From (2022)

Discussion in 'Серии и емисии' started by @ceci11, Jun 23, 2023.

  1. @ceci11

    @ceci11 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2020
    Messages:
    1,570
    Likes Received:
    1,695
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    Премиерата беше на 20 февруари 2022 година. Во април 2022 година беше обновена за втора сезона, чија премиера беше на 23 април 2023 година.

    Во кошмарниот град во Средна Америка што ги заробува сите што влегуваат, жителите кои не сакаат да се стремат да останат живи и да бараат излез, измачувани од застрашувачки ноќни суштества од околната шума и тајните скриени во градот.

    Не видов тема за оваа серија, па си реков да отворам. Можеби има други кои ја гледаат па да коментираме заедно. Не сум особа која сака хорор серии/филмови ама оваа ми се допадна.
    Ја чекам последната епизода од втората сезона/финалето. Па да видам како ќе заврши....
     
    staycalm and daylight like this.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,409
    Ми ја зеде темата од тастатура :D



    Ми се допадна најавната шпица со песната, не насетуваш дека ќе биде хорор, можеби крими семејна драма или трилер.

    Се прашувам зошто никој од „заглавените„ во градот пеш не се обиделе да продолжат по асфалтираниот пат прескокнувајќи го дрвото, а можеби па во следната сезона ќе се разоткрие.
    Интересни беа ликовите на шерифот Бојд, Дона - водачката на куќната колонија, Отец Катри, недозреаниот Виктор - најдолговечниот во градот, и на свој начин Смешко - насмевка што се памти. Но ликовите на Кени тајланѓанецот(?) - помошниот шериф, Џим - таткото на фамилијата со приколката, ми беа многу иритантни! После толку искуство, глупи не сфаќаат што се случува иако со свои очи гледаат и дури претходно на другите ликови им го предочувале истото. А ликот на Сара или поточно преодот кон промената на нејзината улога од психотична, себична и опасна во некоја што се кае и можеби може да помогне, некако ми е невешто и недоследно изведен.

    Интересна серија во секој случај, ги изгледав и двете сезони, првата понапната ми делуваше, главната мистерија траеше сèуште, но и втората беше интересна давајќи нови мистерии но и концепти кои делумно асоцираат на Кошмар во Брестовата улица (1984) Најстрашно ми беше кога талкаа низ подземните пештерски ходници.

    Мило ми е што заврши втората сезона давајќи каков таков одговор на крајот а без да ја разоткрие сета мистерија. Третата сезона е најавена за декември 2023.

    Сепак не ме воодушеви ни оддалеку како Полноќна миса (2021) која беше многу посериозно изработена и со многу подлабока порака и извонредно осмислени ликови кои потполно се вклопуваа сите на свое место во приказната.
     
    Last edited: Jul 15, 2023
  3. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,772
    Likes Received:
    82,982
    Gender:
    Female
    Ја гледа некој серијава?
    Неодамна ја почнав и некако ни таму, ни ваму ми е. Многу ме потсеќа на Wayward Pines на моменти и едноставно не знам што да мислам...толку наивни ликови се собрани на куп, што ми одат на нерви дури.
    Ќе и дадам шанса на првава сезона па ќе видам што понатаму. :tmi:
     
    MandyLane likes this.
  4. @ceci11

    @ceci11 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2020
    Messages:
    1,570
    Likes Received:
    1,695
    Gender:
    Female
    Јас ја гледав првата и втората сезона...Чекам 3та сезона... Малце ми се допаѓа...
     
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,716
    Likes Received:
    62,458
    Gender:
    Female
    Јас ја гледав годинава, и ми се допадна, а не сум човек што гледа хорори. Сакам да ја прегледам пак од ново пред 3та сезона.
     
    @ceci11 likes this.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,716
    Likes Received:
    62,458
    Gender:
    Female
    Ја гледа ли некој третата сезона? :) Многу нови работи се случуваат и станува поинтересно, цело време сум на штрек.
     
    @ceci11 likes this.
  7. @ceci11

    @ceci11 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2020
    Messages:
    1,570
    Likes Received:
    1,695
    Gender:
    Female
    Чекам да ја ставаат целата сезона, па ќе ја гледам
     
    Amellie13 likes this.
  8. fi23

    fi23 Активен член

    Joined:
    Oct 12, 2024
    Messages:
    13
    Likes Received:
    3
    Gender:
    Female
    jas ja gledam, mene serijata mi e vrv, od treta sezona 3 epizodi gledav
     
  9. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    Првата сезона беше интересна, остави простор за интересна приказна. Втората сезона беше добра, имаше одреден баланс помеѓу драмата и акцијата (мислам на активниот развој на приказната). Третата сезона, премногу драма, премалку акција. Цели епизоди полни со дијалози. Коментаров ми е заклучно со изгледана осма епизода од третата сезона. Премногу се развлекува приказната, а истото не се прави на квалитет, туку на квантитет. Досега, каде е кулминацијата? Со “смртта“ на Табита? Пак сме на статус кво.

    Мојата теорија беше дека се наоѓаат во кошмар и излезот од истиот е (само)убиство, нешто на што сопругата на Бојд алудираше. Тука е и состојбата на Фатима (да не ставам спојлери). Понатаму, Џим го слуша гласот на својот починат син. Црвените камења, од кошмарите на Табита, се тука. Децата, кои биле жртвувани, се визија на мајката на Виктор непосредно пред да исчезнат со децата. Теоријата ми падна во вода откако Табита “почина“ односно се врати во реалноста, но таму ги немаше мајката и сестрата на Виктор (сем ако сеуште се живи некаде во шумата). Во реалноста, семејството на Табита се води како исчезнато! Дали Градот намерно ги буди најголемите кошмари кај своите залутани гости?

    Се надевам дека одредени прашања ќе започнат да се одговараат, а со тоа ќе се разбуди интересот за разговор за конректната серија, но и, постепено, ќе се затвораат одредени поглавја со цел интересен и непредвидлив. Ако се продолжи со развлекувањето, ќе се изгуби интересот за серијата.
     
    MandyLane likes this.
  10. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Joined:
    May 3, 2020
    Messages:
    338
    Likes Received:
    884
    Gender:
    Female
    Ја развлекоа и отупеа ептен. Иста продукција е како на Lost и како што таму се "изгубија" со безброј сезони, така и тука ќе биде ако продолжат со уплеткување. Само се отвораат нови ситуации а нема никакви индиции за разрешување....каде е градот, кои се чудовиштата, ...ќе ја упропастат.
     
    @ceci11 likes this.
  11. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Joined:
    Dec 2, 2022
    Messages:
    247
    Likes Received:
    906
    Gender:
    Female
    Мене ми беше интересна.
    Некој да не знае на Нетфликс коа ќе ја дадат втората сезона ?
    Останаа уште на првата ...
     
    @ceci11 likes this.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,716
    Likes Received:
    62,458
    Gender:
    Female
    Оваа епизода според мене отвори простор за размислување. Прво, се докажа нешто многу важно: дека постои time travel во тоа место. Ако се сеќавате уште во сезона 1 на моментот кога Бојд беше заглавен во бунарот откако помина низ faraway дрво за да се спаси, некој му фрли јаже за да се искачи. Откако тој се искачи се испостави дека единствениот што е таму горе е тој човекот врзан за ѕидот, што нема смисла тој да го фрлил јажето. Во оваа епизода дознаваме дека Џули го фрлила јажето, поточно идна верзија на Џули го спаси Бојд. А додека тој се искачи таа веќе замина во друг временски период.
    Друго нешто, момчето во бело што им се појавува само на некои жители во градот, како на пример на Виктор и Итан, после сеќавањето на Виктор дознаваме дека вели оти "одговорот за крајот е на почетокот" и дека децата биле убиени во темнината од луѓето кои ги сакале и им верувале. Некои од ликовите ко Табита и Миранда имале соништа и визии за местото долго пред да заглават таму, така да мислам дека сите што се нашле таму на некој начин биле одредени од градот да заглават, но Табита и Миранда имаа визии дека треба да ги спасат децата. Мислам дека клучот во одење дома е спасувањето на децата, чие убиство го проколнало градот. Чудовиштата можи да се луѓето кои ги убиле и се вечно проколнати да го прават тоа, или луѓе кои претходно биле заглавени во градот но не успеале да се спасат и да ги спасат децата, па казнети се да се чудовишта вечно. Фактички доколку постои time travel можи да го искористат тоа за да се вратат до времето пред да бидат убиени децата и да ги спасат навреме, со што ништо во иднина нема да се случи, односно сегашноста во која се наоѓаат да не постои, а тоа можи да значи и оние кои умреа досега да бидат живи. Размислувам и овие теории ми се вртат во глава сега. Но има уште многу дупки, како на пример што значат шишињата обесени на дрвата со бројки внатре, и како е Фатима бремена со бебе што не е видливо на ултразвук. За кое се вели дека форсирана е да го носи бебето на жената во кимоно што му се појавува на Елџин и кој смета дека таа сака да им помогне да си одат дома.

    Ми се допадна и една теорија на некој кој имаше искоментирано на Јутјуб. Имено оригиналните жители на градот порано ги жртвувале децата во ритуал. Им била читана приказна во која се жртвувале деца и која нешто во градот успеало да ја оживее и така децата умреле. Ова што се случува сега е приказна оживеана со ликови кои мора до крај да ја истераат, и никој не можи да излези додека не заврши приказната, затоа и Табита се врати назад во местото иако успеа да избега во реалниот свет, бидејќи е потребна за приказната заедно со таткото на Виктор кој го донесе. Секој што ќе умри е заменет со некој друг за да продолжи да ја врши улогата. Чудовиштата се обидуваат да ја уништат приказната со убивање на луѓето, а момчето во бело се обидува да им помогни на жителите да ја завршат приказната како што треба.
     
    Camille84 likes this.
  13. Easter

    Easter Истакнат член

    Joined:
    Apr 16, 2023
    Messages:
    439
    Likes Received:
    2,023
    Gender:
    Female
    Каде може да се гледа сезона 2 ?
     
  14. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Joined:
    May 3, 2020
    Messages:
    338
    Likes Received:
    884
    Gender:
    Female
    На НВО ги има.
     
    Easter likes this.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,716
    Likes Received:
    62,458
    Gender:
    Female
    Ете официјално заврши сезоната, oh boy каква беше последнава епизода. :D Бев многу блиску со мојата претходна теорија со што всушност се случува, барем дел од тоа. Ќе ставам во спојлер за тие што допрва ќе гледаат.
    Двете овие теории ми се во најголем дел точни. Прво: Чудовиштата се луѓе од минатото кои живееле тука во градот, затоа и сите се така облечени ко старовремски. Тие се родители кои си ги убиле своите деца по цена на бесмртност. И навистина добиле бесмртност, но исто така се проколнати да се чудовишта вечно. Можеби и тие, како Сара и Елџин, слушале гласови од нешто таму во градот, кое ги натерало да направат вакво нешто. Што доволно објаснува и зошто се вели дека чудовиштата се само "the tip of the spear" и дека таму има далеку полоши нешта. Мислам дека и тие се понатаму манипулирани иако се чудовишта, ќе објаснам подолу зошто. Второ: Сето ова е приказна која треба да се заврши до крај за да си одат дома. Оваа приказна си има одредено ликови кои се потребни да ја завршат. Ако тие ликови умрат, се заменети со други. Пред овие ликови сега имало други кои пробувале да ја решат мистеријата. Миранда и Кристофер, на пример. Се докажа дека мемориите на Миранда ги има Табита, а на Кристофер ги има Џејд. Не знам дали можи да се кажи дека се реинкарнација на овие ликови, но дефинитивно ја имаат истата улога во приказната и затоа се донесени во градот. Исто така дознаваме дека "претците" на Табита и Џејд имаат ќерка која е една од Ankhooey децата, што всушност тој збор значи "сетете се/remember". Овде не ми е јасно само, дали и тие си ја убиле нивната ќерка, бидејќи е една од тие деца, или едноставно се нашла со другите деца на погрешно место во погрешно време.

    Друго, исто бев во право (иако овде тоа не го напишав но подоцна сфатив) дека Фатима е бремена со Смајли чудовиштето, кое го роди во оваа последна епизода. Смајли е потребен за приказната, иако е чудовиште, и не е случајно што истата вечер кога Бојд го уби Смајли, Фатима дозна дека е бремена. Само што Смајли не умре навистина, туку одма се прероди. Мислам дека жената во кимоно, што всушност и "помогна" на Фатима да се породи, е едно од тие полоши нешта во градот за кои не знаеме, и дека ги контролира чудовиштата. (Леле колку се радувам дека се врати Смајли со својата насмевка :D)

    Сите ликови кои досега се реинкарнираа, сите кои не умреа (иако можеа, како Бојд, Рандал) се потребни приказната да се доврши до крај. И чудовиштата исто се преродуваат, како што видовме. Или едноставно моќта на бесмртноста им е таа. Табита и Џејд дефинираа некаква врска меѓу нив, со што автоматски Џим не е потребен повеќе и е убиен од тој новиот човек во жолто што се појави во последната сцена. Многу чудно, бидејќи уште беше ден а тој имаше моќ како на чудовиштата. Што мислам дека и тој можи да е од другите нешта во градот што се пострашни. Или едноставно е идна верзија на некој од ликовите, бидејќи како што видовме time travel е возможно, Џули веќе го искуси, но Итан рече дека иако можи да патува низ времето таа не можи да ја сменува приказната што е веќе напишана. Но во последнава епизода таа се обидува да ја смени, и е поинаква, што ме тера да мислам дека е идна верзија од Џули што се обидува да го спаси Џим, татко и, од смрт.
    Во четвртата сезона мислам дека ќе се открива кои се тие полоши нешта што ги има во градот, и ако е последна тогаш конечно ќе ја завршат приказната до крај и ќе ги спасат децата, со што клетвата ќе биде тргната.

    Официјално е потврдена и 4та сезона, за на почетокот на 2026 година.

    Па ајде гледајте и да дискутираме, јас се изнапишав во спојлер но серијава раат не ме остава, само размислувам. :D
     
    Camille84 likes this.
  16. bigthief

    bigthief Нов член

    Joined:
    Nov 25, 2024
    Messages:
    5
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Female
    Може да се каже дека тие се реинкарнаци, но не само на Миранда и Кристофер, туку на парот кој што бил таму уште на почетокот. Тие се реинкарнирале во едни, па тие во други, и така е дојдено до Миранда и Кристофер, па по нив до Табита и Џејд, бидејќи никој не успеал да ги спаси децата. Водат сосема различни, одделни животи и не се заедно во секој живот, но на крај завршуваат на истото место.
    Исто така, мислам дека е многу добро индиректно укажано дека тие не ја жртвувале својата ќерка, со голед на тоа што Џим вели "We tried to save them" за време на сцената со песната и нивното дете. Сега ова е чудниот дел за мене бидејќи нивната ќерка била убиена, но не била убиена од нив. Тогаш дали сите деца се во иста ситуација т.е не се жртвувани од нивните родители туку од луѓе што сакале бесмртност?

    Човекот во жолто ги има истите моќи како чудовиштата, но има поголема позиција во целата „игра/приказна“ бидејќи очигледно не е основан да испаѓа надвор само навечер. Тој е исто така истиот човек кој зборуваше со Џим во сцената со радиото, кога го предупреди дека Табита треба да престане да ја копа дупката (т.е сега му го вели истото, дека таа никогаш не требала да ја ископа). Џули не е сегашната верзија, туку е од иднината, поради косата што и е скратена и според она што го вели дека „тука се случува(убиството негово)'“.

    Ме буни она што го рече Итан дека минатото не може да се смени бидејќи е веќе напишано, но кога Бојд беше заглавен во бунарот/дупката откако влезе во дрвото, идната верзија на Џули беше таа што му подаде јаже и всушност го смени минатото. Мислам дека Џули ќе успееше да го спаси Џим ако тој не стоеше во место добра минута :tmi:(facepalm)

    За мене не доволно возбудливо финале, едно нешто што би сменила во серијата е повеќе акција и помалку дијалог/драма. Да дека character building е добро, ама како серија што е класифицирана како хорор и која имаше премногу добри почетни епизоди во прва сезона, мислам дека малку ја изгубија таа идеја.
    Ме интересира што е со кимоно жената, со човекот во жолто, дали татко му на Виктор ќе има некое поголемо значење во приказната, дали Џим ќе остане умрен, и ШТО е со Итан... бидејќи ми е најсомнителен карактер иако има само 5 години :inlove: уверена сум дека постои некоја идна верзија од него која што се има појавено досега или ќе се појави наскоро. Исто така, дали Kimono Woman е идна верзија/алтернативна верзија на Табита? И како настанале другите чудовишта, бидејќи 6 парови жртвувале деца, но има повеќе од 12 чудовишта. Дали се луѓе кои умреле во градот?
     
    Last edited: Nov 25, 2024
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2023
    Messages:
    5,212
    Likes Received:
    17,540
    Gender:
    Female
    Значи ставајте работи во spoiler, кога откривате детаљи за серијава! Ја гледам моментално, и случајно отворив, прочитав 2 зборчиња само. |(
     
    Selena01 likes this.
  18. bigthief

    bigthief Нов член

    Joined:
    Nov 25, 2024
    Messages:
    5
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Female
    Не знам баш како се ракува, и не знам дали можам да ја едитирам пораката откако сум ја објавила...

    Готово, ставено;(
     
    Mumoftwo30 likes this.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,716
    Likes Received:
    62,458
    Gender:
    Female
    Да, тоа е ќерка на оригиналниот пар, кои подоцна се реинкарнираат во други ликови, претпоставувам со генерации, и последни се Миранда и Кристофер, кои не успеваат да ги спасат децата, и сега Табита и Џејд.
    Јас мислам дека не сите тогашни жители одбрале да си ги жртвуваат децата за бесмртност, но сите деца во градот биле жртвувани. По зборовите на Фатима, која рече "си ги жртвуваа децата". Имено, ќерката на тој пар што сакале да ја спасат, мислам дека е грабната и жртвувана со другите. Тие што учествувале во ритуалот се претворени во чудовишта, а тие што не учествувале се реинкарнираат во обични луѓе но се осудени да заглават во градот за да ја завршат приказната и да ги спасат децата.

    Да, тој мислам дека е the final boss, ако не тоа сигурно е некој од полошите работи во градот, лидерот на чудовиштата, тој кој го направил ритуалот. Сега навистина се влошуваат работите, чим човекот во жолто излезе и можи да дејствува и преку ден, жителите на градот се во опасност.

    Јас мислам дека Џули дефинитивно може да ја менува приказната. Помниш како идна верзија на Џули му го фрли јажето на Бојд за да излези од бунарот? Цел парадокс направи со тоа, бидејќи Бојд ќе умреше таму ако таа не патуваше низ времето. Затоа и се обидуваше да го спаси татко и, но тој наместо да бега одма стоеше. :?:

    Кимоно жената можи да соработува со човекот во жолто, или можи да е идна верзија на некој лик. Каде поточно се вели дека 6 парови жртвувале деца? Искрено не знам колку чудовишта има точно. :D Но тие кои се, се потребни за приказната и/или моќта на бесмртноста е тоа што не можат да умрат, се преродуваат. Сето ова цело време ќе се повторува додека некој не ги спаси децата и ја заврши приказната. Но човекот во жолто тоа не го дозволува, кога открија премногу информации излезе и го уби Џим, велејќи дека тоа е цената за знаењето. И пак останува прашањето, зошто сето се повторува од ново и зошто нешто ги праќа ликовите реинкарнирани за да се обидат да ја завршат приказната? Ова сигурно има нешто со момчето во бело, кое најверојатно се обидува да им помогни да ги спасат децата и е како "добрата сила" во градот, наспроти човекот во жолто кој е "лошата".
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,534
    Likes Received:
    69,363
    Gender:
    Female
    Јас сум на втора сезона, не знам која епизода, ама снуз фест е. За гледање на втора брзина е од што има непотребно зјапање во празен простор.