Фала ти Али за се', денес официјално отиде во историјата. Ми стигнаа и последните порачки и го избришав профилот. Она што го барав на Алиекспрес, на Тему го има поевтино, а и стигнува побрзо. Но и општо сакам да намалам со купување производи преку овие платформи, со сомнителен квалитет.
Здраво дали знае некој да ми каже каде е ова во царина или во пошта крајна дестинација од 3 ти вака стои, не се ни јавиле ако треба да платам, нешто над 100$ е пратката.
Во главната пошта е, поштарот на адресата ќе ти остави ливче деновиве. Без ливче ништо не можеш да направиш.
Дали и од Алиекспрес пратките веќе целосно ги носат по карго? Обично накит нарачувам од таму и во поголеми количини, безвезно ми е да се бркам цело време со каргото за едни обетчиња од 50 денари.
Со поголема вредност ги носи карго ,иначе поштарот.Имав една пратка 300 ден ми ја донесе карго а под 300 пошта ,бар кај мене е така
Претходните пати по еден пар обетки имав нарачано, буквално од по 100, 150 денари и од карго ми ги донесоа.
Можно е и тоа.Незнам другите пратки ми беа ептен ниски суми по 50 ден ситници некој,само таа беше 300 ден.
Само месец дена? Мене ми стигна пратка по 7 месеци, веќе кренав раце и ја заборавив бидејќи беше 100 денари.