Прашање, дали смеам да гледам цртежи од интернет, посебно за животни, оти сама не можам да смислам да ги нацртам без да видам пример, не ми испаѓаат реално како што ми се замислени во главата За утрешниот цртеж ми е прашањево. Да не ми испадне слично со нешто од интернет, подобро да си знам ако не може @theowndemon?
Да, да. Онака шо се high end уметници обично не гледат пошто ги бива ама секогаш можиш да имаш референци или да гледаш друг цртеж се дур нели не застаниш со моливот на екран да го прецрташ туку сам се потрудиш да го напрајш истото оти целта е да научиш нешто од самото цртање, а колку поќе гледаш и имаш континуитет - ќе научиш поубо. Така и да гледаш нешто и да успејш да го напрајш пак твој успех е. Следен пат без гледање, пат после то само од себе ќе можиш.
Јас се сеќавам неодамна ми прај комшивското дете да му нацртам штрк. Му цртам штрк. И нешто не е ко шо треба. 100 пати глата му ја препрајв и на крај слика отворив за да видам дека штрко имал подолг врат, а не е одма како другите птици. Јас и со другар ко ќе зборам му прам не можам да замислам нешто и да ми седи сликата константно во глата, како шо работам така ми се менва и ми даде амин да гледам референци. Она шо го пишав погоре од него речено ми е, и тој е уметник така да мора да е вистина. Буквално ми рече, „така се учи“.