H&M според цените е бренд за широки народни маси, за т.н. средна класа и не спаѓа ни оддалеку во луксузни брендови, па не би требало да се напнуваат луѓе кој може да го носи, како да е престиж. Од друга страна, H&M едвај влегоа на српски пазар, со години имаше најави, а дури сега отворија продавница, не отвораат продавници секаде, не им гори под нозе баш толку, па не верувам дека на овој наш мал, сиромашен пазар имаат интерес да вложуваат. Само Белград има жители колку цела Македонија, плус од околина купувачи, ние сме далеку од тој пазар. Така што H&M кај нас, тешко...
Имам џемперче од Хим, чинеше околу 60 евра (ама ми го купија други ), но од странство. Многу е типско, сите ме прашуваат од каде е, собра малку топчиња, ама засега материјалот е коска.
Х&М воопшто не е битен бренд - се работи за роба за масовна потрошувачка. Се до сега мислев дека луѓе го посакуваат тука како уште една ефтина продавница, прв пат тука слушам дека некој го смета за бренд за да се фали кој може да го носи...
Цела гардероба на ќерками е од таму имаат многу убави детски работи , модерни секое идење таму со полни кеси се враќам . За мене се наога исто по нешто , кога има попуст купувам онлајн пошо повеке работи можам да најдам него ли во продавницата! Имаат Ок квалитет !
За малата купувам по нешто за мене кога бев трудна купував сега не. Тоа дека сега сум во фаза помалку партали ама поквалитетни. Кога ќе ми помине фазата ќе размислам повторно
Јас минатиот викенд си ги купив тренеркиве и маичкава: Spoiler Инаку H&M многу ми се допаѓа. За малце пари можеш да изнакупиш триста работи и плус со добар квалитет. Кога ќе влезам, не можам да излезам. Ептен ја сакам продавницава !
Секогаш кога влегувам во H&M излегувам со барем една кеса. Облеката што ја имаат им е баш по мој вкус.
Последен пат пазарев во H&M во Барселона. Просто се изгубив во трите спрата. За мене, за сестрата, дечкото, по некое сјајче и за другарките....милина
Јас имам многу работи од H&M - две фустанчина, неколку блузички, две палта... си ги купувам од Солун, некои ми се подарок од Шведска, задоволна сум и од квалитетот и од моделите.
Штета што нив и баш не ги интересира нашиот пазар,баш и затоа што не им е дојдено до тоа. Инаку каде-каде би било поисплатливо за нашава раја да го отворат отколку некои други кои што се со доста повисоки цени,но тоа е. Оддамна пазарам и за тие пари наоѓам секош добри парчиња,посебно за малата и годинава за батко. Доста типскка роба,уште па ако начекаш екстра попуст ептен се исплати.Тешко ме вадат од таму кога и да влезам, се маѓепсувам поготово во одделот за бебенца и деттскиот. Толку ушивам да купувам што заборавам за себе си Просто се радувам ко баба на внуче Летово направив солиден цех и кај и да е треба да си подигнам и такс фри
За тие што ги интересира, се отвори продавницата карши Рамстор со нивното име. Со оглед на тоа што нема ниедна најава или информација дека официјално отвораат продавница во Мк, ова е идентично со ЕвроАзија, аутлет единствено на H&M, цените се такоџе исти со оние во ЕвроАзија и останатите во Сити Мол.
^ Уште еден дуќан на Мега Фешион, во овој само ХМ роба ќе продавале. Знаеш она - стара колекција, зема за 2евра - продава за 20. Исто ко нова Иначе е до Макпетрол, спроти бившиот цветен пазар, ако не се лажам
Не, ваму кај семафорите, во зградата на Орифлејм. Јас се запрепастив од цените, а бога ми и од изборот(ништо посебно).
вчера тркнав да видам што има.....нема везе...се прашувам дали и воопшто е тоа некоја стара колекција на H&M??? мислам дека се додека не се отвори лиценцирана продавница на H&M во МК, вакви некои преваранти é не пљачкаат.
Ми се допаѓаат фустанчињата од H&M. Јас си купив фустанче кога бев во германија и презадоволна сум од изглед и материјалот.