Пред две три години кога нарачував од Али ми стигаше на адреса сега ве читам за некакви картончиња, зар не стигаат на домашна адреса порачките?
И јас имам тогаш порачано, само некоја пратка ми стигна, пола стојат 1 недела во пошта од моиве пратки, ќе ни ги донесат деновиве значи на двете.
Покана за превземање препорачана пратка, строго примателот со лична карта. Тоа треба ако поштарот не го најде примателот дома или ако го мрзи да ја влечка пратката или истата многу му е голема или тешка. За жал, често забораваат или ги мрзи да пополнат картон и така пратката се враќа на испраќачот заради непревземање што не е вина на примателот.
Во пошта веќе 10 дена една пратка ми стои, а другите по 1 недела. Ви каснат и вас пратките сега или што е работата што не ги носат...
Во пошта ти е.Сега,не знам во Скопје дали ги распоредуваат по локалните пошти по населби,кај нас нема такво нешто.Би требало да е во главната пошта,веројатно железничка како што пиша.Оди слободно.
Мене не ми стигна картонче, а ова го пишува: И сега не знам дали е ова во поштата во Чаир, зошто другарка ми од таму си ги подигнува пратките од Алиекспрес и истиот реон живееме. А и неделава сум на работа и не можам да ја подигнам пратката, а страв ми е да не ја вратат назад ако не ја подигнам. Дали може татко ми да ја подигне ако покаже лични карти од двајцата дека сме на иста адреса? Ако не, наредна недела би можела да ја подигнам ама да не е касно до тогаш.
Вака кога пишува обично веќе поштарот ја има преземено, треба за ден два да ти ја достави. Иначе може било кој да ја подигне кога ќе ја донесе поштарот, ни лична карта не бараат и мене татко ми ми ги зема пратките.
Во мојава пошта не даваат друг да превземе иако носи лична карта. Би требало во Чаир да ти е стигната пратката ако си во тој реон.
Јас па ова ДоставаОтк кога прочитав, ми се уврте во глава Достава откажана и паники ме фатија хаххахаха. Старо се осеќам, поима немам што се дешава, прв пат сама си нарачувам, друг пат се некој друг ми порачувал и ми ги давал после само. Супер ако ја достави поштар.
После ти допишав дека дома чим ти ја донесат може било кој да ја подигне, не бараат лична. Само таму на шалтер бараа. И ја од летово порачувам првпат али ги научив отприлика веќе што им значат ознаките, 300 пратки испорачав за кратко време.
Дечки треба да ми вратат пари поради тоа што не ми стигна производот. Ми го испратиле ова. прв пат барам рефундација, па не знам. Што треба следно да пополнам?