Главни улоги: Хит Леџер, Џулија Стајлс, Џозеф Гордон-Левит и Лариса Олејник. Филмов е од 1999 година. Овој филм ми е најомилен од сите тинејџерски филмови што сум ги гледала. Најинтересна ми е оваа сцена. http://www.youtube.com/watch?v=S7N6kB11GpE Штета што Хит Леџер не е повеќе меѓу нас.
Хит Леџер и Џулија Стајлс си одговараат како пат. Она не сакаше ни да слушне за дечко, ама на крај не можеше против емоциите.
Овој филм е еден од оние кои ги одбележаа моите тинејџерски години и дури ни ден-денес не ме остава рамнодушна. Сум го гледала кој знае колку пати, секој пат со истата љубопитност и исчекување како да го гледам прв пат. Лесен, романтичен, забавен и интелигентно духовит...
Можам стопати да го гледам! Лесен тинејџерски филм, ама ете има нешто посебно. Дали и сега има вакви тин-филмови, со душа?
Обично не гледам такви филмови ама за да ти одмори душа се ок. Го имам гледано многу пати. Плус интересно е времето во кое е сниман филмот и стилот, едни носталгии..Плус Хит Леџер...
Постои физичка сличност помеѓу актерите во главните улоги, до степен што можеле да глумат и близнаци.