1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Relax парфеми

Дискусија во 'Парфеми' започната од MayDiamonds, 23 септември 2016.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Парфемчињата се копии на оригиналите, цената им е 150 денари, прилепско производство се..
    Досега сум ги користела еconomic но поголемиот дел од нив мирисаат тешко, само неколку ми се допаднале. Пред некој ден една другарка мирисаше преубаво и ја прашав што парфем користи ми рече дека се викал Rеlax, досега ги немав забележано но ги има на секаде и за разлика од економикот не мирисаат на алкохол и хемија.. На брзање вчера земав еден бидејќи ептен бев љубопитна, бројката му е 4174, заборавив да видам чија копија е доколку некој знае нека ми каже.. :$
    Исто ми се допадна копијата на Victoria's sеcrеt - Bombshеll тој ми е во план следен..
    Што мислите? Дали некој ги користел и колку сте задоволни.. :)

    [​IMG]
     
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Трајни ли се ?
     
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Одамна ги користев, сега не сум земала но се сеќавам дека подолго траеа на облека, на кожа не баш..
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marfi19

    Marfi19 Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2022
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Ја има негде листата објавено?
     
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Ова беа првите парфеми од ваков вид што ги зедов. Всушност, откако бев толку задоволна од нив, сакав да ги пробам и тие на Economic ама за нив имам пишано во соодветната тема дека барем тој што го зедов, не ми се допадна многу.

    Relax како што разгледав изгледа се наше производство, од Прилеп.
    Летото купив еден, патував за работа меѓу различни градови и зошто е компактен ми стоеше постојано во ранец. Постојано мирисав убаво и најголем дел се трајни.
    За зима си купив друг и тој уште повеќе ми се допања и ми е еден од омилените. Не ми се верува дека другите парфеми така ми стојат зошто овие повеќе ми се допаѓаат. Или може ми е помалку мака да потрошам пола шишенце (шега) на едно нанесување од овие наместо од оние скапите :D
    На повеќето од нив имав комплименти за парфемот што го носам. Неделава си зедов резерви од тие што ги користев и уште 2 нови.

    И овие не ми мирисаат вака
    туку навистина убаво мирисаат (не знам колку се блиску до оригиналите, овие што ги купив така ги погодив).
    Плус си останаа доследни на цена и не ги поскапеа како што се случи со многу други работи.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Selena01

    Selena01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    4.981
    Пол:
    Женски
    Ја иам еден од релакс и откако прекинаа да го произведуваат, набавив залихи. Сакам наредно да испробам и други, пошо доста траат секако за таа цена
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ~Maca~

    ~Maca~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    419
    Пол:
    Женски
    Јас порано користев еден од релакс, бројот му беше 4158 на викторија сикрет преубаво мирисаше ама одамна не го произведуваат. Другите не ми се нешто нај, ама реално трајни се
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Секако тоа зависи од вкусови дали нешто ти се допаѓа или не, ама од овие ретко имам забележано да ја има онаа нота на парфем од маалска продавница (if you know you know :D ).
    Уште го има тој број, само зависи дали и каде ќе го начекаш.
     
    На ~Maca~ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најдат во кои маркети/парфимерии и каде има најмногу избор од овие парфеми?
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ~Maca~

    ~Maca~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    419
    Пол:
    Женски
    Стварно уште го има? :o па видов ем на страната вика аут оф сток е

    Па јас знам во рамстор ги има, во некои маркети само...
     
    Последна измена од модератор: 10 април 2024
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Selena01

    Selena01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    4.981
    Пол:
    Женски
    Рептил, жито и еден друг маркет помал во кисела вода, трафиките околу средно економско. Воглавно на каса во маркети и поголеми трафики. И аптеките на Водњанска, ова барем ја кај што сум нашла. И изборот е прилично ист насекаде. Тие што почесто се трошат се потешки за наоѓање, ама секако ќе ги најдеш
     
    На Astrum.Obtutus и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Еи стварнооо. И мене тој ми се допадна, сега гледам дека таа бројка ја имам. Се надевам дека ќе ги обноват залихите.
    Жито маркети и кит-го како и по повеќе маалски продавници.
     
    На ~Maca~ и Astrum.Obtutus им се допаѓа ова.