Неќам да зборам за то колку Октомври е совршен месец и да ја фаќам темата на далеку ама од утре почнува 31 дневен предизвик за цртање со мастило на зададена тема во склоп на предизвикот: Inktober. Мене ми е трета година како цртам и морам да признам дека е доста интересно. Сега ќе пишам како се официјалните правила и често поставувани прашања шо ги имало во другите две теми за претходните години. Правила: Се прави цртеж со мастило ( можи да се црта од долу со молив, па од горе да се помини со мастило). Се поставува некаде. Во официјалните правила пиши дека можи да се постави на некоја социјална мрежа, ете форум како тука, или пак на фрижидер дома. Целта е некој да види дека си направил, шо си направил и слично. Ако е на социјални мрежи каде се бара под # се означува со #inktober и #inktober2020. Се повторува секој ден. Адаптации: Има 3 начини на кои можи да учествувате на овој предизвик. Се црта цртеж на дадена тема према календарот секој ден. Се црта секој втор ден со секој втор збор од календарот. Се црта еднаш неделно со зборовите: 1, 8, 15, 22, 29. Шо е до мене тука можи во неделното да се избери на која тема да се прај него да е стрикно, али правилата се овие. На форумов низ годините сме имале адаптации наши. Често поставувани прашања: Дали можи да почнам покасно со предизвикот? Да. Избери дали ќе го прајш секој ден, секој втор ден или еднаш неделно и обиди се да ги стигниш другите за да е колку- толку синхронизирано. Сепак ова е за забава и колку поќе цртежи - толку подобро. Какво мастило се користи и дали мора да е црно- бело? Се користи какво сакате стило/ пенкало со каков било вид мастило. Важното е да е мастило и да покрива. Од таму можи да се користи и мастило во боја, но препораките се тоа да е минимално и повеќето да се држат до црно- бела уметност. Лично, користам гелни стила и такви препорачвам. Од кога до кога е предизвикот? Официјално, предизвикот е од 1 Октомври до 31 Октомври со 31 различен збор на кој се црта. Неофицијално, доколку помини 31 Октомври и уште не сте готови ради разни причини, секогаш можи да се доврши покасно. Накратко, многу флексибилен и глобален предизвик е и баш зошто е толку глобален е толку флексибилен. Пред 2016 немаше официјални листи и секој на свои зборови црташе и едино правило беше да се црта со мастило, а после 2016 се правилата од горе и има официјални листи. Покрај официјалните листи има и неофицијални листи кои можите да ги пратите на различни теми, најчесто: witches, supernatural, pets, plants etc. Дали можи да се црта дигитално? Према официјалните правила - да. Предизвикот е почнат со традиционално цртање со мастило, ама подеднакво е важно и дигиталното и од таму се смена да можи и дигитално да се црта. Дали мора да се користи листата со зборови по редослед? Не, правилата се поќе препораки ама седат така за некој шо сака да се држи до правила. Има многу други календари, и пак постои можност секој да црта со свои идеи и зборови. Ако сакате да прајте некоја приказна или некако да ги спојте зборовите, секогаш можи да се измешат. Потребно ви е: молив гума стило или друг вид на мастило ( туш, обично стило, гелно стило) хартија ( големина по избор) Линк до официјалните правила и страна. Линк до FAQ од официјланта страна. Официјална листа на зборови, ете календар ќе ја наречам: Неќев темата да ја отворам прерано па да не е во најнови активни теми кога баш треба да привлечи луѓе кон предизвикот, па ја отворам ден порано за секој кој сака да учествува и да почни од ден 1 да можи да си обезбеди што му треба и воопшто да размисли за предизвикот. Пишав и потсетник во темата за цртежи. И то е то, let the hunger games beg-- ова, со среќа во цртањето, ако имате да споделите шо материјали користите дур дојди утре и препораки за шо да си набави некој друг - добредојдено е! Spoiler: Стилца Јас моментално немам слики ама ќе кажам дека користам A+plus Liquidly црно и можи да го најдите во Џамбо паковано со уште две сини слични стила и едно црвено. Не е најдобро али уште немам одено во книжара да купам нови па решив прво да ги дотрошам сите стари. За пополнување темни површини, многу те течно ова Focus Noki 0,5 дебелина, ролерпен. Ова мора да се почека малку да засуши инаку ќе се размачка ама после темната површина е рамно црна, не се познаваат линии онака. Ова мислам го земав од Офис плус. Ова другото е најобично шо ќе го најдите стило Gel- ico 0,5 исто, зошто не е толку течно како претходното има поќе можности на користење. Околу 25-30 денари е, ефтинко. Ама највисоко препорачувам unipin fine line гелно стило, водоотпорно меѓудругото. Уште 0,4 и 0,7 ми се останати и за жал не можам да ги најдам поќе. Ако некој знај кај се продават Битола, преблагодарна ќе ви сум за та информација зошто подобро гелно стило немате фатено. Ова е поскапо, околу 60 денари е од прилика. Centrum plasma и едно lea и тон кинески букви, ако земите многу тенки доста добри се за шејдин. Центрумот е околу 30+ денари, ова второто е најефтино гелно стило шо го имам најдено, на рамно 20 денари. И за крај delistar 0,3 е многу потенко од обична 0,3 и немам најдено друга дебелина за да споредам и одамна немам земено па не памтам цена. Ако не ме мрзи од се ова ќе пробам да ставам слика, ама да бидиме реални - ме мрзи. И за крај цртам со технички молив од Faber Castel 0,5 дебелина. Прво не вервав дека технички молив е подобар ама I stand corrected. Од овој технички шо го имам, е ефтин околу 130 денари во Џамбо, не е од оние фенси шменси. Не мислам дека остана уште нешто важно да спомнам сем ете и вие кажете шо земавте и шо препорачвате некој да земи, од шо сте задоволни, и од утре да почниме да пуштаме цртежи. Со среќа!
@theowndemon беше доволно влијателна за годинава и јас да се приклучам на предизвиков, без никаков талент. Пенкалцата и ливчињата ги земав од Џамбо, двете по 70 денари. Денес или утре ќе купам дополнително молив и гума.
На пример за првиот збор Fish, треба од самиот збор да се нацрта нешто од неговите букви или треба да има риба во цртежот? Може е глупо прашањево ама не разбрав убаво а и не сум запознаена со предизвикот, иначе ептен изгледа интересно
Можи шо те асоцира, можи буквално риби, можи да е некој лик. Се сеќавам лани ќе да беше Swift зборот и јас ја цртав Taylor Swift. Целосна слобода имаш на интерпретација на зборот. Инаку ден 1 од мене:
Да ве поздравам Инаку, еден месец се спремав и на крај пак не сум спремна. Реков ова година знам како треба ама не бе...не знам оти мислев дека нема да цртам глупости. Ден 1 - Fish
Овде сѐ сте биле уметници, јас не сум ни приближно колку вас погоре И за малце ќе се премислев дали да ставам слики тука, ама за да охрабрам други непрофесионалци, се решив моиве ептен амстерски цртежи сепак да ги ставам 1. Fish
Примате антиталенти за цртање? Секоја година кога го читам воведот на @theowndemon добивам мотивација да учествувам, ама уште од прв ден кога ќе ви ги видам цртежите се демотивирам. Ај да пробам годинава. Day 1: Spoiler: Приборче
На официјалната страна пишува дека означува мал дел или количина од нешто Можеби означува конкретно за влакно или малку чад.
@Estranged ама нема оти демотивирање! Инктобер е идеален ако некој сака да се подобри. Јас знам благодарение на него колку се имам подобрено. За приборот само ќе речам, жал ми е дека нема за еден лист да ти стигни. Јас по ова twisted bunch/ piece имам на ум. То едино можев да го адаптирам на то прво шо замислив. Инаку на сите ви се преубај цртежите преќеф сум дека воопшто некој пушта и се надевам ќе се дружиме цел Октомври. И покасно да почните не е проблем така да тие шо не почнавте со ден 1 вчера, можите кога сакате.
Ја освен пенкало и молив немам друго дома не знам дали ќе успеам секој ден да цртам ама ќе пробам кога ќе имам слободно време малку да поцртам. Во тек е цртежот за второто зборче. Подоцна ќе ставам слика.
Јас заборавив вчера да ставам слика ама рибата реално не е за гледање. Ќе ја ставам заедно со другата, се надевам не е проблем. Ии се надевам до крај барем малку ќе се подобрам во цртањето. Ден 1, Fish: Ден 2, Wisp: