1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што цените најмногу во животот?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од 2468, 17 мај 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Па, ајде вакааа...
    што е тоа што највеќе цените во животот? зошто мислите дека треба да се цени? значи без разлика дали е материјално средство, некој личност, некоја доблест, особина...
    И што според вас мислите дека треба најмногу да се цени, да се вреднува?

    Еве јас лично најмногу го ценам здравјето, љубовта и страста кон нешто, амбицијата и нормално чесните луѓе кои се потпора на целото човештво :) мислам дека здравјето пред се најмногу треба да се вреднува, зашто без него ништо не би можеле да постигнеме.
    љубовта! таа не одржува во животот и во тешките моменти.
    амбицијата! желба, страст која не води кон врвот.

    Што мислите вие?? :)
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Најмногу што ценам е искреност и искрено вложениот труд.
     
    На kjukli и bubica13 им се допаѓа ова.
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Најмногу ценам-т.е во животот ми се најважни здравјето, љубовта и пријателството. Здравјето бидејќи џабе му е на човека се да има ако не е здрав, и ако е врзан за кревет. Љубовта ( не само од личност од спротивниот пол, туку и родителската љубов ) бидејќи е најубавото чувство што може да го чувствува човекот. И пријателството бидејќи „ Сам човек, за никаде е “ вели една поговорка. Таа кажува се.
    Најмногу ценам личности кои се со вистинска цел во животот.Амбициозни, цврсто одлучни кои зацртале нешто во животот и кои не запираат додека не го остварат.Пред се ценам паметни луѓе, од кои има што да научиш, ценам добри луѓе, кои не ја градат својата среќа врз туѓата несреќа, волонтери, хумани луѓе, вистински пријатели.
    Не ценам и ги рамнам со нула луѓето кое немаат свое јас и кои имитираат други луѓе. Луѓе-слепци кои и црното ако им кажат бело е, ќе се согласат. И безобразни луѓе, без општа култура, и со недолично однесување.
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Во животот ценам повеќе работи но и би можела да одвојам некои како:Брат ми,моите родители,другите роднини но не сите оние кои ме ценат ги ценам,1 другарка,исот така ги ценам и здравјтео,љубовта,среќата како и сите други.. :)
     
  5. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Најмногу ценам искреност, и помош
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Искреноста е една од особините што најпрво ги забележувам кај луѓето, ја ценам затоа што од човек што лаже не очекувај многу.Ги ценам луѓето кои се трудат да постигнат нешто или оние кои успеале , оние кои што оствариле некоја цел или тежнеат да остварат.Ги ценам храбрите и упорните, ценам искрено пријателство, семејството на прво место.Љубовта е ТАА без која не можеме, здравјето пред се , без здравје-ништо,ценам искрен разговор и ги ценам оние што заслужуваат, а секако не го ценам сето она обратно од напишаното погоре.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Најмногу ценам искреност,добрина,хуманост,луѓе кои што стојат на збор,кои што се почитуваат себеси,што знаат како да се однесуваат во дадени моменти,разбрани,доверливи,иако денес малце ги има,што не се лицемерни.
     
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Најмногу ценам...искреност, добрина, моето семејство нормално, безусловно пријателство,
    ценам..хуманост,... и уште многу работи што во моментов не ми текнуваат :fubar: :tmi:
     
  9. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Паа искреноста,помош,добар совет.. ;) едноставно луѓе на кои можеш да се потпреш..
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Си ги ценам моите, љубовта која ми ја пружаат сите околу мене, ги ценам луѓето кои и во добро и зло се покрај мене, ценам искреност, подавање рака кога треба, топлиот разговор со другарките, прегратките на дечко ми. ЦЕнам се кое ми дава причина за среќа. И најмногу здравјето, кое е основа за се. И моето и на тие што ги сакам.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.475
    Семејството,посветеноста кон нешто,уметноста,искреноста и љубовта на некој кон некого или нешто,во било кој облик.
    Ценам и добар шопинг на пример,ама не се важи тука! :lol:
     
  12. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    13
    Zdravje,ljubov,Iskrenost,prijatelstvo,humanost...mnogu sakam dobri,cesni i iskreni luge i gledam sto poveke da sum opkruzena so istite...
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Ја ценам искреноста ,љубовта,хуманоста ,семејството ,родот од кој потекнувам, искрените пријателства кои траат со години . ,ги ценам храбрите ,упорните,ги ценам сите оние кои знаат што сакаат во животот, и работат на остварување на истото.А нијмногу од се го ценам здравјето .Затоа што само здрави можеме да креираме убави нешта, и да цениме се што имаме.
     
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Здравјето,фамилијата,љубовта,чесноста,искреноста,довербата...
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Мирниот сон и луѓето кои што знаат да уживаат во животот онаков како што е.
     
    На Citko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    :y: :clap: се согласувам
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.823
    Пол:
    Женски
    Здравјето на прво место. Кога си здрав - можеш да имаш се. Другото е споредно.
    Ценам вредни, искрени и чесни луѓе - и самата се стремам кон тоа да бидам таква, затоа што сакам мирно да спијам.
    Ценам пожртвуваност, несебичност и давање од срце - ама не секој заслужува да се жртвуваш за него.
    Материјални работи не ценам толку - за нив си велам „како дошло така отишло“ - ништо од тоа не е постојано, нема трајна вредност, барем за мене.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Нормално пред се' друго, здравјето. Ценам паметни луѓе од кои може да се научи нешто. Убавината на малите нешта - некогаш навистина ситниците го прават животот.
    Не можам без Љубов. Дружбата со пријателите. Сите излегувања, излети, кафе-собиранки, ручеци, прослави, се' она што на некои нации им изгледа смешно, затоа што трпи работата, ценам што мојот народ е еден од ретките што знае вистински да се опушти и ужива.
    Си ја ценам слободата. Сите оние кои не се задоволуваат со просечности во секој аспект од животот и оние кои стануваат од спиење насмеани, затоа што уживаат во сопствената кожа. :) И си се ценам самата себе.
     
  19. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Se cenam sebe si!
     
  20. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Здравјето пред се !! ако немаш здравје џабе ти е се во животот .. потоа љубов :* , семејството секогаш да е до мене зошто не функционирам без нив .. пријателството кое ми многу важно :)