Мојот ризик беше 1:250, исто ми напомена као пренатални тестови, одбив тоа, амниоцинтеза исто одбив, мерките беа супер, бев на уште едно ехо тогаш за мерките, ми рекао супер си е, еве бебла осум месеци здрава права. И години имам и се, ама не обрнав многу внимание на приската, а пренатални исто не сакав. Нормално матична те тера, заработува од тоа, процент зима. Амниоцинтеза не е баш безазлена, не прифатив ја.
Здраво, ова е мојот резултат од приска. Матичниот гинеколог ми кажа дека не гледа нешто многу загрижувачко но за да бидеме сигурни да направам пренатален тест. Доколку не направам пренатален тест ми рече дека ќе одиме на амниоцинтеза. Јас бев на преглед и во болница Плодност и таму ми кажаа дека не гледаат нешто загрижувачко и дека ехото , скринингот се во ред , па дури и приската дека нема некој лош резултат. Но ми кажаа доколку не можам да се смирам да го направам тестот и сега навистина не знам што да направам ..
Здраво, еве и јас со резултатов од приска . Др. Ми рече дека бета ХЦГ било ептен ниско и има можност да е некој синдром . Нормално ме извади од памет и ни предложи пренатален . Прифативме и сега чекаме резултат . Според ваше искуство какви ми се вредностите од приската?
Прв пат слушам за вакво нешто, приска вика низок ризик. Јас слични вредности имав како што памтам оваа бременост, на 13+ недели. Баш кога бев кај докторот ги гледав и споредував резултатите и од претходната приска, таму повисоко беше нивото малце, на 11+, ама како што читав како напредува бременоста од 10 недела надоле вредноста се намалува, и твоево е во граници на нормала (according google секако). Како и да е, мене ништо не ми рекоа дека не е ок.
Здраво девојки, Ова се моите резулати од prisca Ве молам некој што повеќе разбира или има билокакво искуство да ми каже дали е ова ОК и нормално? Пишува дека HCG е високо. Благодарам
Ok e, gledaj kade što pišuva age risk. Kaj mwnw bwšw 1:350 pa sve si beše ok. Skriningot na eho e biten da e dobar. Vo kombincija so ova ako e toj ok, dobro e togaš.
Искрено, др. Ирена ништо не ми даде детални информации, само рече дека плодот одговара за неделата во која што сум. Извештајот од ехо нема спомнато ништо лошо.
Приската е математичка биохемиска пресметка, не е многу веродостојна зашто е пресметка повеќе. Мерките на скрининг се битни и ако можеш да си дозволиш пренатален. Тој е 99.9% точен. Според мене тој треба да е без пари и да е задолжителен. Не се потпирај многу на приската. Ако можеш направи си пренатален.
Дали кај некоја од вас исто bHCG била повисока од нормала? Што значи тоа? Другите параметри и од ехо и од приска се ОК со низок ризик? Дали треба да давам значење на тоа што е над нормала? Ве молам за совет.
Не, штом на ехо си е се во ред, не се замарај за статистички информации, ако сакаш побарај и 2ро мислење од Димчев, во Систина. За да си мирна.
пребарај во темава би требало да има некој пишано исто со висока бета... но за да си бидеш помирна отиди кај матичната што ти ја води бременоста и плус можеш систина кај димчев или др доктор од таму
Чисто информативно, во Државна ти е бесплатно и изненадувачки брзо одеше, за многу кратко завршив секаде кога правев.