За жал не. Меѓутоа преку тие од Фрагрантика јас се водам. И до сеа немам погрешено. Обично ако е Еликсир е појак и треба да е потраен.
Кој би го предложиле за летен парфем од арапските, со свежи ноти? Барам нешто слично на LV l'immensite, ама не од копиите.
Овој би требало да е сличен со LV I'immensite. Јас би ти го препорачала и Аsаd да го пробаш, ако си фан на Dior Sauvage ќе ти се допадне.
Овој мислам беше клон на Imagination? Овој е мислам идентичниот клон на l'immensite? Би сакал некој сличен.
Овој наводно бил со сличен вајб, но не ист, на fragrance.mk намален им е За тие пари секако не очекувај трајност како на Луј Витон.
Мислам дека не е идентичен, ама сепак би рекла прво да тестираш како ќе ти се допадне. Еве што вика ChatGPT Jean Lowe Immortal не е 100% идентичен клон, туку е исклучително слична алтернатива која поклопува околу 85% до 90% од мирисот на Louis Vuitton L'Immensité. [1, 2] Разликата помеѓу оригиналот и арапскиот клон се должи на балансот на нотите и квалитетот на состојките: Главни разлики во мирисот Почетокот (Opening): Jean Lowe Immortal се отвора многу поостро, посилно и со посинтатичка нота на цитрус. Оригиналот на LV е екстремно мазен, природен и луксузен уште од првата секунда. [1, 2, 3, 4] Нотата на ѓумбир: Кај арапскиот клон, ѓумбирот е многу погласен, поостар и доминантен (дава чувство на луткаст газиран сок). Кај LV, ѓумбирот е совршено избалансиран со водени (акватични) и билни ноти. [1, 3, 4] Сушењето (Dry-down): По околу 30 минути, кога парфемот ќе се „смири“ на кожата, тие стануваат најслични (околу 90-95%). Во воздухот околу вас, обичен човек речиси нема да може да ја забележи разликата. [1, 2, 3]
Го земав, искрено, џабе си дадов парите. Нит се осеќа ниту трае, ептен се каам Или кожата ми е како на некој мутант, ебате не можам парфем да си погодам. И со yara Tous истото беше. Оваа глупава кожа само my way го има "прифатено" за парфем. Ќе остане да продолжам со него до умирачка, нека има.
Е овој го сега не сум го знаел, и баш ќе видам што ноти има. Скапи се на фрегнанс обично. Жирафа имаат пониски цени. Плус сега имаат акција, даваат бесплатен СИМ, па да се искористи две во едно. Едит: Пониска е, како што мислев. @Panda00 Да, овој е клонот на Limmensite. Барам сличен на него.
Поевтини за разлика од парфимерииве дека онлајн само, ама да, шпонциве даваат поевтино опасни тие. Ја земав еден женски, пребрзо стаса со све фискална. Супер услуга. А тоа симот не го активирав и пропадна
Ти пишав во другата тема предлози, да не сум оф топик тука. Ако сакаш строго арапски, тогаш не знам други свежи. Ако најдам уште некој, ќе пишам.