Имам земемо многу парчиња и за нас и за децата, и за подарок земам. Јас сум задоволна од квалитетот, а и од изборот на модели, материјалот, и бројчиња за сите.
Мислам дека се далеку поквалитетни од Синсеј, конкретно и за фармерки. Земам од таму за децата, почесто од нашиве се перат дека деца се валкаат, и ги нема да мрднат.
Многу евтино ако ми издржат фармеркиве барем една година ќе земам од таму почесто работи ,многу пристапни цени имаат како ваикики на почетокот а сега и они кренале цени што мислам не вреди за толку
Земам и јас од Синсеј, и фармерки и тренерки, и за два месеци се кинат т.е ситни дупчиња почнуваат. Е сега, во Ваикики цената конкретно на фармерките е двојно повисока, ама и разликата во квалитетот е голема.
Дали некој има порачувано онлин од ваики, ми излезе дека имаат веб страна и апликација. Ако знаете за колку време стигнуват нарачќите
Јас пробав. На 17.07 направив нарачка а уште ми стои - во подготовка. Мислам дека нема да ја добијам.
Мене Ваикики ми е скроз океј. Сум си купувала фармерки, кошули, маички, фустанчиња, дуксери, блузи, џемпери, јакнички, капчиња, многу ствари.. Нормален квалитет се, конкретно фармерките сум ги носела повеќе години. Имав купено и еден пар чизми, супер беа, не ме болеше ногата и не пропуштаа вода, што е најбитно. Ташните им се поквалитетни и подолго издржуваат од Дуки Дасо. Зимава од Белград си купив многу убав и долг капут за супер цена, на попуст беше. Ептен ме топлеше. Исто и една убава бундичка за 2000, па и толку дали беше. Кога бев во Истанбул пред неколку години, таму си најдов фустанчиња за уште пониски цени. Многу поголем избор имаше и беше уште поевтино отколку кај нас, веројатно дека е турски бренд. За тие цени, супер е квалитетот.
Пробав и јас, 19.07 направена порачка, уште стои во подготовка. Првично ми пишуваше рок на испорака од 27.07-04.08. Се сомневам дека воопшто ќе стаса во тој период.
Нарачав online на 23.07 и сеуште стои статус во подготовка. Им пишав на mail и ми одговорија: "Пратките преку граница се доставуваат во рок од 7–13 дена, во зависност од царинските постапки и транспортните процеси. Нашето стандардно време на испорака обично е 2–7 работни дена, во зависност од вашата локација."
И јас така мислев, но денес ми стигна меил дека е спакувана и чека курир да ја подигне. Порачано на 18.07 П.с. порачано преку страната, апликација уште не сум симнала. Ако е сѐ во ред, можеби ќе преминам на апликација
Мрднавме од некоја точка. Порачката на две пратки ја поделиле. За едниот дел ми стаса маил дека е спакувано.
Нарачано на 18.07, нарачката поделена на два дела, денес мејл за едниот дел дека е спакуван. Се надевам нема месец дена да се чекаат праткиве.