главата насмеана ако си со другарка-насмевка обавезно, и зборувај и неа а него игнорирај го. Ако ти пријди да разговарате некаде не биди некултурна, но одговарај му кратко и не толку заитересирано, па нека се мисли тој што сакаш ТИ ДА ПОСТИГНЕШ ;)
    И за крај драга моја :!: само да ти кажам дека како растеш и го шириш кругот на пријатели, ќе ти се отвараат многу видици , ќе осознаваш многу работи и ќе можеш да споредуваш и тогаш ќе сфатиш дека СИТЕ МАЖИ НЕ СЕ ИСТИ..... и ТОГАШ навистина ќе се ЗАЉУБИШ! Ќе сакаш и ќе бидеш сакана!
    Ова искуство што го имаше, беше за да те направи појака а не за да те уништи. Господ понекогаш во животот ни дава такви искушенија за да не направи посилни! Ќе бидеш навистина среќна!!!!
    Поздрав од :angel:
     
    На Aleksandar1212 и Anabela09 им се допаѓа ова.
  20. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Прекрасен совет од твоја страна :* Навистина дојде како едно големо освежување на моето размислување... ќе се обидам да те послушам затоа што знам дека си во право и ми го кажуваш сето ова со најдобри намери трошеќи дел од времето кое е скапоцено за да се губи... фала мн :) Секогаш
    ги почитувам советите на повозрасните и нивното искуство.
    Единствена цел на тоа што му одговарам на чет на фејсбук пријателски и се однесувам фино со него е да му дадам лажна надеж него. На тој начин нема да започне сериозна врска сметајќи дека ќе му се вратам во било кое време. Тоа што му пишувам ќе биди сватено погрешно од негова страна. Се разбира јас ќе продолжам со животот и веќе го правам тоа. Но тоа што ќе се заљубам повторно и ќе влезам во нова врска ќе биди како еден голем шок за него. Мојата цел не е да му се смирам штом ''Тој'' ќе изрази желба... туку да осети колку боли кога лажно се надеваш и веруваш па потоа си изигран. Овој пат ќе биде изигран од самиот себе. Сега со среќа за него... се надевам ќе му биди една убава лекција и шамарот што го заслужува. Во животот се се враќа и се се плаќа во свое време... а мене не ми се брза.. ;)
     
    На Aleksandar1212 и ANGEL1 им се допаѓа ова.