Не пуштив да видам колку имаат ставено. Штом така, пробај гледај преку Stremio. Или ако не се снајдеш со апликацијава, торентс симнувај од 1337х сајтот.
Јас дирек тука спаковани ги симнав. Сите беа со одличен квалитет, само последната ми беше со нарација и мораше да ја преслегвам, не знам зошто само та делеше а ги симнав од еден линк. Стремио имам ама заборавам дека постои, некако со 1337х ми е полесно. @Polyincognito
Од вчера почнаа да ја поставуваат, нови епизода ќе има секој петок, односно четврток/петок после полноќ. И тоа нашиот HBO Max со уште некои други европски земји е меѓу првите каде што се емитува толку рано. Во други европски земји и Латинска Америка ќе ја стават дури во февруари поради синхронизацијата, но исто мислам дека и на нивните хбо-а ќе биде еднаш неделно, не верувам дека цела ќе ја стават одеднаш.
@SaraTd И си претпоставив, вака ми беше за Mobland на Skyshow Ама па и поинтересна ми ја направи чекањето, тоа интензивно исчекување like in the old days кога гледавме онака серии Ти благодарам на информацијата
Вчера ја почнав - вечерва ќе ја завршам. Господе боже после петтата епизода сум ваков (додека плачам од среќа)
Првите две епизоди ги гледав во Македонија зимово, таму прво излезе на HBO, и не ми беа ништо посебно, повторливи сцени, околу сексот, се чудев од каде толку еуфорија за серијава. Дури после некое време тука, откако излегоа и тука сите епизоди решив да ја догледам, и третата епизода со Скот и Кип ме освои послатка ми беше нивната приказна од главните ликови. Потоа и приказната на Илја и Шејн се развива подобро и доби длабочина. Ми се допадна серијава премногу, да беше за хетеро парови ќе беше клише, но тука таа поврзаност, чувствата што не сакаат ни самите да си ги признаат, храброста да се излезе јавно, позадината на однесувањето на Илја ја прават нешто подобро од клише секс и романтична серија. А што се однесува до изглед мене Скот ми е маченце