Смешно ти е што гинат луѓе зошто не почитувале некој закон? Смешно ти е што беше убиена девојка ради марама?!
Баш затоа што Библијата е пишувана пред милениуми и се уште е релевантна, најпреведувана, најчитана, ненадминлив бестселер на сите времиња (и денес моментално), тоа кажува за нејзината вредност. За разлика од некое стрипче или меме што некој атеист ќе го напише, ќе се изнасмеат некои и ќе му помине рокот за 3 дена. Ама ете, и кај нас има простички што си мислат дека треба да живееме без вера во Бог, чисто материјалистички и хедонистички, од денес за утре, да веруваме дека светов сам се создал од ништо, дека животот сам се создал исто така од ништо. Па кога човек вака гледа да работите, и не е ни чудно што нема некаква вредност за животот. Спонтано настанал, без никаков цел и дизајн и план, па затоа и нема некоја повисока вредност и може да се убие како комарецот. Истите овие се борат за „правата“ на жената да се проституира, да си го продава телото како месото што е изложено во месарница. И тоа го нарекуваат „секусална работа“, демек достоинствена работа. Па уште и организираат паради и маршови (Црвените чадори) каде што бараат легализација на оваа „достоинствена работа“, за да може легално некои смрдливи створења да се изживуваат врз некои страдалнички заробени во белото робје.
Затоа што е објективно многу лош аргумент кој оди во крајности. Дури детски звучи. Во иста реченица ги идеализираш христијаните и го кажуваш најлошото за муслиманите, што апсолутно нема врска, не знам како можеш да веруваш дека христијаните се сите толку добри да се молат за цел свет. Глупости бре.
Екстреми, знаеш ли што е? Многу малку се. Најголемиот број и од едните и од другите се просечни и грешни.
Каде кажав јас да се нема верба во Бог? Бог е едно, а книгите и црквата е сосема друго. Џабе ти ако правиш се шо ти налага Библијата, ако притоа повредиш друг човек. И ич да не ти е гајле жената шо прави со својата дунда, нејзина е и шо сака може да прави со неа. Исто како шо е нејзина и матката.
Значи оние муслиманите што не си ги тепаат жените цепаат традиција? Исто и жените христијанки што подучуваат и не се во потполно покорство?
Ете јас не го идеализирам христијанството. Да земеме еден екстремен христијанин и екстремен муслиман. Не гледаш ли разлики?
Не и не. Подучување го разбирам во смисол на надмудрување. Религијата се осовременува, со текот на историјата, законите остануваат исти. За муслиманките сигурно постои објаснување некое, не сум го читала Куранот, оние кои го живеат објаснуваа.
Еве пример како се однесуваат верници и како вешто манипулираат, амин за христијанството. Секое мислење што ќе го напише човеков ми е прејезиво, borderline психопат. Наиме, нема ништо напишано со кое нормален човек не би се согласил, ама пораката на вештото аргументирање е следна: доколку верата не ти е како мојата ТИ поддржуваш проституирање на млади девојки. Браво за христијанската црква која се нема сменето откако постои, секогаш знаат како да ја контролираат масата.
А додека се молат, убиваат украински деца, жени и цивили и уништуваат украински градови. И попови со света вода прскаат и благословуваат оружје. А останатите екстремни православци ги релативизираат убиствата на агресорот, бараат вина во други/трети, додека во рускиот, православен Хитлер гледаат разумен човек.
Тоа се дно од луѓе. Никој не релативизира убиство. Најстроги казни за нив. А убиваат во име на Исус? Кога веќе ја почнуваш темава....
Леле темава Убаво викаат дека треба да се затвори, тука нема конструктивна дискусија само сезнајковците ќе си ги мерат силите и ќе се препукуваат. А колку интересно е што фактите се негираат, и се врти водата накај својата воденица. При очи слепи се праите, ако. Уште поинтересни се овие невернициве кои се "најпаметни и најсовремени" па ќе ги исмеваат "затуцаните". Лицемерие како секојпат мора да исплива да површина. Циркузи. Ај нека има активност, да не биде досадно. Уживајте.
Ти ништо не разбираш. Тие убиваат во името на Алах и оправдуваат убиства. Војната во Украина нема никаква врска со христијански поводи.
Нема врска. Многу добро ми се познати мене најголемите лаачи против христијанствово. И во живо, и на фејсбук, а и тука на форумов. Тоа се од вашите ЛГБТКЉ виножитни здруженија, каде ротираат едни исти луѓе. А иститие тие се и најгласни и на атеистичките групи на фејсбук. Едно од нив е и Стар-Стар здружението што е главен поборник за жените да се проституираат. Еве ти линкче: https://novamakedonija.com.mk/multi...nata-borba-za-prava-na-seksualnite-rabotnici/ И ова тебе ти е многу јасно. Впрочем и затоа те заболе мојот пост и затоа се најде засегната да ми реплицираш И не само во Македонија, туку насекаде во светот атеистите се тие кои го промовираат ваквото понижување, деградирање и дехуманизирање на жената - кое е дијаметрално спротивно од вистинскиот феминизам кој го брани и се застапува за дигнитетот на жената.
Очигледно е дека ништо не знаеш за таа војна. Глупо е да ја мешаш овде. Има духовна позадина, пишував на темата.