1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Maшки еротски профил според хороскопот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од MarchelineAmaru, 7 ноември 2012.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Овен
    Не сака долги додворувања и само мисли како жената да ја убеди за водење љубов. На ниедна поза не и дава особена предност, сите му се подеднакво добри и само му е важно што почесто да има секс. Затоа не се двоуми тоа да го прави полуоблечен, во ходник, во лифт, на маса.... Кај жената особено го привлекуваат брадавиците на бујните гради. Фантазира за групен секс.

    Бик
    Многу е пребирлив при изборот на партнерка, но кога ќе се одлучи за некоја, не го обесхрабруваат нејзините одбивања. Тој е одличен љубовник. Многу е потентен. Пред да се ожени често ги менува партнерките, но во брак е верен. Кај жената прво обрнува внимание на погледот, потоа насмевката, а потоа го гледа – задникот. Најпосле тргнува во освојување.

    Близнаци
    Сексуалниот однос не му е единствената цел за врска со жената. Води исклучителна сметка и за духовната нагласеност со партнерката. Љубоморен е и сомничав. Го стимулираат еротски фотографии и порно филмови. Се навредува кога партнерката одбива да експериментира во сексот. Кај жените најпрво го забележува предизвикувачкото одење.

    Рак
    Неговите сексуални односи не се долги и чести. Приврзан е со жените со кои што спие и често им се потчинува. Многу му е важна женската чесност и за животна сопатничка одбира девојка без сексуално искуство, иако од неа очекува во креветото да се однесува како блудница. Кај жената најпрвин го забележува деколтето, потоа усните.

    Лав
    Добар љубовник, сака да се набљудува во огледало додека води љубов и не се согласува во текот на сексот да се изгаснат светлата. Се труди да ја задоволи жената. Во машко друштво се фали со своите освојувачки вештини и не е многу дискретен, па поради тоа жените го избегнуваат. Сака пози за кои се потрбни акробатски вештини. Го возбудуват женските гради.

    Девица
    Му одговараат сите пози за време на водењето љубов и максимумот го достигнува гласно. Нема посебен тип на девојка која му се допаѓа: плава, црна, ниска, висока, скаба, полничка – сите се доволно добри ако сакаат со него да појдат во кревет и ако во него останат подолго. Тој е вистински маратонец. Ерогена зона му се ушите.

    Вага
    Совршен е во кревет, сака предигра и се труди да ја задоволи партнерката. Склон е кон разбивање на конвенциите во тесниот контакт, изненадува со нови пози. Поборник е на оралниот секс. Кај жената најпрво ја забележува косата.

    Скорпија
    Опседнат е со секс и секогаш е подготвен. Лесно се возбудува. Не е премногу избирлив при избор на партнерка. Шампион е во креветските вратоломии. За него верноста е непознаница.

    Стрелец
    Најмногу му одговара брз секс во кој партнерката презема иницијатива. Верен е затоа што е мрзлив. Во авантури влегува само ако жената прва тргне во акција.

    Јарец
    Исклучително потентен. И ги исполнува сите барања на партнерката и се труди да ја задоволи. На памет му е само сексот. Иако се труди, невешто се додворува, секогаш кажува нешто што не треба. Омилена поза му е седечката и одзади. Убеден е дека е подобар љубовник отколку што мислат жените.

    Водолија
    Од надвор исклучително студен и воздржан, во креветот вистински вулкан. Сака нежни разговори, предигра и сака да истражува нови пози. Тој е многу нежен љубовник. Исклучително е потентен. Ретко се забавува со повеќе жени истовремено. Ужива да го сака неочекуваното, стоејќи, тивко, потивко.... Кај жените најмногу го привлекува делот кој последен излегува од просторијата.

    Риби
    Нежен и романтичен љубовник, во текот на сексуалниот чин повеќе води сметка за задоволството на партнерката отколку за своето. Не е склон кон впуштање во авантури. Во суштина тој е пуританец. Што се однесува до физичкиот изглед на жената која ја одбира, најголемо внимание му посветува на струкот и долгите нозе.



    (Преземено од crnobelo.com)
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    За водолијата се е точно ,освен последната реченица - моево го сака најмногу делотт кој прв излегува од просторијата ;)
     
    На femina993 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Мојот е лав и не е баш така како што е опишано :P
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Сте погодиле за оној што го гледа задникот. :rofl: