Денес ја добив мојата прва нарачка од Efi natural cosmetic ( https://efinatural.com/ ) најпрво се консултирав со Ефи, девојката што ја произведува козметиката за рутина според мојот тип кожа , години , каков проблем имам и слично, решив да и дадам шанса , ми се допаѓа што сите производи се со природни состојки и секако сакам да поддржам македонски бренд. Овој бренд постои веќе 7 години, се наоѓаат во Гевгелија. Порачав две креми за лице , едната ќе ја користам како дневна , другата ноќна , два серуми со хијалуронска киселина и AHA киселина (овој ми рече да почнам да го користам само навечер од октомври) , средства за миење лице , за вадење шминка, тонер и крема со минерален фактор. Ми ставиле плус лабело подарок. Сакам да пробам наредно производи за коса. Дали имате пробано производи од овој бренд?
Целиве сетови за рутина ми изгледаат одлично, би ги испробала понатака, сега имам доволно производи што ги користам. Досега не знаев за брендов.
Имам еднаш пишувано меѓутоа шампонот за коса на Ефи ми ја спаси косата после фарбање и ми ги врати локните а и природниот изглед и сјај на истата. Ептен сум задоволна а бонус и многу ми се допаѓа тоа што амбалажата е повратна па можеш да си добиеш попуст при враќање на шишето. Многу убави продукти си избрала баш пиши како ќе ти се погодат ме интересира. Јас сакам да ги испробам лабелата и средството за миење лице.