Двајца хокеј играчи ја почнуваат сезоната како rookies, притоа полека ама сигурно, се заљубуваат еден во друг. Накратко. Надолго, хокејот во серијава е 2 посто застапен, сексот 90 посто. Она што мислам дека ги зграпчи гледачите не е сексот, експлицитните сцени, туку конекцијата која ја имаат, длабоката поврзаност, копнеењето... Нешто што во голема мера им недостасува на многу луѓе во денешно време, и серијава едноставно го допре баш тоа место. Има една сезона, базирана е на книгата Heated Rivalry - Rachel Reid. Сте ја гледале? Ако не сте, да ја гледате, нека не ве залажува хокејот дека е ова спортска серија.