Оххх, долга е листата. Јас следно ги сакам dream cream, scrubee, avocado co wash и chelsea morning течниот доколку е траен. Имаат некои попусти за black friday?
Во Англија да, за boxing day, тука не. Јас си ветив да не купувам ништо до Нова година, но не знам дали ќе издржам.
Јас утре ќе го пробам. Само по мирис или и по фунција? здрава коса имам ама разлетана ако не ја стилизирам. Каков ефект дава?
За кутикули и сува кожа. Кутикулите многу брзо ми стануваат катастрофа и затоа земав. Тврдо масло е се топи од топлината на рацете. Прв впечаток - одлично е. Се стопува и омекнува. дури маж ми на лице го намачкав, околу носот му се иритира и лупи кожата. ми земал тестер од лосионот Стики- леле преубав ми е јас сум заљубена во мирисот. Да не земев два лосиона од Лаш одма ќе го нарачав. Лимитед им е или го има секогаш?
А веќе си го земала, супер со здравје да си користиш. штом ти се погоди одлично. Мислам дека не е лимитед едишн веќе
Помина некое време и би сакала да споделам искуство: го имав нарачано шампонот wasabi shan kui бидејќи косата ми отпаѓаше премногу и ми беше кршлива. Поминати се две недели - косата веќе не паѓа во толкава количина ( ми паѓаа прамени буквално); сега по некое влакно, но задоволна сум што почнува да се обновува односно ми растат нови. Откако ќе го ставите шампонот неверојатно е како го чувствувате на скалпот. Го имав нарачано регенераторот Candy Rain, има преубав мирис и косата ми е неверојатно мека после тоа. Иако делуваат за мали шишенца, доволна е мала количина бидејќи пенат доволно. Имам долга коса* Моја препорака е ако се мислите да ги нарачате. Мирисот на косата трае отприлика до следниот ден. После бањање мириса цел стан дома Ми го дадоа како тестер гелот за туширање: cempasuchil има светки но не се задржуваат на тело, мириса феноменално но мирисот не се задржува нешто многу. Одличен е како гел за туширање, мириса цветно, пени премногу. Но не сум лично јас љубител на цветен мирис не би го нарачала повторно. Следно што сакам да нарачам е: Roots третманот, lord of misrule гелот за туширање и scrubee пчелката Сакам да ги побарам тестерите на sticky dates и snow fairy лосионите за тело. Па може и ќе го земам спрејот на ЛТГТР
Како ја користите SCRUBEE? Како што видов на мокро тело по туширање и да се исплакне ама само си лизгаше и ништо не се случи. Освен на некои делови кај што запнав со стискање.. што правам грешно?
Од предната страна (горната) го користиш? Од задната е без тие зрнцата. Не знам дали добро објаснувам. Од едната страна гребе од другата не
@TammiB5 За Roots мислам дека ме прашуваше, можам да се пофалам дека стварно се намали ептен опаѓањето по околу 7/8 пати што сум го користела до сега, некогаш повеќе го оставам ради тоа што сум со бебе па немам можност одма да ја измијам косата пример по 1сат, некогаш само 10минути и сепак си ја заврши работата барем за сега јас сум задоволна. А имам повеќе од пола во пакувањето, така да мислам дека стварно се исплати посебно за случаеви како мене што им опаѓа косата после пораѓај.
Фала ти за споделеното Да, баш поради таа причина и сакам да го земам. Се породив пред 8 месеци ама паѓањето ми беше ненормално големо, прамени буквално ми паѓаа. Периодов ми се смири, ми помогна и шампонот плус. Па сакам сега да го земам и третманот заедно со шампонот да ги користам.
Да, Dream crram била како мелемска крема. На девојчето на штандот во City mall и ја покажав раката (од сјај за садови, од студ) ми пукаат рацете и црвенило некое. Ми ја препорача , намачкав , навистина е чудо .