Како бе 25000 илјади, сериозно ова? Па само кафе можам да варам за тие пари. Ете наш сељо кога ќе се покондури, стварно безобразно. Претпоставив дека немаат големи плати, ама ова е ту мач. Тоа сега, во 2025 година?
Микроменаџмент, лоша плата.... Искуство од една познаничка. Па ко ќе речат, зависи дали ќе му се свиѓаш на клиентот... И овие ко Causeway Connect. Телефонско интервју, абер нема 2 недели (ајде ок тоа, премногу кандидати) за на крај да не се добие повратен одговор дали си примен или не. А најјако ми е ко ќе речат, напрај им follow - up меил. Зошто? Демек ме тестираат на стрпливост? Не, извинете 2025 сме, не сте единствени. А и сами кажавте дека ќе добиеме повратен одговор.
Најчудно ми е кога ќе те одбијат и за кратко пак се пушта истиот оглас… или не најдоа будала што ќе им работи за мизерната плата или важно е само ЧР да има работа. Тоа ми се случи кај две фирми во кои аплицирав, а бев соодветна ама си барав “понормална” плата.
За да видат кој е (нај)очаен, така јас го сваќав секогаш тој момент на follow up mail. Дефинитивно е тоа, не им се брза, бараат некој што ќе прифати минималец за да стане "дел од тимот и дел од семејството" плус да е пресреќен за пица ден од фирмата и членарина во некој фитнес центар. Иначе цо врска со фирмава ме зачудивте, имав пријатели ама сега немам контакт работеа подолго тука и суштината беше дека зимаа огромни бонуси после секој проект (неколку илјади €). Ама може е сменето доста. Ама чим се газди наши иселеници од нив не се очекува многу. Се надевам никој нема да им се нафати за 25К.