Practical Magic e америчка филмска драма од 1998 година со Сандра Булок и Никол Кидман во главните улоги.Во Хрватска е прикажувана со наслов Магија а во Србија како Љубовни магии. Во филмот се работи за две сестри вештерки кои се борат со предрасудите кои што нивните комшии ги имаат кон нив .Сели Овенс (Сандра Булок) е фамилијарна жена,пријатна и посветена на работата која што сака нејзините деца да имаат мирно детство.За разлика од неа,нејзината сестра Џилијан Овенс (Никол Кидман) е многу атрактивна девојка која што излегува со машки кои секогаш ја вовлекуваат во невоља.Тука се и нивните две стари тетки Овенс кои ќе им помогнат во нивната борба за среќа.Ова е приказна за различноста,прифаќањето и опростувањето.
Филмов ме потсеќа на моето детство, со колку само внимание го следев, еден од омилените кој го имам гледано неколку пати, во исто време и ме плашеше и ме засмејуваше но дефинитивно ми го заробуваше вниманието. Сцената со бубачката стално ме расплакуваше и секое гледање се надевав дека нема да се случи трагедија. Сандра Б. и Никол К., навистина се во најдобрите години, убаво прикажана таа сестринска нераскинлива врска, крајот прекрасен. Убаво го средија бугарин, тешко дека ќе ми излезе од памет неговиот лик