1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kолку ве чинеше вашата свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од ljubicka123, 17 декември 2010.

  1. ljubicka123

    ljubicka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Здраво на сите !!! :$

    Најпрво пофалби за сите на форумов, супер сте женски ( ако има по некој дечко нека ми извини)
    :P

    ја отворив темава зошто ми треба помош!!!!
    наскоро правам свадба и навистина ме итересира колку ке ме чини најубавиот ден во живото,а се надевам и на многумина ке му помогне, исто така би сакала да слушнам што мислите,како би можеле да се избегнат некои непотребни трошоци на што највеке да се обрати внимание а што е така "помалку важно "?

    :* :* :*
     
    На Ekstaza, sam, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Добра и корисна тема за сите кои ви блиска иднина ги чека ваква веселба. Баш ме интересира колку одприлика чини. :hai:
     
    На LoLa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.555
    Пол:
    Женски
    Братучед ми кога правеше свадба со жена му се на се ги чинеше 5000 евра. За мене тоа е многу, претерано, ама секој си знае колку може да си дозволи и колку и што сака на свадбата.
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubicka123

    ljubicka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6

    :o :^) што е многу, многу е :lol: во право си за тоа кој колку може и колку сака!!! би сакала и да слушнам малку подетално за музиката , салата, даровите и.т.н а знам дека и на ситниците најбише се трошат .... помагајте ;) :*
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Ова е малку широка тема и неможеш баш да правиш споредби или да донесеш заклучок бидејќи колку и да за ситниците трошиш пари сепак бројот на гости, цената на порцијата, златото, фустанот и оделото се поголемите трошоци!
     
  6. ljubicka123

    ljubicka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    pa zatoa i ja otvoriv temava da cujam vasi mislenja jas iskreno voopsto ne znam sto i kako ne sum imala blizok vo familija ili pak drugarka sto se mazela pa da cujam od prva raka :)


    [mod-kirilica:28m7h876][/mod-kirilica:28m7h876]
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Еве, јас, како некој што скоро правел свадба, можам нешто да ти кажам, како одат цените отприлика. Трошоците се делат, значи веселбата ја плаќаат двете страни зависно од бројот на гостите.
    Во матично е најефтино :D кога ќе се пријавиш за регистрација, носиш уплатница од 50 ден. со таксени марки (две по 50) и толку е. Мислам дека тоа беше сумата што таму ја плативме. Со изводот од книгата на венчаните се венчавате в црква, таму ви даваат венчален лист, ама искрено, не паметам колку беше тарифата. Може во различни цркви има различни тарифи. По правило, не би требало да се плаќа црковната церемонија, ама поповите си ги знаеме какви се...

    Е сега, ако правиш веселба во хотел или ресторан. Многу зависи во кој град ќе правиш, знам дека Скопје и Охрид имаат поскапи цени, со тоа што во Скопје може да се начека и поефтино. Салата не се наплатува посебно, освен можеби ако се прави во некој полуксузен хотел, не сум сигурна. Цената на порциите оди од 8 евра порција (ова во рестораните) па нагоре - може и до 30 евра да стигне (знам дека порција во хотел Инекс во Охрид е 30 евра), зависно од тоа што е вклучено во порцијата и кои пијалоци се вклучени тука. Обично се плаќа однапред половина сума, па се доплаќа после свадбата кога ќе се знае колку точно гости имало. Свадбената торта некаде ја имаш гратис од хотелот/ресторанот, некаде не. Исто, може од ресторанот да ти препорачаат фото студио, со тоа што ако потпишеш со нив, можеш да имаш бесплатни покани и бонови за ручек/вечера. Исто, некои фото студија даваат гратис photo booklets - како фото албуми само што најубавите слики ви се испечатени на нешто како потврд картон или што знам јас што е тоа. Сликите се по 30 ден. парче, толку вие ќе ги земате, вашите најблиски (родители, браќа, сестри; кум, девер, старосват ги земаат по 50 ден. парче, а останатите гости по 150 ден. две слики во хартиена рамка).

    Музиката - зависи кој сакаш да ти свири. Има и поефтини и поскапи бендови. Ако одиш на класична варијанта (бенд што свири и народно и забавно), цените одат од 200-250 евра, па нагоре. Ако е музиката со нарачки |( е поефтино, а ако е бендот со свој репертоар е поскапо. Ако сакаш бенд за народно и бенд за забавно, сигурно ќе биде поскапо. Ако имаш некој пријател со добар бенд, може и да имаш попуст :D

    Венчаницата може да те чини различно, зависи кај ја правиш, каков модел ќе правиш, дали ќе ја шиеш или ќе ја изнајмуваш. Ако ја изнајмуваш е поефтино, до кај 100 евра може да те фати најмногу, а ако ја шиеш има цени од 200 евра (за нешто како најобичен фустан) па нагоре што според мене е навистина претерано. Бидермаер околу 1500-2000 ден., бомбоните одат од 15-80 ден. на парче, китенките за зет, кум, старосват одат од 150-200 ден. парче, китенките за сватови се 20-50 ден. парче.

    Поканите за свадба одат исто од 15-50 ден. парче, ама постои опција за бесплатни покани (се заштедува вака колку-толку, само немаш голем избор на покани) што можеш да ја имаш од фото студиото или ресторанот (тоа од договорот зависи). Снимањето има различни цени, дали ВХС (замисли, уште имало такво снимање :o ), дали дигитално - може да биде од 50 евра па нагоре, зависи каков сакаш да биде крајниот резултат (само снимка, или монтиран филм).

    За подароците, зависи како сте се договориле да се дарувате. Јас само на кумовите им купив подароци, и моите купуваа за мажот ми (добро, јас тука се прашував :lol: ). За други дарови се договоривме да не се купуваат безпотребно, па така и направивме. Тука се' е прашање на договор. Секако дека ќе има луѓе на кои тоа нема да им одговара, ама нека не те боли уво за тоа. Кај нас после свадбата имаше некои глупости и незадоволници, демек не сме направиле ко што требало, и тоа од луѓе кои не ни се воопшто блиски, ама ние така си се договоривме и ни одговараше и на едните и на другите. А за оние на кои не им чинеше, ич не ми е гајле.
    Сума сумарум - немам поим колку чинеше свадбата, ама не беше ефтина, ни малку. Па со тие пари ептен ексклузивен одмор ќе си истераш, на некоја егзотична локација. Јас и мажот ми не сакавме кој знае каква свадба, нас и во матично ќе ни беше доволно. Ама - родителите ни запнаа, и тука испаѓа точно дека свадбата ја правиме за родителите. Но задоволна сум, убаво беше, се забавувавме супер!

    За цените, очекувај дека сега, нареднава година може да биде уште поскапо. Ние свадбата ја закажавме во март за септември годинава, и уште тогаш газдата на ресторанот ни кажа дека ќе има поскапувања.
    Па со среќа и без нервози! ;)
     
    На boo3, eleni23, jasmin и 2 други им се допаѓа ова.
  8. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Mojata svadba celosno kostase okolu 5000 eur za dvete strani. Svadbata e ubav moment se pamti cel zivot megutoa e pregolem stres i ogromen trosok, koj nema ogromna zelba da pravi neka ne pravi.Mnogu trcanje organizacija tri meseci prethodno propratena so mnogu nervozi a trae samo eden den koj dodeka trepnes zavrsil.

    Megutoa ne se kaam se ispadna sovrseno preubav spomen, ke imame sto da im raskazuvame i da im pokazuvame na nasite decinja :)


    [mod-kirilica:jvzsifr5][/mod-kirilica:jvzsifr5]
     
  9. ljubicka123

    ljubicka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Ви благодарам многу деојки!!!! :$ :$ :$
    јас би сакала да имам нешто поскромничка свадба, сеуште не сум почнала да планирам се како што , свадбата ке ни биде во лето,ама бидејки сега го спремаме и новиот дом би сакала да знам колку ке можам да потрошам и на него и колку да оставам и за свадба, знам дека ке има тепачки со родителите околу гостите, ке сакаат нели да ги поканат и вторите и третите и петтите братучеди и уште не знам кој (јасно ви е за што зборувам :D ), јас лично ги сакам свадбите многу и сакам да се видам како невеста да имам спомен за цел живот, но повеке би сакала да се одделам и од родители и од све и да си живееме со сопругот сами па по можност и да појдеме негде на страна на меден месец :$ , да се тргнам и јас малку од државава :D
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Љубичка гледам "колешкиве бивши невести" подетално ти дале одговори и баш ми е мило. Паметна ти е идејата да првин со го средиш домот а подоцна да видиш што и колку ти останува за свадба и шетање. И ние од тие причини правевме мала свадба бидејќи парите ни беа потребни за нов дом. Меѓудругото на најблиските (а повеќето од поканетите на свадбата такви беа) ги замоливме кога не прашуваа што сакаме за подарок дека пари највеќе ќе ни завршат работа така да собравме и доста пари кои ги вложивме во куќата. Јас со моите свекор и свекрва се договорив дека нема потреба да ми купуваат сетови со злато итн итн туку парите да ги вложиме во нешто што ни е потребно. Фала богу луѓето се разбрани и нормални па немав никакви проблеми. Свекрва ми инсистираше да си купам едни обетки колку да имам спомен од неа и се разбира ја испочитував. Така да со добар договор можеш да имаш свадба која ете викаш од секогаш си ја посакувала. Јас лично не сум од тие девојки кои незнам од детството имале идеја/желба како ќе им изгледа фустанот или свадбената церемонија, и да се прашував јас можевме да поминеме и без свадба но секако родителите сакаа па највеќе ја направивме за да бидат и тие среќни. Во подготовките бевме вклучени само јас и маж ми и искрено воопшто не ми беше тешко и неможам да разберам зошто има нервози или зошто им е потребно толку многу време за подготовка на другите парови. Не викам дека не сме нешто пропуштиле, заборавиле или што и да е, но да се мажам пак пак исто би направила.
    Со среќа во подготовките и без нервози ;)
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Кога одам на свадба најмногу се замарам со поклонот. Најубаво ми е кога ќе ми кажат што сакаат или пак кај поблиски - пари во плик и готова работа. На една подалечна пријателка и поклонив микро-печка, кога отидов кај неа видов дека кујната ја купила комплет со електрични апарати и немаше потреба од мојот подарок.
    А кај поблиски другарки обично собираме по 50 евра и купуваме нешто по желба на невестата, или пак им ги даваме парите.
    Во денешно време свадбата е гоооолем трошок, затоа гледам поклонот да биде во вредност барем онолку колку што ќе ги кошта мојата порција плус покана, музика, значи барем 50 евра.
    Во Ск навистина се скапи рестораните и музиката, а да не зборам за екстра трошоци.
    Затоа кога одам кај поблиски на свадба им кажувам колку пари планирам да потрошам за подарокот, сакаат јас да одберам нешто за тие пари или они да си купат што сакаат. А кај подалечни , малку ми е незгодно да прашам па акам по продавници надевајќи се дека ќе најдам нешто соодветно.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    нашата свадба не кошташе исто околу 5000 евра...имавме околу 150 гости само најблиските оние со кои сум секојдневно во контакт..др не ми ни требаа за после свадба да не те познаваат кога ке те сретнат...порцијата не кошташе 21 евро затоа што имавме екстра порачано,за ружање на салата не фати околу 300 евра..тортата 9000 денари... пајтонот 100 евра,лимузина 150 евра..на др работи не можам баш да се сетам...се осеќав како во бајка :)
     
    На EdnaDevojka21, caroline.costa и ljubicka123 им се допаѓа ова.
  13. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    и нашата свадба не кошташе 5000 евра само од страната на маж ми толку се потрошија,а и од моја страна тука негде приблишно....скапо е да правиш свадба,но еднаш во животот го доживуваш тоа и затоа мора да биде се ок.поззз
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    4000 евра од моја страна и 5000 од негова...непотребно фрлени пари (бар за мене)...
     
  15. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    До сега 6000 еур само од моја страна.... :sweat: Мислам дека од негова страна ќе потрошат помалку затоа што не спремаат 15 бовчи (секоја по 100еур) и не купуваат спална како нас. Плус скромна сум и не одбрав скапа венчаница и накит (се заедно околу 600-700 еур).
    Да знаев дека вака ќе биде дефинитивно немаше да правам свадба туку еден коктел за најблиските 50 а со парите ке си уплатев стан... Али тоа е тоа, мора да се почитува и желбата на родителите... |(
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Е да си жива и здрава, ама баш паметно си кажа. Знаеш дека со тие пари ќе отидевте на пат окулу ервопа, цел месец, па ако не и подалеку!
    Сега ви ги читам на сите мислењата, мн сум далеку од свадба а и искрено незнам дали сакам да имам, јас секогаш мислев дека чини окули 2000-3000 евра се вкупно ама сега се згранав |( :worried:ilent:
    Со 9000 евр една солидна кола сте можеле исто да земете.
    И мене то ми се 2 години посдипломски во холандија во еден престижен универзитет.
    NO way дека ќе дадам па ни пола од тие пари.
    јас би рекла ЛуДосТ :fubar:
     
    На ilipili, Trnche, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  17. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Дали да се смејам или да плачам??? 9000 евра за свадба???
    Здравје кога ќе дојде време, дефинитивно класична свадба нема да правам, само најблиските 50 луѓе собрани на вечера и ајде на меден месец на некое најубаво место.
    Исто и јас мислев како Хипстер дека е околу 2-3000 евра ама 9????????
    Што е многу- многу е!
    Не ми се верува !!!
     
    На milk.honney и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    изминатиов месец една другарка имаше свадба, ги чинело 10 000 евра (зеле кредит)....
    некои постари постови се од 2010год., ама сега е се уште повеќе поскапено... :!:

    дали е многу? не е многу, ако ги загледате сите ситници, детали кои мора да се купат, хотел, музика, фустан, и што уште не...., парите си летаат одма.... :!:

    за мене лично е преглупава работа, да земиш кредит и да го отплаќаш, што за една свадба?? :x

    пс. едни пријатели, зедоа кредит, уште го отплаќаат, а во меѓувреме младите се разведоа :lol:
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    едно мало дополнително прашање,кога т.е. доколку сега би требао да правите свадба по прв пат, дали повторно ќе вложувавте толку?
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сите сакаме тој свечен ден да го прославиме најубаво со нашите најблиски. Но, главоболките следат отпосле, кога ќе ја направиме пресметката и ќе видиме колку нè чинела свадбата. Покани, бурми, венчаница, одело, музика, ресторан, бонбони, китенки... се само дел од потребните работи што го намалуваат вашиот свадбен буџет. Најевтино е во матично, се пријавувате за регистрација, носите уплатница и таксени марки и толку. За веселбата во ресторан зависи во кој град е свадбата, Скопје и Охрид се поскапи од останатите. Порциите се движат од седум евра, па нагоре, а можат да достигнат и до 30 евра од порција, во зависност од храната и пијалаците што се вклучени.

    Фотостудијата ги наплаќаат свадбените фотографии по 30 денари за младенците, за нивните најблиски по 50 денари, а за гостите се по 150 денари (две фотографии во хартиена рамка). Снимањето има различни цени, од 50 евра, па нагоре, во зависност дали ќе биде монтиран филм или само снимка. Музиката најмногу зависи од вкусот. Доколку цела вечер свири еден бенд е поевтино. Доколку сакате да имате различен репертоар за веселбата треба да го подготвите вашиот паричник, бидејќи тоа е поскапа варијанта. Поканите за свадбата се движат од 15 до 50 денари од парче, во зависност од тоа какви сакате да бидат. Бонбоните се од 15 до 80 денари парче, китенките од 20 до 50 денари за гостите, а оние за младоженецот, кумот, старосватицата од 150 до 200 денари. Бидермаерот чини околу 1.500 до 2.500 денари.Венчаница од 100 до 1000 евра, одела оклу 200-500 евра.Сега па и нова мода дкорации дома, ресторан,чоколадни фонтани + трубачи ставете и тука минимум 600 евра....

    Кога сето ова ќе го пресметате, можеби како повеќето ќе си речете дека е подобро на егзотично патување да си ги потрошите овие пари. Сепак, тоа е веселба и радост за сите најблиски, особено за родителите. На егзотично патување можеби ќе имате шанса да отидете во текот на заедничкиот живот, а свадбата се прави само еднаш.

    Изборот останува на вас...а јас сепак би рекла да за свадба-тоа е еднаш
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.