Девојки вие поискусните да ми кажете дали е сигурен селеров ? http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 85937.html Прв пат порачувам,па малку сум збунета Фала ви однапред
Па јас лично би порачала од него. Нема нешто многу порачки направено конкретно за овој производ, ама селерот има добар фидбек. Мене ми се многу допаѓа системот и заштита на купувачот кај Али, некако ми е најорганизирано и веќе не се двоумам многу при порачка, ако нешто не оди како треба, секогаш парите ги враќат бргу.
Фала многу девојки пред 2-3 дена ги порачав но не бев баш сигурна,па сакав да прашам Е сега уште едно ама за тие што носат наочари или се малку повеќе упатени во ова тема. Стандартна големина се наочирите така?
^ Јас нарачав наочари баш, стандардна големина како за возрасен. Сакав да прашам, дали повисока цена значи подобар квалитет? За оваа ташна ме интересира http://www.aliexpress.com/item/HOT-...ulder-small-bag-messenger-bag/1525539080.html, ја има низ различни „продавници“, а цената варира од 7$ па до 50тина $ стига. Оваа на линкот има добри коменари, па се мислев дали да ја нарачам. И уште нешто да прашам. Што ставате во полето State/ Province/ Region? Сакам да и порачам на мајка ми, на нејзина адреса да стигне во Скопје, ама не ми го дава тоа поле празно да биде, а ко што знам под никаква стејт или провинција не се води Скопје.
^ Земи лист хартија и замотај го околу тој прст каде планираш да го носиш, најдоле каде завршува прстенот и обележи со молив. После измери со ленир колку мм испаѓаат и кога ќе нарачаш гледај ја табелата кај продавачот, а доколку нема таква, тогаш побарај да ти ги каже точните големини и во која вредност се (има US/Canada, China, EU, mm и други) и споредувај ги твоите мм со нивната табела.
Срцка, сеа едно мн глупо прашање ке поставам Немој многу да се смееш. Си го мерев средниот прст и ми е 6 см ( 60 мм) е сеа селеров нема такви димензии, туку бројки од 5, 5.5 6. 6,5 итн и кој да го одберам 6?
не,туку тие 60 мм ќе си ги најдеш во табелата долу што е во детали за производот и ќе ти пишува 60мм на кое бројче одговара
А не пишува според чиjа мерна единица му се броjките? Наjдобро е да му пишеш порака на едноставен англиски и да прашаш за големините во мм. Обично за помалку од 12 часа одговараат.
отиди во некој бутик за бижутерија и пробај од прстените кои ги имаат, ако стои лишче со 16 големина, кај кинезите е 6, 17 е 7, 18 е 8 и.т.н вака најубаво ке знаеш кој бр да порачаш
Девојки јас пред 2-3 дена ја направив мојата прва нарачка дали некоја од вас може да ми каже што значи ова --Days Remaining: [ 6 days 10 hours 49 minutes ] инаку ова стои во последната графа од нарачките, дали чекаат прво пари да им се префрлат па да ми ја одобрат нарачката или ова им е стандар процедура
^Сосем е нормално тоа што ти се појавува. Толку има фора селерот да ја прати порачката, во спротивно автоматски ќе се поништи и ќе ти бидат вратени парите
Зошто не ми ја прифаќа нарачката? Плаќам со visa за интернет наменета но сега воопшто не ја процесира. Веднаш ја одбива... Ви се случило или знаете што е причината?
Дали му се случило на некој да му стигне дефектен производ од алиекспрес? Порачав рачен часовник и ми стигна дефектен, не работи...Отворив диспјут и постирав видео од кое се гледа дека не работи часовникот и сега пак ми барат некои докази и пак ќе им го пратам видеото.Не знам што повеќе сакаат. Барав делумен refund ама не го прифаќаат и предлагаат да се врати назад часовникот за целосно да ми ги вратат парите Првапат порачувам од алиекспрес и веќе не верувам дека ќе порачам нешто слично, барем не рачен часовник
Има некој нарачано старки? Некој добар селер? Сакам да најдам квалитетни по можност оригинални но помала цена од овие тука кај нас