Дали знаеме храната што секој ден ја користиме дали содржи протеини, дали јаглехидрати или пак масти?? Кое е вашето искуство за која храна знаете? Наведете кои производи што содржат? Проверив и не најдов ваква тема ама ако не и е овде местото нека оди во канта И ако нешто не е добро формулирано променете
Лебот, компирот и оризот содржат јаглехидрати Месото( свинско, телешко, пилешко) содржи протеини Овошјето и зеленчукот витамини и олигоелементи Бананата содржи калиум, морковот содржи каротени Портокалот витамин Ц исто и кивито Рибата содржи Омега 3 Треба секојдневно да се венсуваат разновидни намирници за да се задоволат енергетските потреби на организмот, значи мора да се внесува храна од различно потекло, не смее да се внесува храна која има само јаглехидарти и протеини. Ако ве интересира нешто друго пишете ми лична порака
Најмногу треба да се внесува риба. Добра е за коските. Овошјето и зеленчукот се исто така многу важни во исхраната. Овошјето содржи природни шеќери и влакна. Треба да се избегнуваат белиот леб, печивата и компирот.
Бразилскиот орев содржи селен, млечните производи, портокалот и лешникот-калциум, копривата, спанаќот и цвеклото содржат железо, цитрусните овошја-вит. Ц, рибата и морските плодови содржат омега3 масни киселини... Општо, лебот и белите пецива содржат јаглехидрати, месото и млечните производи-протеини, белкови, но и витамини, овошјето содржи здрави јаглехидрати и многу витамини, исто и зеленчукот е богат со мноогу витамини. Се’ му треба на организмот, но во умерени количини преку избалансирана исхрана.