@MiloMalo арапски парфем треба да го оставиш некое време па да оствари максимален потенцијал на трајност. Тоа најчесто е 1-3 недели. Не го троши џабе. Периодов ставај по малку, или ич. И ќе видиш. Како го викаа странците let it mature ?
Тој во средина го имам. Кај мене доста долго трае, се случува и по 10 часа да го осеќам како мириса, но би рекла 7-8 часа во просек, зависи. На облека многу долго трае, со денови мирисаат марами, кошули. Мене ми е многу убав, нежен, ненападен, баш во мој стил.
Тој во средина. Убав ама ништо специјално. Солидна трајност. Во смисла, ако го добијам на подарок ќе го користам, не е лош, ама не би го купила.
Јас ја имам Coral верзијата, ми е повеќе благ иако се рекламира како тропски, овошен. Солиден е ама ми нема некоја огромна трајност. Околу 3-4 часа можеби.
Ми се уврте во глава овој парфем: Ама ми текна дека го спомнувавте, па некако се двоумам сега. Дефинитивно не би го купила на слепо, ама многу ме влече. Читам коментари дека на повеќето им мириса на цветно-пудресто, па ми се чини дека можеби ќе ми се допадне. Е малку ме кочи тоа што личи на скроз летен парфем, ама можеби ќе му најдам некои складни комбинации за да го мешам со друг парфем. Како и да е, ме интересира дали навистина толку слабо трае?
Јас овој го добив на поклон, многу е траен, и после 5 саати уште се осеќаше мирисот на раката како пресно да е ставен. Мирисот само не ми е нешто посебно многу на ванила мава, ама не е до толку лош. По траен парфем од овој не сум сретнала досега.
Јас го земав мислејќи дека има мирис на ванила и кокос, на крај како некој омекнувач безвезе ми мирисаше, па го потрошивме на работа колку да се потроши
Јас го купив ради reviews по тик ток дека мириса на кокос, ананас, тој летен вајб ама мене искрено ми мириса многу тешко и чудно, не можам да го поднесам на кожа и ми развива некоја нота ко на смрди буба
Значи дефинитивно не е за да се купи на слепо овој. Фала, ќе го пробам па ќе видам како ќе се развива кај мене. Ако мириса на омекнувач е супер, јас многу сакам такви мириси, ама ќе видам како ќе се покаже на мојава кожа.
Јас го имам. Нема ноти на ванила или јас не ги осеќам. Мене ми има мошусни ноти. Не е лесен летен парфем. За трајност не е ништо посебно, ама не е ни ептен кратко да трае. Само не е како некои арапски парфеми што траат по цел ден.
Го имам овој парфем, пишував пред некое време во темава за него. Мене многу ми се допаѓа, ептен ми е погоден и доста долго трае на мојата кожа.