Дали сте член на Поливор? Дали го посетувате и колку често? Spoiler дали marama често го посетува сајтот на Polyore ?
Сакам да прашам...? Јас го посетувам и тоа мнооогу редовно,а марама не толку често...Ете си зедов за право да ти кажам Ако сакаш прати ми линк по лп да те адднам
Сакам да прашам...? Не, ретко сум таму, ама и не сум со овој аватар од тука. Таму никот ми е афродита89. И Багуфче пред некој ден ме праша, ама не сум таа со овој аватар.
Сакам да прашам...? Јас сум 2 годишен поливоре зависник http://www.polyvore.com/cgi/profile?id=787162
Сакам да прашам...? Кога веќе ја спомнавте поливор, ќе микаже некој како функционира, јас слабо се снаоѓам, еве сега отворив
Сакам да прашам...? Зошто кога правам сет на поливор ми се враќа назад цел сет? Јас мислам дека сликата ми е на ивицата, а не е Ептен сум изгубена некако
Сакам да прашам...? Чекајте бе не се учи преку ноќ Јас првите сетови 2-3 ги избришав катастрофа беа. И после негде 3-4 месеци бев за прв пат задоволна од своите сетови Еве ви од првиот месец сет. А еве од сеа Значи еве неколку "финти" 1. Ставате да креирате сет и барате облека. Наоѓате пример фармерки и кога ќе ги кликнете имате add to set и save to my items, со второво си ги зачувувате и си ги наоѓате после во my items, a таму имате опција за да си ги организирате и зачувате по категории како фолдери во тој стил. 2. пребарувањето е лесно ако на search напишете и други категории облека не само оние 10тина кои се ставени подоле пример : necklaces, scarves, gloves, nail.... ма се и плус може да пребарувате и по боја и по материлал, по се, тоа го допишувате во срчот 3.сликите за да ви се целосни а не онака бледи треба откако ќе ја ставите сликата во сетот да ги употребите горе тие опции. За целосна слика се клика background (ножичките) i KEEP! Со римов се трга сликата иако може и со копчето делит на тастатура, a со CUSTOM се сече сликата по ваша желба. Имате и опции за да ги свртите сликите Flop/Flip, да ги клонирате и имате опција да ставите нешто пред друго парче или слика тоа е FORWARDS со неколку клика се става пред, а за да е под BACKWARDS. 4.ако не можете сетот да го направите сејфувајте го во драфт и ќе си го доправите друг пат 5. http://www.polyvore.com/cgi/contest.browse тука ви се официјалните поливоре натпреварувања се добиваат и награди многу големи од ташни на дизајнери, до облека по желба на дизајнери, по 1000 евра картици од адидас и најк итн. Ама може и 5 години да си дел од поливоре и да немаш среќа и креативност за победа 6. http://www.polyvore.com/cgi/contest.bro ... ter=groups а тука натпреварувања во групите во кои сте зачленети добивате трофеј ако освоите прво, второ и трето место во групи каде над 50 членови ќе стават сет за натпреварување. 7. Добро е да се приклучувате во групи за да се натпреварувате, добро е да аднувате пријатели за да ве гласаат, добро е да лајкнувате зашто најчесто и ви враќаат со лајк и тако даље 8. Eве ви балканска група http://www.polyvore.com/beauty_balkan_g ... w?id=90031 9. Еве ви ги топ сетовите на денот http://www.polyvore.com/top_sets_for_ja ... ?id=774061 http://www.polyvore.com/ всушност тука имате топ сетови, топ продукти, топ групи, топ сет итн.
Пишуваш frame во пребарувачот,си бираш рамка,ја местиш во местото за креирање сет па потоа си бараш слика соодветна за рамката и ја местиш во рамката
Сакам да прашам...? Вака: Се регистрирав на Поливор, направив еден сет го зачував и го публицирав. Ама по грешка имам стаено едни ремчиња заедно со сетот, и сега не знам како да го уклучам пак и да ги извадам. Друго: Направив втор сет и само го зачував, не го публицирав и сега неможам да си го најдам... Трето: Видов кај багувче многу убави комбинации со облека, чевли и позадина што ги нема кај мене понудено. Сд ја п од каде ги наоѓа?
Сакам да прашам...? 1.Уклучи го сетот што си го постирала,од десно имаш повеќе опции вклучувајќи ја опцијата edit this set.Откако ќе кликниш таму притисни на работите што сакаш да ги бришиш па бриши ги со delete копчето на тастатурата една по една. 2.Вториот сет што си го зачувала ти се наоѓа во папката drafts,за да го публицираш ќе одиш во create a set,па потоа во my sets,па во папката драфтс 3.Облеката ја наоѓам така што впишувам детаљи што сакам да ги има облеката во полето за преубарување па стискам search.Значи можеш да бараш облека на англиски по боја,материјал,должина и сл. На пример pink dress,high waist pants,shorts,white top,satin skirt
Јас пред малку се регистрирав(бдв многу брзо се регистрира), е сега не знам како се прават тие преубави позадини како што има Багуфче и Росонерка видов дека има фајл со бекграундс ама не ми изглегува како што треба.
Готово, се навлеков. Багуф, те додадов. Сеси, такоѓе. Комбинирам ли комбинирам. Уште не го баратам, не знам тоа позадината како да ја ставам сеуште ама ќе биде и тоа Пирамида од Египет, таа сум
Јас сум зачленета од пред седум месеци, ама ретко го користев акаунтот и сум неискусна. А вчера окапав таму. UneFemmeEstUneFemme, додадете ме и мене, и јас сакам да ве следам таму. пс: Преместете ја темава во ,,Мода и стил‘‘.
Јас сум веќе година зачленета. Работата е што, ретко се уклучувам и правам сетови. Затоа и толку малку имам Проблем ми е целиот тој избор на облека и детали, па ми треба минимум саат ипол за еден сет. Многу сум неодлучна! Кој сака нека ме аддне Spoiler http://www.polyvore.com/cgi/profile?id=1150468
Сигурно приметивте опциja TEMPLATE одма до пребарувањето облека. Ако го кликнете тоа ви отвара страници со многу избор за позади на вашиот темплате сет. Ќе клинете на некоја и ако сакате да ја употребите кликате USE TEMPLATE. Потоа ви се појавува тоа на местото кај што креирате. Имате квадратчиња со во нив DRAG ITEM HERE и во нив ги ставате сликичките. Всушност наоѓате пример во бекграунд некоја сликичка и ја пренесувате во квадратчето кое сакате да го пополните. Ако сакате да биде сликата цела нели како што кажав претходно кликате KEEP BACKGROUND. Потоа може да си ја регулирате големината со она лево десно што се движи. И на крај сејф и то е то. Еве како изгледаат темлате сетовите. Ова се мои a може да најдете уште многу пренајубави низ поливоре.
Јас се зачленив пред 20 дена, и си киснам таму Јас ги имам само марама и багуф4е.. (марама ја додадов, а изгледа од кај марама багуф4е ме додала) иначе јас сум MiissBonbon, да си знаете..
Aнгелче абе нели имаше ти друг профил на поливоре? Или грешам Пирамитка, Сеси, Ози не си ги кријте акаунтите И уживајте јас кажав минимум 4-5 месеци помина со секојдневно креирање сетови додека не бев презадоволна од мојот сет И да ви се пофалам моја најдрага победа е од официјалното поливоре (за жал тој контест беше без награда) беше посветен на Греми Наградите 2010. http://www.polyvore.com/grammy_awards_r ... ?id=146669 Мене Мајлис таа година ми беше преубаво облечена во тоа фустанче (иако нејзе не ја поднесувам)
Не, не, името ми е сменето само истиот акаунт е. Јас пак одвај се снаоѓам. А тоа со додавањето контакти..треба да те прифати тој што ќе го аднеш или што?? Пс: Росонерке честитки, ај ем ин лав вит ол јор сетс!