Не разбирам што е разликата помеѓу твојата фискална и фискалната на некој што купил од продавницата. Зошто најнормално не ти вратат ќеш како да е купено во објектот. Чекам и јас нарачка, се надевам нема да имам потреба од враќање.
таква им е политиката на враќање. дека за он лајн нарачки средства се враќаат на сметка, а не во кеш.
Значи ако треба да се враќа, подобро ич и да не порачуваш, да се порача нешто што си само 100% сигурен Каква е хаотична страната, такви се хаотични и во продавница.. Ми стигна и мене код за попуст да искористам до 22ри, баш ќе пробам подоцна и ќе споделам дали минал. Вчера, денес ми доставија за прв пат пратки. Вчера тренерки за детево, нема што да утнам, бројот е тој дезен Мајнкрафт, ама денес стакленарии и беа ептен убаво спакувани во пакет, се сортирано во кутии, кутиите во едни книжни, измеѓу кутиите пак хартија. Е има и една јакна за поклон, сама све си избра, ама што знаеш... ауч ако треба да се враќа @brm_brm пиши маил на пазарна, да знаеш дека функционира, враќаат, дејствуваат. Летото за ден ми вратија повратен маил, бараа нешто плус, за една недела средија, чак и дома ми испратија белешка.
А според фискалната знаат дека е онлајн или ти им кажа? Мислам во Зара пример нема разлика во сметките. Инаку според ова подолу, логично ми е дека ќеш враќаат, штом не се пополнува формулар: Поврат во локална продавница Земете ги производите со себе во локалната продавница, како и вашата фискалната сметка (можете да ја покажете на мобилен уред). Ако ја изберете оваа опција за поврат нема потреба од креирање на формулар за поврат.
Јас чизмички нарачав два пара бидејќи ги немаше во продавница. едниот пар супер, ама другиот ептен горе тесен и не и влегува ногата си реков ќе им дадам рок уште некој ден, ама прекардашија. На маил еве вчера ми вратија да им дадам шанса до крајот на неделата че се средело. @Maca Macka искрено ич не ни погледнав на сметката што пишува, каква е,...претходно пишуваше дека се враќаат средства во рок од 14 дена на трансакциска сметка,...да не смениле нешто?
Зара има разлика во сметките и да не кажеш, во монитор пред нив кога ќе ја скенираат одма ќе им даде системот дека е од онлајн нарачка. Вака мене вчера ми пиша за нарачката која ми ја доставија денес. Е сега пишаа и на други порачани ист ден, ама нив ги нема Прееска курирот рече дека отварале по еден огромен пакет секој ден и носеле, не поставувале, многу имало. Од Мик мик ова. Ама и Синсеј ја зезнаа со моментот да не можат да се прават поголеми нарачки, па цепкавме, вака само еден пакет ќе добиев и ајт.
Тоа во право си во еден пакет све ке собереш немаше вака да се малтретираме.Проверив и на тракингот на мик мик не постои тој бр на пратка можно е да не им се update,нема врска битно има надеж дека ке стигне.Не мие за пратката нека не стигне ама не ми се чека толку долго нон стоп во очекување
Ист случај е и кај мене, во ист гејт направија сторно ама и јас сеуште чекам за поврат. Инаку кога ќе ја отвориш нарачката има опција поврат и ги селектираш производите што ги враќаш и ти дава да ставиш банкарска сметка. Банкарската сметка е ставена дека има 17 карактери а кај нас во Македонија се со 15 карактери. Сега разговарав со customer support и ми одговорија дека страната била правена како за други земји и затоа ваква грешка е направена со банкарската сметка. Ми рече да почекам до петок би требало да биде исправено, доколку не е да се јавам пак они ќе ја внесат сметката. Се надевам дека ќе го средат проблемов.
Добро, од кога ви се смени статусот во испратено по колку дена ја добивте нарачката? Еве од 14.11 кај мене е испратена и уште не е пристигната. Па побрзо од тему ја добив.
Вчера ми беше узпат и поминав во продавница. ми направи строно на сметка и истото го рече после сабота дека ќе биде овозможено во систем. Е сега отварам на профилот и ми стои нарачката со нарачаните производи . кога ќе кликнам поврат, тогаш не ми го дава производот што ми го сторнираа т.е. ми дава да ги селектирам останатите производи, а тој што го сторнираа го нема.
Во врска со кодот, вчера ги утепав со маилови и на крај ми пратија нов код кој функционираше. Според мене финти прават некои, различни личности пишуваат на маил, од едните добивав постојано ист одговор пробајте повторно, системот паѓа дрн дрн, а кога пратив повторен маил не replay ми вратија со нов код и извинување. Така да од мое искуство бидете упорни
Дали може да се откаже нарачката? веќе го претераа и се мислам дали и да ја примам од 1ви ноември Ми стигна дека дополнително ќе се одложи денес беше краен рок