Јас не лупам ама кога прочитав пишувало во Куран жена да се тепало.... дај да видам кај пишува ајде... Кај сум го скокнала тој дел во Куранот за жените
Повели: Surah An-Nisa - 34 - Quran.com Ова е тоа жена, мајка, кралица во XXI век: ТВ21 на Бајрам кај тетовското семејство Муслиу - традицијата почна да се менува, на гости не одат само мажите! (tv21.tv)
Ама затоа реков не верувај во се што ќе прочита по интернет се шири сешто, земај Куран ти читај и ќе видиш, верувај дека не е сѐ точно тука.
Е да, кај вас проблем е што си го читате Куранот како сакате. Ти ме праша каде се повикува за тепање на жената, јас ти посочив. На кој сакаш јазик читај, ова е преводот на 4:34. Ajet 34, Sura 4. En-Nisa | Čitaj svoju knjigu | mojkuran.com
И да, во Куранот пишува ако жената не е послушна на мажот, тој може да ја тепа. Е сега како го оправдуваат срањето, да ја тепа малку, не силно. КОЕ ПОНИЖУВАЊЕ БРЕ! ПА ЖЕНАТА НЕ Е СТОКА ДА БИДЕ ТЕПАНА.
Пошто членката некако не ми го примети мислењето, еве ѝ го документарецот Spoiler Стотици животи од старт осудени на страдање.
Дали сите што се декларираат како христијани се педофили и се земаат со братучеди со оглед на историјата на христијанството, особено католицизмот? Еве вака некако би дошла твојата логика. Секако во 21 век да следиш буквално било каква книга напишана од пред илјадници години е лудост, дали е Библијата или Куранот сеедно. Ама па уште полудо е да учествуваш во натпревар чија религија е "поморална".
Само знаеш што е разликата? Може и во христијанството има педофили, ама тие не се земаат како морален пример за луѓето, па уште и да се оправдуваат. И во кое христијанство имаш прочитано да се велича некој педофил и да се прифаќаат бракови со братучеди?
Религијата не оправдува ништо од она што пишувате. Морате да сфатите дека во креирањето на овие книги луѓето додавале нешто свое и автентично. Ако пишува во светите книги нешто, не значи дека тоа е став на креаторот на светот и човечката раса. Тука се вметнувани и човековите лични ставови односно на оној кој пишува.Така да џабе се обидувате да направите споредба меѓу двете и се обидувате да одредите која религија е правилната и вистинската. И што правиме ако на крајот испадне, дека ние луѓето сме креација на некоја напредна цивилизација. Дали тоа значи дека религиите се измислени за да се контролираат луѓето и да се насочат да се водат кон одредени пишани правила и норми?
Тоа не е верувањето на муслиманите. Муслиманите веруваат дека Куранот е од А до Ш божествена објава, а дека оригиналниот Куран е на небото и овој што го имаат денес (на арапски) е идентична копија на Куранот што е на небото. Тие веруваат дека Куранот се спуштил од небото и преку ангелот Џибраил му бил диктиран на Мухамед, а дека неговите пријатели (асхабите) запишувале од збор до збор како ќе им кажел. Така што, според верата на муслиманите, нема тука простор за никакви додавања и одземања на лични ставови. Ова не е мое верување, само ти кажувам како и што веруваат муслиманите за Куранот. И во ова се согласни сите муслимани.
Тие може да веруваат во што сакаат, но малку е реално изводливо такво нешто. Направи си слика од настанот што го опиша односно кој го опишуваат самите тие. Па уште на лице место диктирано од страна на тој ангелот Џибраил кој сигурно во меѓувреме устата пена му фатила. Додека овој што пишувал сигурно воспаление на мускулите, сколиоза и ишијас добил. Инаку најлесно е да се манипулира со народните маси и да се контролираат на ваков начин, затоа се користи религијата како многу важна и значајна алатка. Низ историјата се убивало во име на религијата и уште убиваат. И мојот коментар се однесуваше на нивното верување и заблудите во кои очигледно само тие веруваат. Ова не се однесува само на нив туку на повеќето религии.
Тогаш која е таа религија која не оправдува ништо од тоа што се пишува на темата за Куранот? Во претходниот пост ти пишав што веруваат муслиманите. И тука се критикува нивната вера, согласно нивната вера. Тоа е рационално и релевантно критикување.
Јас го имам сликано горе. На англиски е мојот. Инаку не сум муслиманка. Во библија- нов завет тепањето и малтриеањето од стариот завет e сменато со тоа жената са раѓа да се искупи. Читај меѓу редови: дур не умре на пороѓај..
А бе ако така тргнеш и кај нас веруваме дека Марија бил девица и забременила од светиот дух.. па сега ти види..