Серијава е брутална на некој емотивен начин. Од првата епизода, само те зграпчува и не пушта. Форматот со една снимка прави се' да се чувствува реално, како да се заробив во истиот спирален кошмар како ликовиве. Стивен Греам е феноменален. Таткото на Џејми, гледам и само можам да ја почувствувам неговата фрустрација, вина и беспомошност. Овен Купер како Џејми.Ликот на детево е еднакво потресна и застрашувачка. Не знаеш дали да се чувствуваш лошо за него или да ти е језив. Темите тешко се погодени - колку токсичните онлајн простори можат да ги искриват младите умови, како родителството во дигиталната ера е практично невозможно и како момчињата ги апсорбираат овие опасни идеи без да го сфатат тоа. Третата епизода, која во основа е само Џејми да разговара со психолог, можеби е една од 'најјките' работи што сум ги видела. Стварно ме здрма. Единствена маана што би додала е: Некои од дијалозите се чувствуваат малку премногу на нос, како писателот навистина да сака да ја каже поентата. И последната епизода, се чувствуваше малку избрзано во споредба со тензијата со бавното горење што се создаде претходно. Но, генерално? Вознемирувачко е,но дефинитивно те остава да зјапаш,само да го сфатиш сето она што штотуку го гледаш.
„Oва е сè поголем проблем и кај нас. Младите сè помалку комуницираат во реалниот свет, а сè повеќе живеат во онлајн заедници што ги радикализираат. Наместо емоционална поддршка, тие добиваат идеологија што ги учи дека жените им се „должни“, дека општеството ги мрази, дека единствен начин да бидат забележани е преку агресија. Мајката! И тука доаѓаме до најнегативниот лик во серијата – неговата мајка. Жена која толку длабоко верува во патријархалниот модел, што не гледа како нејзиниот син се дави. Наместо да го разбере, да му даде простор да биде ранлив, таа дополнително го турка во бездната. Ова е проблем со кој се соочуваат многу мајки во Македонија. Во обидот да одгледаат „вистински мажи“, тие ги учат своите синови да ја потиснат секоја емоција, да бидат груби, да не плачат. Но, не учат како да се справат со животот, како да ги разберат своите чувства, како да побараат помош пред да биде предоцна.“ What? Мајката е најкрива во Македонија. Секогаш. Дали да плаче човек или да се смее, не знам еве. Све е на нејзин грб, куќа, работа, деца, и мајките се криви за ситуацијата и они така ги воспиале децата. Зашто пффффф што е таткото тука, фигура ли е не ли е да учи од него синот. За грев.
Оваа што го пишала ова луда ли е или нешто и фали?Мајката и таткото се трудат и двајцата ама изгледа на жена непритател крвен и е жена не машки и род.Не ми се верува која е оваа новинарка,жена или што и да е ,ја најде крива во целава приказна жената.Ја гледав серијава ,се трудат обајцата како семејство,ама еве се случува нешто лошо и мислам детево е такво ,не дека тие многу како родители потфрлиле ,прават се што можат.
Ја изгледав и јас. Искрено, татково не ми се виде ко нешто претерано лош. Да, она бабиштено радознало и јас уште бетер ќе го испцујам во фаца, тој дури и мек беше. Односот кон жените во фамилија му беше океј. Не сметам дека многу газеа мајката и ќерката по јајца околу него, реално тој ми се виде најпогоден во ситуацијата со детето, тој го изгледа видеото како детето го убива девојчето, тој беше на муабетите со полицијата, дури и сметам дека ок се носеше со цела дешавка. Криви се родителите со делот што не му го корегирале тоа тантрум понашањето кај синот, нешто што мајката го укажа накрај. За друго, јас не би ги обвинила. Детево го има она психопатското во него, затоа и дошло до убиство. Сплет на нарцис со психо, додади агресија ако не му одиш по кејф. Мило ми е што појде кајшто појде, прашање на време кога ќе се десело. Вакви за жал, не се лечат. Мислам дека ќе има уште повеќе со оние култовите на женомрзачи што ги следат. Но сепак, си треба посебна спојка за да дојде до убиство. Па и после да збори како ништо лошо не направил, никаков проблем, ни вина, ни срам. Камо сите вакви со снимки да ги фаќаат, да немаат излез да се бранат, нека изгнијат по затвори.
Мажот не е воопшто лош и се труди,исто и мајката ,ама детево не е добро.За секое одбивање во живот ако некој реагира,жив човек ке немаше.Пример и од нормално семејство може да биде убиец.Ако родителите го бранат своето дете ,и знаат за вината што е направена тогаш многу се криви.Секој треба да си одговара за себе и да биде морален,тоа е човештво и хуманизам.Имаше една кога ,,ВО ОДБРАНА НА ЏЕЈКОБ"која раскажува за потенцијално дете убиец.,ако некој ја читал.
Ќе ставам се во спојлер, пошто не знам што треба да е таму. Spoiler Интересен концепт е со one take shot секоја епизода. Не знам како успеваат, особено кога сите глумци според мене беа врв. Првата епизода, ќе беше подобро да не знаев за што е серијата пред да ја изгледам, зошто претпоставувам ќе се прашував зошто така упаднаа и уапсија дете, за на крај да ја покажат снимката како ја убива Кејти. Како публика мислам дека највеќе ќе се поврземе со таткото, кој врвно ги одлгуми сите сцени. Почнувајќи од шок и загриженост, неизвесност. Потоа како сакаше да го заштити Џејми, страв да не згреши нешто, довербата дека ништо не направил (затоа му рече да ја пуштат снимката) за на крај пак да се шокира. Втората епизода, како и останатите 2, всушност прикажуваат се што е проблематично со екстремна суптилност. Почнувајќи од детето на полицаецот, како не сака да ги донесе тешките одлуки и го остава тоа на жена му (во првата епизода, кога рече прашај ја мајка ти). Потоа кога ги претставуваа пред класот и заборавија да ја претстават жената полицаец. Колку беа ладни и не ја сфатија озбилно другарката на Кејти, за толку внимание да му посветат на другарот на Џејми. И на крајот кога го уапсија, пак и рече на жената полицаец да ја истера целата процедура додека отиде со син му на ручек. Сцената со бркањето беше прилично комична, пошто со цела сила се трудеше да НЕ го уапси за 1 секунда. Детето беше во full speed running, додека овој беше во light jogging mode. Беше доловено и како сите родители се зафатени со работа, со тоа што поим немаат што се случува со децата. Третата епизода дефинитивно е најинтересна. Генерално тука што читав таа највеќе и се дискутираше. Само еден дел што не се спомна мислам дека беше интеракцијата со психологот и човекот од обезбедувањето кај камерите. Цело време ја зјапаше, буквално и се внесе во простор додека го гледаше Џејми на камерата и се обидуваше да разговараат, додека она само се трудеше да си ја сработи работата. Баш долови како технички ништо погрешно не направи, ама цело време се осеќаше тензија низ тие сцени. Мислам дека тaa сцена беше генијална, зошто беше нешто најреално претставено во серијата. За останатото со Џејми, извлековме како размислува и реагира. Цело време се чувструваше супериорен со психологот, се додека не влезе обезбедувањето. Мајка му ја гледа како слаба и неспособна, татко му му е идол. И мислам дека ова беше клучна работа да се запамти. Кога го праша дали разговара со татко му за чувства или нешто слично, рече не, демек не бил геј. Што реално е како размислуваат повеќето мажи. Серијата реално покажува зошто се тоа е проблематично и до што може да доведе. Друг клучен момент е агресијата што ја покажува кога не ја добива реакцијата што ја сака од психологот, како и цело време и прави negging. Суштината е дека како поединец се осеќа многу инфериорно (кога кажува дека е грд), што му создава потреба да ги деградира жените за да бидат под негово ниво, затоа што за него тоа е реалноста (клучниот момент како има негативно мислење за мајка му како инфериорна). Се тоа го потврдува кога кажа дека само кога Кејти била најранлива и приоѓа, зошто само тогаш мисли дека има шанса. Четвртата епизода е целата фокусирана на таткото со причина. Знеме од третата епизода дека има проблеми со агресија. Многумина може ќе речат дека не е токсичен или агресијата е оправдана и токму тоа е целата суштина на серијата според мене. Колку е се ова нормализирано. Да, поминал низ пекол. Ама истото го поминуваат и жена му и ќерка му, само што тие се позадински ликови. Многу очигледно беа вознемирени кога му се дереше на детето и ја фрли бојата на комбето, ама пак нивните емоции беа у позадински план, неговите беа побитни. И тоа е тоа што го гледал Џејми дома. Од друга страна таткото не ги гледа на ист начин жена му и ќерка му. Инцелската култура дефинитивно доаѓа од интернетот. Ама прашањето е зошто потпаднал под нејзино влијание? И тука имаме примери како таткото не знае да се справи со емоции. Кога видел како Џејми не го бива за фудбал, го игнорирал тоа затоа што не знаел како да се справи. Со тоа не му објаснил никако на Џејми како и он да се справи со самодовербата. Фактот што не го тепал како него татко му што го тепал си го дава како рационализација за добар родител. А според мене суштински со четвртата епизода баш се комплетираат сплетот на околноси кои водат до целото убиство. Џејми го оставаат сам во соба на компјутер, мислејќи дека е безбеден. Ама мајката кажува дека седел многу касно на компјутер и кога ќе му кажела да оди да спие, не ја слушал. Башка тоа кажува дека Џејми бил и самиот агресивен по дома. Мислам дека практично го долови секое второ дете. Сумирано, мислам дека тоа што води до Џејми да ја убие Кејти се сплет од околности. Имаме неприсутен татко, кој не знае како да се справи со емоции, затоа што така едноставно е воспитан. Имаме мајка која ги приотизира чувствата на таткото и која Џејми ја перцепира како инфериорна, затоа и таа нема никакво влијание или контрола врз него. Имаме интернет кој ги изложува децата буквално на секаква содржина, бидејќи родителите немаат никаква контрола врз нив. Имаме булинг, но не само кон Џејми. Практично скоро секое дете во школото беше изложено на некаква форма на булинг. Се тоа води кон Џејми да има инцелски поглед и неконтролиран бес и под сплет на околности да ја убие Кејти. Моментот што немаме судење и јасен крај, во смисла серијата да ни каже ја убил ради тоа и тоа е буквално целата поента. Преку четири епизоди и низа суптилности ни покажува што довело до тоа. На крај родителите се прашуваат каде погрешиле или што можеле да направат подобро и мислам дека после серијата секој родител би се прашал истото, што е целта на серијата според мене.
Не е вистина ова, страницава е само фан страница, нема поврзаност со нетфликс. Дури и да има втора сезона имаат официјално кажано дека ќе следи друг тинејџер или тинејџерка и ќе биде друга приказна, не истава.
Анализа на серијата од Јерговиќ https://www.jergovic.com/petak-cetr...jdzera-koji-je-razrednu-drugaricu-izbo-nozem/
Мислам дека е погрешно да се протолкува од серијава дека детето има некој психички проблем или ментално пореметување. Баш напротив, јасно е прикажано дека темата на серијата е маносферата и нејзините најсериозни последници, а не психолошки трилер и да одгатнуваме зошто се случило убиство. Знаеме зошто се случило, ни покажаа. Во тоа беше и генијалноста според мене. Место да ни надробат и изџвакаат, само нè носеа со нив во сите локации кои соодветствуваа на факторите што влијаат: школото, интернетот, семејството. И сè беше нормално, ништо ново не видовме. Школото хаотично како и секое друго, семејството нормално и несовршено како и секое друго, детето исто како сите други... Толку е сè нормално што на крај не можеме да обезбедиме доволна причина за да пронајдеме вина кај некој. Ама како што веќе и кажаа неколку од вас, вината е сплет на околности кои доведуваат до тоа инселскиот мајндсет да се манифестира во најагресивниот негов облик. Значи не може да кажеме, е сите имаат гледано видеа од Ендру Тејт па не се убијци, насилници итн. Демек мора да има нешто друго. Не. Нема нешто друго. Тоа е блупринтот. Како што зависи дали некое семе ќе се фати некаде од тоа во каква почва го садиме, така и овде. На некои деца ќе влијае, на некои не. На некои ќе има мал ефект, на некои ќе им го обземе цел живот. Во овој случај ни беше покажано од серијата дека тоа што Џејми имал ниска самодоверба, недоволно внимание дома, како и лош пример за мажественост од татко му (што се срамел дека не знае да игра фудбал), му создало погодна средина за flourishing на инселските идеи и инселскиот светоглед што понатаму е единствената причина што стигнал до степен да убие. И ако треба да се извлече некоја поука, нека не биде ,,психички е пореметено детето", или ,,технологијата е зло", или ,,треба телефоните обавезно да се проверуваат". Туку да се трудите(ме) како родители, наставници и дел од пошироката средина да ја направиме почвата за инселството што понеполодна, со разговори, со учење на емпатија и почит кон жени и девојчиња, од најмала возраст. Секако тука спаѓа и еден вид контрола на содржините што децата ги примаат, ама не контрола во стил дај да видам што гледаш по цел ден на тој телефон, туку правење напори да се биде дел од нивниот свет да пријателски начин. Ама фокусот да не биде на мониторинг, туку на тоа да бидат децата доволно цврсти во тие основни вредности на анти мизогинија, за дури и кога ќе бидат изложени на Ендру Тејт да можат самите да го етикетираат тој мајндсет како деструктивен.