Амбалажата ме купи, готово. А види го овој. Не знам дали е арапски, ама прекјут. Може требаше една општа тема за сите арапски да отвориме. Ни овој го немам видено кај нас, не знам на fragrance.mk дали би го имале. @Peperutce6 мислам ти имаше пишано за fragrance, имаш некој арапски нарачувано? Добри се? Јас немам ништо нарачано од кај нив, за почеток можда некој од арапскиве би пробала. Кај нив најниска цена се.
Немам конкретно од овие погоре, ама на истиот бренд користам еден веќе 2 години од Шатци и сум презадоволна и од мирис и трајност.
Истото го забележав и јас, го имам Yara. Гледав на Тикток видеа и шишенцето е фејк. Очекував поголема трајност според коментарите.
На оваа тема множам многу да пишувам мојте омилени парфеми. Стигнаа и во Македонија? Јас моментално ги имам овие . Значи кој од кој ми е поубав. Искрено овој моменто не е латафа но е предобар и е уни. Овдека во Германија ги користат буквално сите од младите кај и да тргнеш мириса на чоколадо и бонбони . Преовладуваат ептен. Арапските парфеми ги има дури и на пазарите се продаваат доста од нив по цена од 25€ до 30€ . Исто така розевиот ептен е траен . Некој ја спомна Тања белив и тикток. На нејзе искрено сите парфеми и се супер сите се долготерајни и она се тоа го добива бесплатно па се е нај нај .
Немам порачувано арапски, ама имам порачувано диор и армани за мм, топ. Дефинитивно се оригинали и скроз би се осмелила од таму да купам било кој парфем. Мене па ми е страв на слепо да купувам, прво би ги мириснала да знам какви се, а овој погоре розевивв сите го фалат баш би сакала да видам како мириса. Ако ми текне да нарачам деновиве ќе пишам
Леле амбалаживе, предобри. Овој Her confession ми фати око, како мириса? Благ е или? Розевиов не знам дали го има кај нас, немам приметено. Ги има овие Yara и Еclaire, вториов го имам мириснато само и ми се свиѓа мирисот. Е сега за трајност, не би знаела. Club de nuit исто ми делуваат примамливо, ама ги немам пробано. Некој ако знае каде има највише избор, нека пише.
И ја го видов Lattafa Asad во dm пред некој ден, изгледаше шишето интересно, баш арапски стил некаков. За цената делува малце прескапо реално, али тоа е што е. Произведен бил во Обединетите Арапски Емирати, не ми се верува dm ко сериозен германски бренд да носи фалсификати.
Ги имам мириснато повеќето од Латафа но го имам само Qaed Al Fursan Unlimited, го земав минатото лето за на одмор имаше некој попуст на fragrantice.mk, па да ми се најде.. Мириса баш како некој тропски коктел и млеко за сончање, се осеќа некои 2-3 часа максимум после го нема ама среќа паковањето е големо па го шприцав цело време од сабајле до вечер, дури и на плажа, на облека може да трае нешто подолго ама на кожа брзо ветрее. Да бидеме реални за таа цена нема ни што да се очекува во однос на трајност. Генерално убав летен парфем, за уникатен не би рекла дека е - ама е впечатлив, не би рекла дека е прикладен да се носи во друг период од годината освен во лето. Пошто сакам да мешам парфеми, го имав комбинирано заедно со Crystal Noir Versace за навечер ептен испадна секси, привлекува комплименти. Исто често го мешав и со Mandarin & Honeysuckle Victoria's Secret боди мистот и баш погодок ми беа. Општо би рекла овие од Латафа се супер за комбинирање со други пафеми, но не би ги носела сами.
@Panda00 Club de Nuit маж ми купува од Шатци и навистина е траен. Женските не знам какви се. Мислам дека Шатци има најмногу избор на овие Арапскиве парфеми.
Јас го имам баш овој на lataffa eclaire и го купив од штаци и можам да кажам дека навистина е траен дури иноткако ќе се истуширам го осеќам на себе. Го купив од шатци и не верувам дека е фејк.
Значи траен е? Топ Не издржав, го купив, се почастив. Колку е сладок мирисот, прав десерт, совршено му одговара името Шишето премногу ми се свиѓа Се надевам дека ќе сум задоволна од трајноста И мене не ми се верува фејк да им се, не се некој скап луксузен бренд
Многу е траен и преслатко мириса, немсше кој не ме праша што парфем ми е, плус некско ефтин е за 100 мл. Долго трае
Her confession го имам моментално, ако си обожавател на кокос ти го препорачувам, јас прво шприцање така некако бев скептична, ама сега сум заљубена во него
Обожавам, ванила и кокос ми се омилени ноти. Значи добар би бил сега за лето. Го има кај негде или по соседниве земји?
На кој потсеќа? Каков кокос е, синтетички да не е? Има слаткост или е повеќе летен? И ја сакам да знам дали некаде би можел да се мирисне. На fragrance го има, не знам дали по парфимерииве е достапен. Целото пакување му е прејако Ова и како украс може да послужи.
Го има во ист гејт, штанд има со арапски парфеми, ама не сум загледала цени. Баш е кокос со кокоспвп млеко, не е благ, јас сум заљубена во ванила цел живот мене на пример Eclaire от ми е типичен мој мирис, ама не знам во овој се заљубив некако(ама пак да те потсетам не на прво прскање, поинаку мириса после...
Има некоја одвратна, досадна нишка во СИТЕ арапски парфеми која не ја поднесувам. Има фини мириси, не дека не, ама генерално - хм. Немаат „тежина“, како да кажам... Пример, не можеш да споредиш со Прада. Во однос на амбалажите: Кина штанца за евтини пари, џиџи-миџи изгледа, ама тоа не значи дека е скапо само по себе. Во однос на тоа дали се оригинали или не: Може да се провери. А, копии - има. Копии на копиите има. Буквално. Очи отворање! И, за крај: слатки амбалажи, кул, кјут... Нека не ве лажат! Мириснете си лично. Колку и да не се скапи - зошто да фрлите пари? Јас, пример, од лично искуство кажувам. Имам купено некои 5-6 парфеми арапски и само 1-2 ми се океј. Но, само „океј“. Еве, Khamrah ќе го земам за пример: каков хајп има(ше) за него! А он... Сѐ - само тоа што очекував - не. Среќа не се излажав да го купам.
Инаку Her Conffesion e dupe на Blanche Bete. Овој на пример ми е чиста утка, го нарачав, летен бил кокос имал, ни К од кокос, како некој омекшивач цветен.