Иако нема многу интерес за темава, јас сепак ќе се обидам да ја отворам и да привлечам барем неколку членови. Повеќето знаат што е Inktober, сме цртале и претходни години, за тие што не знаат, тоа е цртачки предизвик кој секоја година се прави во Октомври, секој ден се црта на зададената тема и се постира цртежот. Вообичаено се користи црно мастило, но може и да боите по желба. Иако уште е септември, јас сум возбудена за цртањево и ја отворам темава некој ден порано. Да се припремиме.