Честитки на сите што учествувавте и го завршивте предизвикот. Многу убави идеи, најинтересно ми е што секој различно го доживува одредениот збор. Можиме да смислиме нешто за цртачкиот предизвик, тогаш почнавме ама умре темата. Секој ден не, ама барем еднаш неделно можи да цртаме.
Јас сум за. Ако има интерес колку што имаше за овогодинешниот Инктобер супер ќе е. Еднаш неделно мислам скоро сите можат да нацртаат нешто.
Се согласувам, напорно би било секој ден, еднаш неделно или два пати неделно мислам може да се изведи.
Денес ќе ги завршам и последните цртежи и јас па ќе ги пуштам. Сакав да ви предложам доколку сакате, еве една нека направи за ноември ваква листа, и ќе продолжиме да се дружиме, со ова темпо. Стварно уживав и се релаксирав овде
I l o v e it. Природно, последниот ден заборајв да клам. Voila: И сакам да кажам колку ми е мило да сум тука со вас веќе 3 години мислам (?) со ред да се дружиме на Инктобер теми. Можиме сега и да се префрлиме на неделните или месечни предизвици во цртачкиот предизвик, дур не ни здосади и то. Инктобер го прајте поубав.
Годинава ме фативте неспремна, од тука од форумов дознав за предизвикот INCTOBER, одма ми се допадна. За наредна година ќе се спремам со тетратка, панкалца и сите нишани. Многу интересно, интересна дружба, дури и преку цртањето можеш многу да дознаеш за некоја личност, секој уникатен на свој начин ја долови својата креативна страна. Сакав да учестувам прво заради дружбата, потоа заради тоа што сакам цртање, тој саат време што ќе го поминам во цртање ми е еден вид на медитација. Да не беше вака групно можеби ќе се откажев после првите 5 цртежи, тоа често пати го правам и за важни работи во животот. знам bad habit, затоа сакав да го завршам до крај. Супер бевте .
Се извинувам што до 31. 10.не бев во можност да ги прикачам цртеживе. Прекрасен предизвик со мн. талентирани ф. ликови. Поз