ќе Вид збор: Честичка 1. За образување идно време - за сите родови. Примери: Таму вечер ќе ноќуваме. 2. За минато-идно време. Примери: Се збираа, ќе одеа в град. Како да речеше Ефта, тие пак ќе одеа. Кога ја виде Петко, ќе паднеше во несвест. Отиде на мостот, каде што ќе поминеше брат му, и седна да чека. Младичот, кој не ќе имаше повеќе од шеснаесет години, фати збунето да го бара. Само одвреме-навреме ќе пукнеше по некоја пушка долу. 3. За идно прекажано време. Примери: Детето ми кажа дека утре ќе ни дојдел учителот на гости. 4. Со свршени глаголи во темпорални реченици. Примери: Викни ме, кога ќе дојде тој. Штом ќе разбереш, јави ми веднаш....
Секако дека им се може, нормално. Тие таквите најверојатно и ќе продужат така да се облекуваат, а ја нити можам нити сакам да им забранам. Иначе, не би рекол дека се соодветно облечени. Соодветно, да, за некоја професионална трка, ама несоодветно за рекреативно возење точак. Аналогијата со купачи од Викторија Сикрет не држи баш, затоа што тие се гардероба (облека, како сакаш наречи ги) и се наменети токму за употреба за општата популација. А велосипедистичко одело е спортска опрема, и тоа професионална, наменета за многу мала целна група - луѓе кои професионално се занимаваат со велосипедизам, а не за широките народни маси. Тоа е исто како за трчање на кеј да земам професионални атлетичарски патики, дрес и сл. или па за џогирање и кондиционен тренинг, да се избацам у комплет футбалски дрес и шорц, со копачки, пошто нели, така тренираат професионалните футбалери. Дали ми се може вака? - Секако. А дали ќе изгледам како идиот ако тоа го правам вака облечен? - Дефинитивно. Така нешто е и со точакџииве за кои пишував. Облеката нема да те направи да бидеш спортист - нешто друго е многу поважно. Секако, ова е мое мислење со кое ти (или некој друг) не мораш да се сложиш - очигледно е дека не сите го делат, зашто иначе немаше да има Пауер Ренџери на точаци низ градов. Поздрав!
Sakam da se najdam megju totalni stranci, lugje shto nikogash ne me videle i da pochnam od novo megju niv. Bez nekoja posebna prichina, taka samo chuvstvuvam deka sakam da se trgnam od site shto me opkruzhuvaat i nekogash me opkruzhuvale, nisho posebno ne dobiv od niv vo zhivotot osven pain in the ass, pardon my french. Ni edna najobichna lekcija, pa da kazham, eve, nauchiv neshto, kje mi se najde nekogash.
@Bender Rodriguez свaќaм декa некoму му недoстигa глеткa oд фрaер нa велoсипед сo штипки нa фaрмерките Амa дa, не мoрa сите дa сме слoжни кoгa се збoрувa зa вкусoви, мoдa, стил.
Жена во години, образована, вработена, наместо да си гледа на сопствената маса, седната во прилично скапичок ресторан во Центар, наместо да направи нешто паметно за општеството, или еве уште попаметно, да молчи, својата моќ и слава ги користи да исмее друга жена, јавно пред целиот ФБ аудиториум. Не размислувајќи на тоа дека женава има деца, кои исто така имаат ФБ, кои гледаат како нивната мајка е исмејувана од една новинарка, поставува слика со нечии нозе подизвадени од чевли. Не мислејќи дали жената има отечени нозе од бременост, од притисок, од стрес, од болест... Целта е да се исмева, да се понижи друго човечко суштество, со потајно задоволство што таа ќе се чувствува надмено и моќно. Комплексите набивани од дете, не се лечат со тоа што на ФБ ќе понижиш некој. Тие комплекси на една тажна и бедна жена покажуваат дека се работи за нешто многу полошо од пауза од работа и подизвадени нозе од чевлите. Сликава покажа колку една тажна жена може да посегне во омаловажување на друга жена, мајка, трудница, работна изморена жена, за да има лајкови на ФБ. Не ја жалете жената на која цел ФБ и се исмева. Жалете ја оваа другава, која нема ништо интересно на својата маса, која има страшна потреба од издигнување над другите, оти можеби дома е под нозете на другите. Сочуство жено, која и да си, комплекси вакви не се лечат на ФБ, туку на психијатар. Да беше моја мајка, моја пријателка ова на сликава... Ќе бев гневна. А сега вака од далеку, само ја жалам сликаркава. Не е тажно да те болат нозе, тажно е да се исмеваш на туѓа мака. Човечноста на најниско ниво. Дно.
Го видов и јас овој пост.Баш ја отворив сликата и не видов ништо толку страшно да предизвика толкава дискусија.И што жената ги потсобула балетанките кои ако се лабави знаат и незабележително да слизнат од нога,особено кога се седи. Можеби дека сум провинцијалка?
Да ти кажам Јоци ја поштувам по многу точки и храброст, ама многу почесто и ја читам невротичноста, него ли интелектуалноста во последно време и на мисла сум да ја одфренднам. Не ми е ама воопшто професионална. Да е Ина Многу фина, нели, пишувај си што сакаш... индивидуа со некоја не знам каква професија, како и еден куп твитерџии, прај си што си сакаш. Ама човече, ти си новинар и тоа јавно се знае, помири се дека секаде ќе бидеш тоа. За некои ставови ќе одбруси - си ја знам јас работата, одјеби, за други - одјеби, ова ми е приватен профил, што сакам ќе пишувам. Ми се допаѓало како критички гледала за некои збиднувања во државава, ама сега сфаќам дека моментот - новинар повеќе и било за ударање од гради и суета, него ли тоа да го пишувала баш професионално. Па она ќе ми пишува за култура, политика, политичка коректност...оди бре бегај. А исто така неконзистентноста во ставовите... дури и тажна и патетична ми е. Пак ќе речам, НОВИНАР Е, не е комшијава пред коперација шо менува став секој ден, пошо не располага со фактите кои ти како новинар ги знаеш многу повеќе. Кога веќе во многу наврати нагласуваш дека ти си НОВИНАР, па уште и се декларира како новинар за пример, онда остани новинар до крај, а не како ќе ти текне. Се сеќавам кога правеше жалопојки како била дислексичар како дете, па потоа како успеала и е супериорна во однос на сите други што и се смееле. Ах драга Јоци... ти фрустрацијата дека си инфериорна уште си ја носиш, да бидеме на чисто. Има тука многу работа на неа и многу причини зошто е таква, ама ќе речам... за греота. А искрено ја почитував и ги почитувам некои нејзини ставови, не да не, ама како знае да задлаби и да тресне без врска, па да се обвие јавно со некултура... Мислам дека е недозволиво. Мислам не е ништо поразлично од камерманката која клоцаше бегалци. Оваа може физички не ги клоца луѓето, може и не се бегалци, ама она е таа што застанува над толпата и е седма сила и отприлика треба да е на страната на народот кој вербално го клоца. Мислам дека ги премина сите граници со оваа фотографија. За да промовираш култура, прво треба да покажеш култура. Добро, да скратам - безобразна е, ифрустрирана, неисполнета и несреќна е. И претпоставувам дека нема среќа во љубов па логично ми е се ова. И не, ова не е силна жена која не трпи маж, туку е тажна и кршлива жена која плаче некој јако да ја гушне и сака, па и да ја среди во кревет да не знае кај е. Молим лепо, ако веќе тоа е нивото што го бара, тоа е суштината и вистината. П.С. На женава нозете не и се извадени на маса, кој носел балетанки знае дека знаат да бидат незгодни во оваа позиција и да се вадат сами. Ама нели, колку да се каже нешто... Jordanka Ivanovska-Joci 1 hr · Ве трпaм пo цели денoви сo пaлaмудењa кaј мене нa прoфил, сo вaшите пoлузнaењa и чaршиски "чуле-недoчуле" и кo ќе дoбиете пo нoс, не сум билa демoкрaткa. Мoре стaтуa нa слoбoдaтa сум зa вaс, штo ме гњaвите сo глупoсти !! Као она ТРПИ, разбирате? Паламудења трпела... Јоци е врвот на образованоста и знаењата. Да се собереме пред камени сите јавно да си ги запалиме дипломите и да се лоботомизираме за да не ја малтретираме Јоци, пошо полуписмени сме, само она е писмена и паметна. Ви реков дека си има проблем она со образованието и се поврзано околу тоа... Изборот на зборови ве издава бе ало... Пишуеш глупости - ќе те гњават со глупости, тоа е работата, како не разбираш?
Како да ви кажам дека со лижењето гзови неможе да станете некој и нешто. Може да мрднете само сантим, ништо повеќе. Па луѓето не се толку глупи бе да не сфатат дека им го бакнувате задникот цело време, ама им годи, и те како им годи на некои, па не губи ништо ќе ти даде сантим со цел да те гледа како продолжуваш уште подлабоко да му навлегуваш во ч*арот и да ти се смее и да му го полниш егото. А ти што си направил, ништо, си мрднал само еден мочан сантим и утре ќе се вратиш 10 метра назад. Никој не станал човек со лижење гз ниту добил почит од некого, ниту направил нешто многу значајно. Не те бива ко човек колку и да си профи во лижењето задници, секогаш ќе останеш гнида. Да биде уште потрагично ваквите особи коа ќе се погледнат во огледало си се гордеат бе, си мислат леле којзнае што направиле, еј овој глуп му го полижав гзето и одма падна, па не бее, ти падна смотаницо ниедна! Не се успева така во животот бе, ако не заслужиш почит ќе си останеш цел живот само да бацуваш дебели задници, а почит не се заслужува така, терба гзот да го испотиш за тоа.
Абе и тоа... ама па да не можеш да се начудиш кој е поголем шупак, тој гзолижачот или тој па што му се пуни егото кога му го лижат гзот... Да ги нема овие што паѓаат на тоа и им се пуни егото, не би постоеле ни гзолижачи. А кога ќе видиш па и тие стигнале така до таа позиција... Кад погледнали смо... Денес темава ми е коњак, кај ме дирна...
Денеска од попланево се до пред некој саат не престанав да зборам и тоа не со било кого муабет туку со МАМА Абе едно и кажувам друго мислам што наредно да и кажам па трет муабет ми се врти во глава.Како навиена па грејна неможеше веќе ,немаше сила па легна да спие Ќе имам време кога да и кажам се што мислам ама финтата е дека заборавам и ми текнува кога не е до мене ,ќе си земам лист и пенкало па ќе си бележам се што треба да и кажам за да не заборавам,што си е сигурно сигурно е
Искрено не ме ни чуди ова, очигледно е дека Ина Многуфина ѝ е идол. Ги читав коментарите на ФБ и некои се противеа на сликава, а таа искоментира дека фејсбукот е јавен простор и што сака може да става и објавува, па дури и дека морала да се премести зашто била блиску до неа. Жално е ова што се прави на денешно време и што сè не прават само за да бидат во центар на вниманието, да се исмејат на други и да добијат по некој беден лајк. Да му е шубе на човек да излезе од дома и да се опушти некаде, одма ќе биде на мета од вакви фаци.
После неколку неуспешни обиди конечно денес научив како да напишам тескт во спојлер, радости Spoiler Ај сега добра ви ноќ на сите.
И сега знааам, јас неможам без тебеее .....Сега знааамм, ти си ми сеее... Spoiler Ај ке се тешам со нашите мајонези ама овој е незаменлив бе луѓе. Ама брзо ми се потроши, не разбирам како, само три пати на ден јадев од него. (смајли со дигнати раменици)
Dobro utro od mene i macevo. Nemam pojma od kade dojde, vazno sekoe utro me ceka na prozor. Mackite ne mi se najomileni, ama mlekce sekogas ima za nea
Неделава сум во таков хаос што не може да има повеќе. Се си мислам, добро само јас се потам волку по автобусиве на пеколново време, па увек имам резерва маичка у ташна. Или како само јас се враќам мртва уморна секој единствен ден од неделава. И си викам, нешто не е во ред со мене... Кога тоа, топлотни бранови биле мајката. Епа фала многу, ме просветливте! Идам да се потсредам вака утрински - поспано уморна, денов длабоко е започнат, па да го потфатам малку...
Чувството кога после четврт век живот за прв пат почнуваш да користиш ноктарка за ноктите на рацете...нема таква придавка која што го опишува богами. Пооолека полека праксирам, иако левата рака уште ми прави проблеми, ама дотука било ако не се усовршам до перфекција. П.С. Абе сигурно сме 18ти септември? За времево прашувам...