Пред некое време ги донесоа производите на Апивита во Македонија низ аптеките , па можеме овде да коментираме за нивните производи Станува збор за грчка козметика, со од над 90% природни состојки. Јас лично околу 10 години ги користам и скоро од се сум била презадоволна, особено од маските за лице, кремите за сончање, средствата за миење лице, пилинзите за тело... Особено многу ми се убави сетчињата , мини производи што се доволни за испробување. Најчесто ги даваат со несесерчиња( внатрешниот дел е составен од 100% рециклирани пластични шишиња)
Во merifarm аптека и во Марија гален фарм гледам ги има, имаат пишано во подобро снабдените аптеки. Во Зегин и Еурофарм се уште ги нема