Во Хрватска на сезона, често купувам ствари од Pepco за по дома: чаши, свеќи, маички за работа, некои други ситници за по дома што затребуваат, баш убави работи за ефтини пари. Sinsay прв пат отворија таму годинава (во близина каде што живеев) и изнакупив доста ствари од гардероба. Многу бргу им се трошеше се ново што ќе донесат. Тука бев во Pepco, додуша на кратко влегов ама ми се виде доста понеопремено, добро реално и помало е, ама сепак многу повеќе детски работи од друга роба, барем колку што јас забележав. Sinsay бев и во Jumbo и во Capitol, исто помали продавници, послабо опремени ама пак може да се најде по нешто интересно.
Тоа зависи од пазарот. Македонскиот пазар е помал и послаб од хрватскиот, па затоа и посиромашни им се продавниците.
Не знам дали нас така ни се погаѓа или стварно немаат стандард за големина? Земам неколку пара различни хеланки за ќерка. Од око што би се рекло. Од едниот модел големина 3-4, од друг модел за 5 години. Од 3 модел мерам по должина со претходните тек за 6 години испаѓа да треба да земам. И со блузи сум со забележала, баш во детските, нема во мојов град некој голем избор за возрасни, немам ни земено од таму.